Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
здраво
сакам да ве прашам колку сати работи една келнерка ??
 
По 12 часа на ден минимум но имаш одмори.
 
Просекот е 10 саат дневно, но тој се добива со тоа што некои денови работиш појадок, ручек, вечера, а некои денови имаш појадок офф, или ручек офф.
 
Moze li nekoj da spodeli kako e da se raboti kako ass waiter na NCL i kolku pari zima
 
Дали е потребно предходно работно искуство во казино за позицијата casino cashier ??
Сакам да аплицирам за оваа позиција но немам искуство од работа во казино.
 
Здраво на сите. Имам две годишно искуство во Royal caribbean како assistant waitress (кои веќе одреден период не вработуваат Македонци). Дали некој знае до кога ќе трае забраната?
Која компанија е најдобро платена и со најдобри услови за работа за assistant waitress?(барем кажете ми дали во други компании се користат trolleys).
Дали мора да се оди преку нашите агенции или може да се аплицира онлајн и после да се оди директно на интервју?(во Коузон замараат со непотребни тренинзи... не знам како е со Мајоми).
 
Да го споделам моето искуство со двете најголеми агенции за посредување за работа на брод
Отидов во Коузон,прво што направија ми земааа 500 ден за пријава и некое си предавање од дечкото по име Атанас,кое наликуваше повеќе на курчење и фалење како тоа тој бил прошетал виделдобив 10тина пораки од нив,дека морам да поминам некаква си обука,која ја платив нешто повеке од 100 евра,обуката се состоеше во материјал ископиран со инструкции за Housekeeping,иако имав работно интернационално искуство како Хаускепер ми рекоа дека МОРАЛО да поминам тренининг или со други зборови,мора да им ги дадам парите,интересно е кога плакаш за таа обука потпишуваш дека се согласуваш дека коузон нема никаква обврска да ти обезбеди интервју за работа на брод.Помина обуката,ми понудија интервју за на една компанија ( како што им нудеа на сите други затоа што речиси само тоа го имаа да понудат.Дојде интервјуто го поминав,но пред тоа ми побараа околу 50 евра за превод на документи(требаше да се преведе само документот - уверение за неосодуваност),50 евра за превод на еден документ !!!Откако помина интервјуто ни кажааа дека ке треба дополнително практично интервју некаде во текот на летото,во мегувреме истата компанија имаше ново интервју и кога ги контактирав ми рекоа дека сега само собираат кандидати за да имаат повеке за на второто интервју,и после завршувањето на тоа интервју имаше дечки што лично ги познавам заминаа на брод,а ние што го поминавме ова првото не извисија и излажаа дека ке треба второ.После некое време отидов да прашам што ке се случи господинот зоки и никој од неговите вработени незнаеше дека сум поминал интервју.....По некое време добив е-маил дека ако не научам барем уште еден свеетски јазик да се збогувам од помислата за одење на брод,имаше интервју за една компанија ,ми викаат мораш да знаеш германски плус,отидов во Мајоми,никој не спомна ни германски и турски и тунгузиски ,за период од 4 месеци ми организраа 3 интервјуа,од кое поминав на две и чекам датум....а им платив само 3 000 ден,а коузон....Не ми е целта да рекламирам некого,само решив да го споделам моето искуство,аплицирав во мај 2014,еве сега е септември 2015...
 
Ај со среќа Рејнор. И моето искуство беше слично со таа рзлика што на Коузон им дадов само 500 денари. Можеби затоа што од поприлично одамна се знам со еден од нивните вработени кој беше член на форумов. Откако ја обелоденив мојата приказна со нив типот ми направи анфренд на фејсбук и си го избриша профилот на форумов.

Не заборавај да пишеш откако ќе се качиш на брод ;) Биди како мене и Казански :)

И да не заборавам да пишам дека за 5 (пет) дена се враќам назад во Македонија. Ја завршувам мојата кариера како бродски фотограф за Имиџ. Опширен пост коа ќе се приберам дома и одморам :)
 
Moze li nekoj da spodeli kako e da se raboti kako ass waiter na NCL i kolku pari zima
прееска прашав Ass.Waiter, основната плата е 1100, се стига и до 1600 зависи во кој ресторан ќе бидеш стациониран. Цело време има ротација.[DOUBLEPOST=1441915124][/DOUBLEPOST]
Здраво на сите. Имам две годишно искуство во Royal caribbean како assistant waitress (кои веќе одреден период не вработуваат Македонци). Дали некој знае до кога ќе трае забраната?
Која компанија е најдобро платена и со најдобри услови за работа за assistant waitress?(барем кажете ми дали во други компании се користат trolleys).
Дали мора да се оди преку нашите агенции или може да се аплицира онлајн и после да се оди директно на интервју?(во Коузон замараат со непотребни тренинзи... не знам како е со Мајоми).
Отиди во Мајоми, нема да чекаш многу за Asst.Waiter. Мислам дека мораш да пројдеш низ нашиве агенции за вработување прво.
 
Поминав на интервју за NCL, па сега бараат од мене да направам прво медикал а после други работи... Малку ми е чудно, нели прво треба да се добие -letter of employment-, па виза, а после медикал на крај, пред да се придружиш на бродот ????
И дали некој знае колку кошта медикал за NCL?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom