Дадилка - Монструм во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cappie
  • Време на започнување Време на започнување
Имам добра серија на точни претпоставки...
Закон не е претпоставка, се знае, дека снимка прибавена без судски налог не може да псолужи како доказ.
Рачунај дека видео снимка не постои, и дека бабичката е невина. Освен ако се постапи против закон и устав.
 
јебеш заева, према закон на РМ, снимка направена без судски налог не може да се користи како доказ пред суд.
Се слагаш со ова или си против правниот поредок на РМ?
Тие снимки беа одбиени врз основа на законот за следење на комуникацитте. Тоа не беа видео снимки од приватен дом туку незаконско прислушување на средства за комуникација. Мислам дека можеш да ја приметиш разликата...или не?
 
мислам дека за ова не се брифирани како треба да реагираат, па немаат одговор на middle ground се, ако се иде по претходната реторика, ќе треба да си ја газат агендата
Ако испадне дека бабичката гласала за партијата на власт, можно е и таткото да оди затвор а детето да и се даде на бабичката на посвојување
 
Закон не е претпоставка, се знае, дека снимка прибавена без судски налог не може да псолужи како доказ.
Рачунај дека видео снимка не постои, и дека бабичката е невина. Освен ако се постапи против закон и устав.
Немам проблем јас да почекам. За некоја недела ќе правиме муабет. Сеа, можете да намалите со проектирање на политичките фрустрации насекаде, или толку е тешко?
 
Тие снимки беа одбиени врз основа на законот за следење на комуникацитте. Тоа не беа видео снимки од приватен дом туку незаконско прислушување на средства за комуникација. Мислам дека можеш да ја приметиш разликата...или не?
снимка на приватрен дом направена од приватно лице со приватна опрема е приватна работа.
Снимен материјал набавен без судски налог не е валиден. Си постојат служби и ниституции кои се надлежни да со судски налог набавуваат такви докази. Се друго е предмет на приватни тужби
 
Немам проблем јас да почекам. За некоја недела ќе правиме муабет. Сеа, можете да намалите со проектирање на политичките фрустрации насекаде, или толку е тешко?
Не можат, кога ќе се избришат овие ноторни глупости ќе се префрлат на тема баскет и како грујо е виновен за поразите на кошаркарите.[DOUBLEPOST=1441901961][/DOUBLEPOST]
снимка на приватрен дом направена од приватно лице со приватна опрема е приватна работа.
Снимен материјал набавен без судски налог не е валиден. Си постојат служби и ниституции кои се надлежни да со судски налог набавуваат такви докази. Се друго е предмет на приватни тужби
Да беше толку едноставно немаше да има судови, судии, адвокати и тн. Ќе го викнеа Лет 3 и готова приказна.
Адвокатот ја фрли ракавицата, обвинителството и судот ќе одговорат. Снимката во секој случај е индиција.
оичгледно е дека барањето на адвокатот донекаде има основ и затоа денес МВР излегува со ова соопштение (изгледа како да го подучиле родителот иако не треба да се мешаат ама во овој случај секој би ги поддр=ал)
МВР: Таткото ја поставил камерата откако случајно ја видел дадилката како го удира бебето
 
Последно уредено:
Да беше толку едноставно немаше да има судови, судии, адвокати и тн. Ќе го викнеа Лет 3 и готова приказна.

Неовластено снимање
Член 152
(1)Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
 
Дали си сигурен дека сниманата не знаела за тоа? Дали си целосно запознаен со деталите од случајот? Дали снимката е единствен доказ? Дали може да служи како индиректен доказ или индиција? Можебио истражниот судија ти е пријател? Дај сподели повеќе инфо.
и на крајот која ти е поентата на ова пишување? Дека законот е глупав? Дека сторителот треба да биде веднаш ослободен?
 
Не разбираш, самото неовластено правење на снимката е кривично дело кое се казнува со затвор и(ли) парична казна, дали као доказ индиција, медитација, то е членот на законт
Не смееш да снимаш неовластено трето лице без негово одобрение
Крај
 
видео е објавено на интернет и мислам дека не може да служи како доказен материјал. ако има добар адвокат вештерката може и да се извлечи. само каде ќе се крие после од народот.
 
Се чудам како може воопшто да постојат вакви луѓе како дадилкава во случајов ... зошто воопшто се нафаќала да работи работа за која воопшто не е способна да ја работи, за да се чуваат мали деца треба да се имаат буквално коњски живци, дури и животните се многу полесни за чување отколку малите деца за кои е потребно навистина огромно внимание, трчање, грижа и максимална смиреност ... дадилкава дефинитивно паднала на испитот и треба да се прати да работи некоја друга работа на пример скротување на диви коњи, тоа ќе биде перфектно за нејзе !
 
видео е објавено на интернет и мислам дека не може да служи како доказен материјал. ако има добар адвокат вештерката може и да се извлечи. само каде ќе се крие после од народот.
ќе тужи сопственици на ИП адреси од каде се пуштени снимките и ќе се крие во Шпанија со платени трошоци на живот
 
Неовластено снимање
Член 152
(1)Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Видео снимката е снимена на приватниот имот на личноста која го извршила снимањето, а под свој покрив сопственикот има право да снима што сака и колку сака, без притоа да му треба согласност од тие кои се снимени.

Банките не бараат судска дозвола за поставување на камери во нивните експозитури и не бараат дозвола од посетителите на банката - бидејќи не сите посетители се нивни клиенти, односно резиденти, некои се дојдени само за да платат сметка или да уплатат пари на нечија трансакциска сметка, односно се нерезиденти - но сепак подлегнуваат на истите правила и услови за престој во деловниот простор на банката, вклучувајќи го и правото на банката да врши 24/7 видео надзор над деловниот простор.

Истото важи и за физичките лица, имаат право да вршат видео надзор врз својот приватен имот, без разлика кој ќе се најде под камерата, во спротивно, низ судовите би фрчеле тужби за незаконски нарушена приватност.

Во овој конкретен случај, видео надзорот е извршен во личните простории на снимателот, а не на сниманиот, а на снимателот воопшто не му е потребна дозвола или судски налог за да врши видео надзор врз сопствениот приватен имот.

Можеби ваков доказ не би бил прифатен од Јавното Обвинителство бидејќи не е издејствуван со судски налог, но на крајот на краиштата, тука не станува збор за јавен судски предмет, туку за приватен судски предмет, поради што за приватна тужба е повеќе од прифатлив доказ.

Е сега, кои партиски пулени ги познава таканаречената дадилка, е сосема друга приказна, но веродостојноста и релевантноста на доказот е повеќе од јасна и сигурна.
 
Видео снимката е снимена на приватниот имот на личноста која го извршила снимањето, а под свој покрив сопственикот има право да снима што сака и колку сака, без притоа да му треба согласност од тие кои се снимени.
Да ми посочеше член од закон кој го регулира тоа?
исто како шпто јас посочив член од закон каде тоа се забранува
Фала
 
Да ми посочеше член од закон кој го регулира тоа?
исто како шпто јас посочив член од закон каде тоа се забранува
Фала

http://24vesti.mk/advokati-snimkata-od-dadilkata-e-legalna-i-treba-da-se-uvazhi-kako-dokaz

Во овој случај снимките се направени од страна на сопственикот на домот и со тоа како што велат не се нарушува приватноста. Адвокатите посочуваат низа случаи каде токму снимки од видео камери биле уважени како докази.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom