Вмешаноста на црквата некогаш и сега

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Змии, лавови, тигри, ајкули и слично ти среќаваш во дневната или спалната соба каде обично стои телевизорот?
Колку деца си видел да си играат со ножеви и хемиски препарати?
Колку деца си видел да управуваат со автомобили, авиони и бродови, а колку деца си видел што гледат фарми, парови, велики браќа, велики сестри и сè по список?
Јас имам дома, пиштол Застава ТТ 7,62мм, карабин Застава М70 8х57, пиштол Застава М88 9мм, сачмарка Бајкал 153, и децата се играа со нив дур растеа али Исус ги пазеше и чуваше од зло и се радуваше шо научија се за оружја и како да се бранат од еретици и ги употребуваат за да ја шират речта божја меѓу паганите и неверниците
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.814
A што ако тој родител или старател не се придржува до препораката?

Замисли си ваква хипотетичка ситуација:

Викаш гости кај тебе дома, меѓу кои има и такви со мали деца, и им сервираш неколку јадења меѓу кои и јадење од рибата фугу несоодветно приготвено. Отровот од оваа риба е 1200 пати појак од цијанидот и не постои противотров.
Пред да почнат со својата вечера, ти ќе ги предупредиш луѓево за опасноста од консумирањето месо од фугу.
Но гледајќи го прекрасно аранжираното месо од фугу во чинијата и после неколку испиени чаши вино, некои од гостите и ќе подзаборават што си им рекол, други нема да го земат за озбилно предупредувањето што си им го дал, трети едноставно не ќе можат да одолеат, а да не пробат. И така, некои ќе пробат, некои ќе дадат од фугуто и на своите деца, И СИТЕ ЌЕ УМРАТ.

Кажи ми, во оваа хипотетичка ситуација, дали ти си виновен за нивната смрт или не си?

Или на суд ќе изјавиш дека родителите не се придржувале до предупредувањето што си им го дал?
Primerov ....:facepalm: Isto ko da sporeduvas prazna usloska od jajca so peralna! Vo tvojava "hipotetcka situacija" covekot svesno so umisla predizvikuva\izvrsuva krivicno delo...i da kriv e toj! Programata na TV ne izvrsuva i nemoze (barem do sea) da napravi vakvo krivicno delo. Komparacija pomegu predmeti i svesni bitija e nekako nelogicka!
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.582
Поени од реакции
9.230
Што не ти е јасно? За детето одговорен е неговиот родител или старател! Ако постои потенцијална ситуација што не е соодветна за детето, истиот треба да го спречи детето да се најде во истата. Тоа не значи да се забрани и уништи она кое за детето е несоодветно, бидејќи истото за некој друг може да биде соодветно. Единствено фундаменталистите како абдаливе од ИСИЛ може да се решат на таков чекор - да уништуваат се што според нив е несоодветно.
Значи, а ко добро те разбрав, за детето ИСКЛУЧИВО одговорен е неговиот родител или старател. Од друга страна, државата нема НИКАКВА одговорност. Сопственикот на телевизијата исто така нема НИКАКВА одговорност па може да емитува секакви будалаштини ако тоа му ја зголемува гледаноста и му донесува економска корист.

По твојата логика, тебе поприфатливо ти е на родителот кој и самиот гледа вакви идиотарии и кој не е доволно свесен за штетата што може да му ја нанесе на сопственото дете изложувајќи го на ваков примитивизам, да му се одземе детето поради негрижа и да се смести во дом или хранителско семејство, отколку да се забранат вакви изопачени и примитивни емисии да се емитуваат на телевизии со национална концесија?[DOUBLEPOST=1441915632][/DOUBLEPOST]
Primerov ....:facepalm: Isto ko da sporeduvas prazna usloska od jajca so peralna! Vo tvojava "hipotetcka situacija" covekot svesno so umisla predizvikuva\izvrsuva krivicno delo...i da kriv e toj! Programata na TV ne izvrsuva i nemoze (barem do sea) da napravi vakvo krivicno delo. Komparacija pomegu predmeti i svesni bitija e nekako nelogicka!
Дозволено е послужување на фугу риба. Нема тука кривично дело!
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.814
Змии, лавови, тигри, ајкули и слично ти среќаваш во дневната или спалната соба каде обично стои телевизорот?
Колку деца си видел да си играат со ножеви и хемиски препарати?
Колку деца си видел да управуваат со автомобили, авиони и бродови, а колку деца си видел што гледат фарми, парови, велики браќа, велики сестри и сè по список?
Zaboravi da spomnes i prikazni,edukatvni programi,(busava azbuka na pr),animal planet,cosmos, dokumentarci,sport....u komunistciko vreme nemavme internet... TV ni bese prozorec kon svetot...i toa so 2 kanali preku sila...vo crkvata osven paricka da ostavime i kako da se prekrsitime drugo i ne ne naucija.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.582
Поени од реакции
9.230
Јас имам дома, пиштол Застава ТТ 7,62мм, карабин Застава М70 8х57, пиштол Застава М88 9мм, сачмарка Бајкал 153, и децата се играа со нив дур растеа али Исус ги пазеше и чуваше од зло и се радуваше шо научија се за оружја и како да се бранат од еретици и ги употребуваат за да ја шират речта божја меѓу паганите и неверниците
А зошто не си им дал да се играат со скалпел или со жилет?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Значи, а ко добро те разбрав, за детето ИСКЛУЧИВО одговорен е неговиот родител или старател. Од друга страна, државата нема НИКАКВА одговорност. Сопственикот на телевизијата исто така нема НИКАКВА одговорност па може да емитува секакви будалаштини ако тоа му ја зголемува гледаноста и ну донесува економска корист.

По твојата логика, тебе поприфатливо ти е на родителот кој и самиот гледа вакви идиотарии и кој не е доволно свесен за штетата што може да му ја нанесе на сопственото дете изложувајќи го на ваков примитивизам, да му се одземе детето поради негрижа и да се смести во дом или хранителско семејство, отколку да се забранат вакви изопачени и примитивни емисии да се емитуваат на телевизии со национална концесија?
Па нормално дека исклучиво одговорен е родителот! Како може државата да биде виновна затоа што не забранила одредена програма, кога за истата таа програма јасно си стои дека не е за малолетна публика?! Што ако некој родител одлучи да му дозволи на своето дете да игра со ножеви и истото се повреди или се убие? Што треба во тој случај? Државата да забрани да се продаваат ножеви?
Како може да бараш да се забранува нешто само затоа што ти го сметаш за погрешно или изопачено?! Ај да ја забраниме мпц! Ете за мене нејзините лаги дека човекот се раѓа грешен се изопачени и сметам дека ќе влијаат негативно на моето дете!
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.582
Поени од реакции
9.230
Па нормално дека исклучиво одговорен е родителот! Како може државата да биде виновна затоа што не забранила одредена програма, кога за истата таа програма јасно си стои дека не е за малолетна публика?!
Не е точно!

Кога почнува Veliki Brat, има предупредување: Ovaj program nije prikladan za mladje od 12 godina!

Ѕирни го и линков подолу:

http://www.cenzolovka.rs/misljenja/sunovrat-jednog-drustva-brutalno-nasilje-i-rijaliti-u-terminu-decjeg-programa/
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е точно!

Кога почнува Veliki Brat, има предупредување: Ovaj program nije prikladan za mladje od 12 godina!

Ѕирни го и линков подолу:

http://www.cenzolovka.rs/misljenja/sunovrat-jednog-drustva-brutalno-nasilje-i-rijaliti-u-terminu-decjeg-programa/
Што не е точно?! Дали за малолетникот не е одговорен неговиот родител или старател? Дали тебе или твоето дете некој ве присилува да гледате било која програма? Дали имате само еден канал и само една програма како избор што да гледате?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Моето прво влегување во црква беше на претшколска возраст и се‘ уште го паметам.
Мики, со овој пример сите не убеди дека е добра идеја децата на 7-8 години да се носат во црква.

I rest my case.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, со овој пример сите не убеди дека е добра идеја децата на 7-8 години да се носат во црква.

I rest my case.
Ставро,
дали е логично да одговараш кога никој не те прашува, а да се прајш „на тошо„ ко‘ ќе добиеш некое тешко прашање?...[DOUBLEPOST=1441923439][/DOUBLEPOST]
Зборував за МПЦ и нивната намалена вмешаност во животот на луѓето
Јаааааа...
А вмешаноста од Телемата во животот од „просечниот„ македонец расте по геометриска прогресија...:pos:[DOUBLEPOST=1441923573][/DOUBLEPOST]
А ти си за паралелен образовен систем, па кој како се декларира во тој систем си се запишува или?
Не: јас сум „за„ образовен систем, кој не ја наметнува лагата како несоборлива вистина, односно, за образовен систем кој образува/профилира личности, односно образовен систем кој не продуцира евтина работна и потрошувачка сила, туку ликови чии животи имаат смисла и цел.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308

И како би изгледала наставна програма математика, физика или хемија и биологија во една таква верска школа? И што тоа не е вистина од тие предмети (ако изземеш постанок на живот и такви ситници) кои сега се изучуваат, каде ги гледаш грешките?
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И како би изгледала наставна програма математика, физика или хемија и биологија во една таква верска школа која според тебе учи на вистина? И што тоа не е вистина од наведениве 4 предмети (ако изземеш постанок на живот и такви ситници) кои сега се изучуваат, каде ги гледаш грешките во тие предмети?
Пак погрешно прашање поставуваш, ама ајде, еве ќе одговорам.

Прво и основно, никаде немам напишано дека верското образованите треба да содржи математика, физика и слично. За тие предмети, постои образовниот систем од државата или од приватниците.

Битно е следното: што е смислата и целта од изучувањето на природните науки? Учам за да учам? Нешто „второ„ или „трето„? Која им е целта? Очигледно е дека атеистички поставениот образовен систем е тотално промашување, оти не образува, туку безобразува: не дава никава смисла и цел на науките, философиите и уметностите, туку истите се учат колку да има што да се работи...

Верското образование само по себе е поинаку обликувано од световното и не ги третира световните, туку пред се‘ духоните вредности за и кај луѓето. Но, истото тоа образование и тоа како може да ги осмисли и световните науки, давајќи им смисла и цел, не со тоа што верата ќе воведе нови равенки и формули, туку, преку изучувањето на Светов, да го вознесе и насочи човековиот ум кон Небесата и кон Творецот.

Не така одамна, врвните умови се‘ уште веруваа, иако беа активни истражувачи на створениов Свет, не напуштајќи ја идејата за Бога Творецот.
 
значи нема да има природни науки оти се косат со библијата. Аха, ок. Веројатно една од причините зошто црквата не отвора основни верски школи.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Пак погрешно прашање поставуваш, ама ајде, еве ќе одговорам.

Прво и основно, никаде немам напишано дека верското образованите треба да содржи математика, физика и слично. За тие предмети, постои образовниот систем од државата или од приватниците.

Битно е следното: што е смислата и целта од изучувањето на природните науки? Учам за да учам? Нешто „второ„ или „трето„? Која им е целта? Очигледно е дека атеистички поставениот образовен систем е тотално промашување, оти не образува, туку безобразува: не дава никава смисла и цел на науките, философиите и уметностите, туку истите се учат колку да има што да се работи...

Верското образование само по себе е поинаку обликувано од световното и не ги третира световните, туку пред се‘ духоните вредности за и кај луѓето. Но, истото тоа образование и тоа како може да ги осмисли и световните науки, давајќи им смисла и цел, не со тоа што верата ќе воведе нови равенки и формули, туку, преку изучувањето на Светов, да го вознесе и насочи човековиот ум кон Небесата и кон Творецот.

Не така одамна, врвните умови се‘ уште веруваа, иако беа активни истражувачи на створениов Свет, не напуштајќи ја идејата за Бога Творецот.
И јас сум на истата идеја дека треба да се профилира една личност преку образованието, ама како тоа ќе се постигне бе со веронаука?

Ако не учиш географија или биологија, што ќе знаеш? Дека од ребро сме настанале и дека земјата е рамна?

Математиката се учи колку да се работи нешто? Компјутерот од кој што пишуваш од небо ни е подарен?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И како би изгледала наставна програма математика, физика или хемија и биологија во една таква верска школа? И што тоа не е вистина од тие предмети (ако изземеш постанок на живот и такви ситници) кои сега се изучуваат, каде ги гледаш грешките?
Природните науки воопшто не се косат со Библијата, оти самата Библија е основа за истите. Проблемот настанува во моментот кога модерно ориентираните науки и научници се обидуваат да „докажат„ дека нештата во Светов и самиот живот се створени „онака„, сами од себе, и на кои Бог Творецот ѓоамити не им е потребен.

Постанокот на животот и такви „ситници„ се само дел од глупоста од системот. Еве и други лаги и полувистини: на пример, историјата е скрос погрешно прикажана, оти е обликувана во Дарвин-Марсковиот безбожничко-дијалектички дух. Или, постоењето и улогата од Црквата во Светов се прикажани во негативна смисла. Или, биологијата и‘ е подредена на еволуцијата а не на здравиот разум. Или, образованието е поставен така, што ја пренагласува себичноста и индивидуалноста а не соработката и помагањето/служењето едни на други. Или, како е прикажана математиката, освен како „тешка„ работа, сведена на разно-разни пресметувања и исцртувања, на кои не им е дадена никава смисла.

Доволно, иако има уште...[DOUBLEPOST=1441957409][/DOUBLEPOST]
И јас сум на истата идеја дека треба да се профилира една личност преку образованието, ама како тоа ќе се постигне бе со веронаука?

Ако не учиш географија или биологија, што ќе знаеш? Дека од ребро сме настанале и дека земјата е рамна?

Математиката се учи колку да се работи нешто? Компјутерот од кој што пишуваш од небо ни е подарен?
Bilbo,

сам си поставуваш прашања и сам си одговараш на истите, претпоставувам, со „точни„ одговори така?...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom