A што ако тој родител или старател не се придржува до препораката?
Замисли си ваква хипотетичка ситуација:
Викаш гости кај тебе дома, меѓу кои има и такви со мали деца, и им сервираш неколку јадења меѓу кои и јадење од рибата фугу несоодветно приготвено. Отровот од оваа риба е 1200 пати појак од цијанидот и не постои противотров.
Пред да почнат со својата вечера, ти ќе ги предупредиш луѓево за опасноста од консумирањето месо од фугу.
Но гледајќи го прекрасно аранжираното месо од фугу во чинијата и после неколку испиени чаши вино, некои од гостите и ќе подзаборават што си им рекол, други нема да го земат за озбилно предупредувањето што си им го дал, трети едноставно не ќе можат да одолеат, а да не пробат. И така, некои ќе пробат, некои ќе дадат од фугуто и на своите деца, И СИТЕ ЌЕ УМРАТ.
Кажи ми, во оваа хипотетичка ситуација, дали ти си виновен за нивната смрт или не си?
Или на суд ќе изјавиш дека родителите не се придржувале до предупредувањето што си им го дал?