Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ди Кеј,

Дневна доза „квалитетно“ подкакнување.
Луѓето што ја шеруваат оваа слика на фб, најчесто ги немаат поминато ни границите на некогашна СФРЈ + Грција (Полихроно/Неа Пори).
11947535_10154219529748378_4892006504909298742_n.jpg
 
Јас не бегам од државава, не се секирајте :icon_mrgr:
Барем засега не ми е во план, мада којзнае што ќе донесе иднината :icon_mrgr:

Осми септември не е само денот кога нашата држава се осамостоила (колку и да било тоа добар потег), туку и денот кога е родена мајка ми. Денеска наполни 62 години и официјално стана пензионер :icon_mrgr: И викам сега ќе се возиш во петоци во автобус, ќе одиме на скијање во зима, ќе те носам на бања... :icon_mrgr: Се паднавме од смеење, колку е само поразлично од бабетинине, доказ дека Скопјани во 70-тите терале модерен тренд и ги изгубиле карактеристиките што ги поседувале нивните родители, доселени од сите страни. Фала му на господ што немам некои стереотипни родители, напротив двајцата се со дух на млади, некогаш помлади и од мене :LOL: Дали конечно со смената на генерациите ќе се изгуби бабетинската кавга меѓу снаата и свекрвата или одново ќе изникнат некои проблеми предизвикани од генерациските разлики и времето во кое растеле?
Ќе биде интересно да се види во иднина...

Татковината не е политичката ситуација во нејзе, ниту оние кои ја водат државата (за жал, оние кои ние сме ги одбрале). Македонците сами се виновни што сме на вакво дереџе дојдени, колку што се криви политичарите, дупло покриви се оние кои бегаат од државава, 10-кратно покриви се оние кои останале овде и сеуште ги гласаат истите луѓе, не обидувајќи се да сменат нешто.
Со Македонија ме врзува прекрасното детство, заглавување по болници поради проблеми со здравјето до 5-6 години, воскреснување на 6 годишна возраст, првите пријателства стекнати во забавиште, плачењето кога тргнав во прво одделение облечен во сина кецела, наставничките од Димитар Миладинов, првите детски љубави, фудбалот што го игравме на одмори, статистиката која ја водев за натпреварите, ескурзиите во Сарај и Чичино село, посетите на метеоролошката станица, Жито Лукс и железничката станица, тепачките против други одделенија, бесконечните жмурки што ги игравме во маало, седењето до 8 сабајле во лето, играњето фудбал 24/7, влегување во тинејџерските години, првата женска, првите искачања, првите мобилни што ги имавме и титките што си ги праќаве, првите пораки од типот "ова се 7 риби, ако не ги препратиш на 7 луѓе, ќе те следи 7 години несреќа", првите бегања од часови, уписот во средно итн.
Средното и факултетот си носат сосема други спомени, добри и лоши, но сите врзани со луѓето од ова парче земја. Ние сме тие кои ја формираме оваа држава, а не скапаните политичари.
Од татко ми и дедо ми сум добил одредени патриотски чувства, приказните од дедо ми за двогледот на Џемо Балистот убиен од неговата единица, приказните од татко ми за сите синдикални штрајкови кои ги имаше водено, приказните од баба ми за годините кога бегале од фашистите, приказните на дедо ми кој од Дебарско ја преселил цела фамилија во Скопје носејќи ги работите со запрежна кола и со магариња. Сам изградил куќа со цигли направени од кал. Баба ми исчувала 5 деца, во куќата изградена од дедо ми, секојдневно работејќи на огромната нива во дворот. Во такви услови на живеење, мајка ми успеала да стане хемиски инжењер, и заедно со татко ми да работат во таа индустрија.
Македонија има еден куп природни убавини, кои за жал со времето не сме успеале баш најдобро да ги одржиме. Кога ќе помислите на Македонија сетете се на езерата, сетете се на планините, па дури и да се работи за искачувањата до крстот на Водно, патот до Матка, одењето на скијање на Шапка, Маврово, мирисот на расипано јајце од бањите, бистрите води на реките, мраз водата од Радика, Вардар во кој некогаш луѓето се бањале преку лето...
Сетете се на селата и градовите во изумирање во кои некогаш живееле еден куп луѓе кои кријат најразни приказни во себе.

Една држава најмногу се афимира преку спортските успеси. Може во најпопуларниот спорт сме дрва, но во другите имаме со што да се пофалиме од време на време. Каква еуфорија имаше во минатото кога играше фудбалската репрезентација, а на какво ниво паднавме сега. Денес гостува Шпанија, но на никого не му е ни гајле што доаѓа таква велесила, освен на фановите на Шпанските клубови. Тоа се моментите што секое дете ќе ги памети, никогаш не сме биле добри во фудбал, но се надевавме на подобро, од време на време ќе изненадевме некоја репрезентација, бевме тврд орев за оние од среден ранг, а послабите лесно ги добивавме. И тоа успеавме да го растуриме. Кога тогаш ќе ја растуриме и кошарката и ракометот, едноставно така сме научени. Некогаш женскиот ракомет ја размрда тукашната спортска јавност. Се почна во 1997 година кога Македонија го совлада тогашниот Европски првак, Данска. Кога и баба ми почна да навива со цела сила се е кажано. Даде ли гол Кисељак (Кисељева)? Кисељева со насмевката која секогаш беше на нејзиното лице. Ја утепале на паркетот, она непрекинато се смее. Судиите кои секогаш беа против нас, меѓутоа и покрај тоа успеавме по две продолженија да го добиеме мечот со Романија за кој немаше слика на телевизија, туку само аудио пренос. Годините на Кометал и покорувањето на Европа ни оставаат надеж дека и РК и ЖРК Вардар ќе го направат истото за извесно време. Дебито во кошарка во 1999 година, кога бевме рамноправен противник на домаќинот Франција, се држевме со Југославија до повредата на Пеце и несреќно загубивме од Израел во последната секунда со кошот на Одет Каташ кој незаслужено не испрати дома по првата фаза. Четвртото место во Литванија, успех благодарение на кој конечно поголем дел од нацијата се почувствува горда што е иста националност како и играчите. Еуфоријата од ракометните првенства во Хрватска и Србија кога нашата армија од навивачи беше бум за целата светска јавност. Меч со домаќинот Србија во кој ечеше само Македонска песна од трибините. Првиот и единствен медал од олимпијадата кога Могамед Ибрагимов освои бронза во борење под свршувачките извици на нашиот коментатор Калински. Индивидуалците од светска класа како Панчев, Лазаров, Пандев...

Периодот на војната и последиците од истата. Животот во страв во одредени градови од Македонија, етничко чистење во еден куп Тетовски, Скопски и Кумановски села, иселеници кои никогаш не се вратија во своите домови, трауми кај војниците кои доведоа до огромни психички проблеми кај нив во иднина, деца кои останаа без татковци, татковци и мајки кои останаа без децата, Македонија која остана без 150-тина жители, и договор кој значеше крај на Македонија каква што дотогаш ја познававме.

Еден мој другар често знае да каже дека нема за кој дел од минатото да се фатиме и да речеме дека сме горди што сме Македонци :icon_mrgr: Можеби, ама ако продолжиме да се однесуваме вака не само што нема да им оставиме ништо на нашите деца со кое што ќе може да се гордеат, туку многу веројатно дека нема ни да се сеќаваат на Македонија, раселени низ светот, претопени во други народи, без парче земја на која ќе може барем да се вратат во староста :icon_mrgr:

Пички како нас не заслужуваат држава (да и јас се вбројувам во нив, не пробувам да се дистанцирам):kuracc:


Нека ни е честит празникот :cujte:
 
Den na nezavisnosta a nitu edno makedonsko zname nevidov, brakava milion orli kacat na denot na azbukata ili so i da slavat.

Neka e vecna :)
 
Вечер ќе биди муабетот: „битно е да се учествува, не мора да се победи“, пресилни беа противниците, но искуството да се игра со нив е непроценливо.......и бла бла муабети за вадење на фудбалерите македонски, ако може да се наречат воопшто фудбалери.
 
Драга Кајгана,
Почнува да мириса на есен. Времево почнува да заладува, има некоја острина во воздухот. Ај ако не друго, бар зимници ќе правиме:)
 
Драга

Си порачав 130 пирсеви.
Се надевам дека барем 3 ќе се погодат <3
Овие овде продаваат еден пирс за ~100 франци. ЕДЕН!
Изглеа ангели од небото се симнуваат и го прават тој еден пирс. Сфашта.
 
Кеј,

8ма минута примивме гол ехеее до каде е 90та мината



ДРВААААААААААААААААААААААА
ДРВААААААААААААААААААААААА

Срамота за џабе ги јадете парите што ги зимате.
 
Како утепано ми почна денов што дури и не очекував дека ќе заврши вака прекрасно на самиот крај.
Деновиве сум опкружен со добра музика што расположението ми е дигнато до даска, а бога ми и нешто друго.
По конечно долго време сфатив некои работи. Сум бил слепец, трудејќи се цело време да бидам нешто што не сум. Што сум трошел време на такви небитни работи. Глуп, глуп, глуп. Посакувам кога повеќе не можам да го вратам времето наназад бар да ги заборавам побрзо. Нека идат. Нека идат само подалеку од мене. :)

Честит празник и се надевам еден ден знамето како во потписот мој ќе биде гордо веено и на овој ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom