Ова пишувам без да го имам гледано видеото.
Дали планирате да имате дадилка/бејбистер дома или не, инвестиција која многу, МНОГУ, ќе ви се исплати е систем од камери, пар надвор за во двор/влез, и еден сет дома. По можност вториве скриени. Ем знаеш и дома што ти се случува кога не си таму, ем ако некое срање не дај боже се деси, има како да се анализира и реагира. Во вакви случаи ете, ќе знаеш со кој си имаш работа, и што се случува/случило. Да идеме и во крајности и екстреми, многу случаи кои прашање е дали би биле решени успешно, решени се благодарение на скриени камери за кои натрапникот/причинителот не бил свесен. Со тоа спречени повторно да направат некаков злостор на некое друго место. Еден вид позитива од целата ситуација.
А видеово во случајов, може да помогне кај психијатри - кога би правеле евалуција на женава што точно и е проблемот, што и фали, и дали е воопшто за во затвор, или за во ментална установа, и тоа онака изолирана од народ. Ќе заштеди време, не за друго, него ли да ја испитуваат на лице место со прашалници, стимуланти итн.
Видеото не знам дали да го гледам, лесно сум дразлив. Доволни ми се коментарите на претходните постови дека ќе реагирам исто, или може и полошо.
Мала анегдота:
Ова ми звучи како една наставничка по македонски јазик што ја имавме во прво и второ одделение. И таа изгледа не беше како што треба во главата, кога некој ќе згрешеше нешто го носеше во посебна соба и го шамараше, ама онака, шамарање крвнички, мислиш со некој колку неа се шамара. Тоа, кубење, стап, и тако даље. Кога имаше денови кога сите бевме безгрешни, наоѓаше начини да дува фрустрации преку местење дешавки или "грешки". И таков морон, две години го правеше тоа без никој да се пожали дома. И ќе останеше така, да не ме видоа еднаш бумбар фаца моите кога ме земаа за дома, и немаше што да измислам дека ми се случило. Толкав страв ни набута на цел клас таа рошавата. Се отвори испитување, па демек ја казнија, па ја суспендираа. Али пак се вратила да предава после некое време. Моите ме отпишаа од таму и се преселивме. Продолжив основно на друго место.
Плавиве ружи беа на власт тогаш. А оваа беше некоја нивна кучкетина. Чисто да спомнам, да не биде дека сереме само за сегашнава влада и дека сме полтрончиња на овие другиве. И да биде јасно дека не беше ич розово и со нив на власт. Со тоа што овие седат цврсто од 2006та наваму укажува не колку вемеро сториле за нас, него колку лоши биле другиве што мора народот помалото зло да го држи у фотеља.
Колку и да звучи следниот коментар лошо за некои од вас, базиран е врз лично искуство со болни луѓе - Среќа е се уште ептен мало детево, со тек на растење ќе заборави поголемиот дел од срањево што му се има случено. Кога вакво срање ти се дешава на 7-8-9 годишна возраст - не брат, не забораваш. Не се ни потиснува. Седи со тебе со крај живота. Ни консултации, ни терапии, ништо не помага.