Дадилка - Монструм во Македонија

Z

zmej gorjanin

Гостин
Оди кажи и на тетка ми што работи на клиника по 15 саати и дежура за да му овозможи млеко и пелени на братучед ми и лекови за тетин ми, дека поважна и е кариерата отколку детето... Македонија и бркање кариера, па може ли да бидете понаивни од ова?


Ебаве тоа, лесно ви е да коментирате, тато носи - мама меси, ни знаете што какви судбини има, ни ништо, комфорната зона ни на сон ненапуштена.
Абе во ред е се тоа, ама пет месеци да не приметиш дека нешто не е во ред? Па малечко бебче ќе почне да вришти само у твое присуство ако се осеќа несигурно со тебе или не му е пријатно во твоја близина, а не па после вакво тепање. Јас знам дека некогаш ситуацијата налага да некој мора да ти го чува детето, ама па сигурно и нема на било кој да го довериш, без оглед на тоа колку и е да е поскапо. На страна што и кај нас се издаваат лиценци за дадилки и негувателки, дури има и лиценцирани институции и градинки. Ако не тоа ќе прашаш пријатели кои имале добро искуство, не да ја прибереш првата што ќе се нафати, а ситуацијава таква ми делува.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Пишуваше дека им била некаква роднина. Вака од снимкава самиот изглед и е малку штракнат. Ама никогаш не можеш да знаеш додека не ставиш скриена камера.
 
W

wicked_1

Гостин
Истото прашање со бомбите на опозицијата, ама ако се наметне сега по случајот „Пуч“ ова како судска праска нема да биде убаво во многу други случаи после тоа, за било какви кривични дела, затоа треба измени во ЗКП, да има исклучоци, по слободно судиско убедување да може во одредени случаи и нелегално проибавени снимки да се користат како доказ.

Затоа што ако тргнеме стрикно правничи сега, и оваа снимка од вештеркава треба да оди на вештачење да се провери нејзината автентичност.
@Bateman различен институт носат, не е исто
Со такви измени (по судиско убедување), судијата ќе почне да добива функција на обвинител со тоа што ќе цени дали снимката (поради содржина) ќе биде прифатлива.

Мора да има конкретно прецизни одредби у ЗКП за тоа во кои случаи може нелегално прибавена снимка да се прифати како доказ.
 
Последно уредено:

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Мене најпотресен дел ми беше моментот што детето не ни плачеше. Се слушаат шамарите колку се силни, а оно не плаче. И додека го тромозеше со лулањето глас не му се слушаше.
Од толку тепање му станало нормално и не ни реагира. И е голема промена кај бебето што навистина е чудно, освен ако родителите не биле убедени дека имаат толку мирно бебе со реакции што не ги изразува.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ја само америкаснките закони ги признавам за вакви работи, имаат нај корекни закони и најферски народно кажано.

Пример ако во твојот имот го начекаш крадецот можеш слободно да му го прснеш мозокот после викаш полиција идат прават записник и го собираат лешот а тебе ништо, кај нас ако начекаш крадец во твојот имот не смееш ни да го тепаш не смееш ни да го врзеш на стол едноставно мора да го пуштиш да избега па да пријавош во полиција, имаше во битола или во друг град незнам точно пред 5-6 години на некој дома му влегол крадец овој домакинов го ватил го истепал и го врзал на стол воканл полиција и домакинов добил кривична пријава :D

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Што сакаш кога на криминалци ќе им оставиш да ги пишуваат законите.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА ДАДИЛКАТА ОСОМНИЧЕНА ЗА МАЛТРЕТИРАЊЕ НА БЕБЕ
На дадилката и се заканува казна затвор од една до десет години

Фокус
10 сеп 2015, 08:49
Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека против дадилката Т.С. осомничена за малтретирање на деветмесечно бебе од Скопје е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Од Обвинителството во текот на вчерашниот ден информираа дека по поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи – Скопје, е поведена постапка против едно лице кое се сомничи дека малтретирало девет месечно дете.

„Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување. По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години, се вели во соопштението на Обвинителството.

Вчера речиси сите портали и телевизии во Македонија објавија вознемирувачко видео за тоа како една дадилка се однесува кон бебето што веќе 5 месеци го чувала. Таткото на бебето, откако се посомневал во однесувањето на дадилката, ја поставил камерата и го снимил насилството.
__


Сите тие што јадат млака кака дека родителите се криви за ова, не ги знаете условите, не ја знаете нивната страна од приказната како и зошто биле принудени да го остават детенцето со жеништево. Лесно е да се коментира и да се соли памет од страна. Нивната страна не може и нема зошто да се „сатанизира“ иако не се познати околностите, нема ни потреба да се бараат. Идиоткињава е јасно дека е без два грама памет и дека си заслужува максимална казна.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Мене најпотресен дел ми беше моментот што детето не ни плачеше. Се слушаат шамарите колку се силни, а оно не плаче. И додека го тромозеше со лулањето глас не му се слушаше..
Дел Мар, бебето честопати при подолго плачење останува без сила па често и родители оставаат да плаче (живеат сами, обврските се големи, сменска работа) додека "не му здосади" што значи додека да се измори. Башка бебето беше малтретирано, тресено, гушено, цело беше збунето. Веројатно стручњак за бебиња повеќе знае, јас како родител гледам. Тоа малтретирање се шокови, стресови и за бебе, а секое бебе како и возрасен, различно реагира во ваква состојба. И мислам дека тоа и го спаси од полошо пошто ако не ќутеше моеше и да го угуши. Во најмала рака, како што му го притискаше главчето и рачињата, како го удираше да му направи фрактура некоја или пареза.

Не знам, за момент се ставив доколку треба да чувам нечие бебе, а не сум способен нормално да го чувам, би ги повикал родителите, би се откажал од таа работа.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Не знам, за момент се ставив доколку треба да чувам нечие бебе, а не сум способен нормално да го чувам, би ги повикал родителите, би се откажал од таа работа.
Ех, Lurtz, ти имаш совест, жеништево да имало совест немало вака да се однесува од старт. И мене прва мисла ми беше тоа, ако нема нерви за чување мало дете зошто го прави тоа, ама парите сигурно и биле слатки.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Дел Мар, бебето честопати при подолго плачење останува без сила па често и родители оставаат да плаче (живеат сами, обврските се големи, сменска работа) додека "не му здосади" што значи додека да се измори. Башка бебето беше малтретирано, тресено, гушено, цело беше збунето. Веројатно стручњак за бебиња повеќе знае, јас како родител гледам. Тоа малтретирање се шокови, стресови и за бебе, а секое бебе како и возрасен, различно реагира во ваква состојба. И мислам дека тоа и го спаси од полошо пошто ако не ќутеше моеше и да го угуши. Во најмала рака, како што му го притискаше главчето и рачињата, како го удираше да му направи фрактура некоја или пареза.

Не знам, за момент се ставив доколку треба да чувам нечие бебе, а не сум способен нормално да го чувам, би ги повикал родителите, би се откажал од таа работа.
Знам. Затоа и гласно искоментирав како од такви шокови не приметиле порано.
Не со обвинувачки тон, туку од жал зошто толку долго траело.
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
Ова не е исто ова е жена од бразил и нема веза со бебиситерство зошто јаде котек никој не знае

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Јас реков дека така треба на таа, а не ме интересира дали таа од видеото е бебиситерка :D
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Кариера во Македонија моеш да имаш ако добро пушиш кур у партија.

Не ме дупете бе со тоа кариера си гледаат,која кариера бе да му ебам мајката да рмба како црнец и мајката и таткото за мочани 15 илјади и да не може да му купи на детето лигавче од преголем број сметки и да речеме исплата на станот или нова кола.

Кариера градење во Македонија хахахаха
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Пиши ми порака во инбокс. Остави ми твоја адреса ќе дојдам кај и да си да ми го кажеш ова во лице.
So ogled na toa shto si daleku po bolen od dotichnata koja shto e na snimkata so zadovolstvo bi go storil toa, no ima eden problem ti i takvite kako tebe ste bezlichni,nemate obraz-lice.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
So ogled na toa shto si daleku po bolen od dotichnata koja shto e na snimkata so zadovolstvo bi go storil toa, no ima eden problem ti i takvite kako tebe ste bezlichni,nemate obraz-lice.
Ти си болен штом посакуваш на некого да му се случи такво нешто. Психопат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom