Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно, да видиме дали влегуваат сериозно или ко со газот колку за јачање на рејтинг на Путин.

Јас сеуште тврдам дека зад оваа карикатура таканаречена ИСИЛ стојат Израел и Турција. Ако е тоа така, тогаш Путин решил да им врати на евреиве, најверојатно заради ова што му го прават со санкцииве од запад.

Исто така како причина може да е и фактот дека ИСИЛ е истоштена, а саудискиве принцови водат скриена војна за власт, па сега има ситуација во која може Сирија и Иран да се допрат т.е. да имаат граница, со што Русија би имала огромна територија која би била пријателски настроена кон неа.

И врапчињата тоа го знаат дека Израел и Турција стојат позади ИСИЛ, но под контрола на САД тоа се знае. Иначе израелците и турците треба да одговараат за меѓународен тероризам..
 
„...Што значи тоа, пластично ми објасни Ален Жулс, француски новинар и истражувач на средновековната историја, доскорешен предавач на Сорбона, преку неговата студија за „гревовите“ на Башар ал Асад поради кои САД и ЕУ организираа војна со Сирија, ја измислија ИСИЛ, ја окупираа Европа, го запалија Блискиот Исток, создадоа бегалска криза и направија воена коалиција. Еве ги таксативно: од 2000-та до пред четири години без парите на ММФ и Светска банка тој: 1. Изгради и обнови 10.000 џамии и 500 цркви. 2. Изгради и обнови 8.000 училишта, 2.000 научни институти и 40 универзитети. 3. Изгради 600.000 стана и домови за млади. 4. Подигна и модернизираше 6.000 болници и клиники. 5. Оформи 5 импресивни меѓународни индустриски зони. 6. Отвори 60 меѓународни банки. 7. Пет телекомуникациски оператори (интернетски услуги). 8. Издаде лиценци за 20 независни дневни весници и списанија и 5 сателитски ТВ-станици...

Мирка Велиновска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9415726198&id=13&prilog=0&setIzdanie=
 
Демек Германија и Холандија ќе напуштат Америка и ќе му се придружат на Русија ако видат како се русите јаки?
Pусите беа во Авганистан против сличен неприател и покажаа колку е немоќна современа армија во битка против фанатици, мал си не памтиш во Иранско Ирачка војска фанатични Иранци јуришаа преку мински полиња и биваа разнесувани за да му овозможат на тие зад нив да поминат

географската положба е сосема различна од афганистан, не можеш да ја споредиш сирија со афганистан. Афганистан е поголем дел непреодни и непрегледни карпести предели кај што е лесно да се постави заседа на војска или пак да се собори хеликоптер, авион.

Русите ако влезат со копнени сили ќе освојуваат територија со леснотија, имаат поддршка од воздух, ориентација, единствено би биле проблем поголемите населени места но кога би ги вржале во обрач кога тогаш би излегле како глувци фса, исис со бели знамиња.
 
Последно уредено:
И официјално - Русија влегува во Сирија на голема врата.

Владата на САД малку панично изреагира
U.S. asks Greece to deny Russian flights to Syria

И грците уште се мислат...

Моментална ситуација во Сирија:

2000px-syria15.png
 
Последно уредено:
И врапчињата тоа го знаат дека Израел и Турција стојат позади ИСИЛ, но под контрола на САД тоа се знае. Иначе израелците и турците треба да одговараат за меѓународен тероризам..
^^
Конечно некој да прокоментира дека ИСИС е амерички прокси инструмент.

Единствено заборави да ги наброиш и вахабистичките арапски кралства (Катар, Саудиска Арабија). Тие се главните финансиери на ИСИС, пошто мора да падне Сирија за катарски гасовод да помине накај Европа. Така вахаби Арабите ќе лапаат профити, а Америте ќе си ја спроведат стратегијата за отргнување на ЕУ од зависноста за руски гас. Или барем така планираат.

Ќе видиме, во секој случај со директна руска инволвираност работите стануваат поинтересни - тие барем нема да водат кобајаги војна со ИСИС, како Америте и нивните вазали (додека во исто време ги финансираат, вооружуваат и обучуваат идните борци на ИСИС, кобајаги „умерените“ бунтовници).
 
Сириската криза е второ полувреме на украинската. Една без друга немаат значење ни успех. ако се пресечи дотокот на гас преку Украина од Русија, мора да се обезбеди алтернатива,нормално од другата страна:америчко -арапска.

Има некој интерес Русија штом има таму база, мислам дека се работи за единствената што излегува на Средоземно Море
 
И официјално - Русија влегува во Сирија на голема врата.

Владата на САД малку панично изреагира
U.S. asks Greece to deny Russian flights to Syria

И грците уште се мислат...

Моментална ситуација во Сирија:

2000px-syria15.png


Британски телеграф, медиумот кој го обивни Путин за падот на авионот во Украина.
Патетика.


Прво насловот колку е мизерен.

Vladimir Putin confirms Russian military involvement in Syria's civil war


Сириската криза веќе трае 2 години, инструктори, оружје, хуманитарна помош. Јавна тајна е дека Русија ја помага Сирија со сите средства. Но директно во борбата против ИСИС нема Руски трупи.

Друг дел.
• Russia 'is building military base in Syria'

Русија не гради туку ја модернизира постојната база во Сирија.


Али во ред, мора да се продава нешто па секакви наслови ќе напишат. Ме чудат што нема некоја вест за тоа како тоа Путин е виновен за бегалскава криза.





И да. Авганистан и Сирија. Нема никаква споредба. Во Сирија буквално не се знае кој јаде и кој пие.
 
ДЕВОЈКА ОД СИРИЈА ВО СРБИЈА ОТКРИ КОЈ СЕ ТЕРОРИСТИТЕ ПОМЕЃУ МИГРАНТИТЕ, ДЕВОЈКАТА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ
На протестот кој во неделата во Белград го организираше Српското народно движење,,НАШИ“ и ,,Србски Образ“, зборуваше државјанката на Сирија Рима Дариоус.
Прочитано: 3857 пати, Балкан, 08.09.2015, Вторник, 09:08, Владимир И.
vnatresna_9187.jpeg

Таа пред собраните граѓани отворено зборува за состојбата во Сирија, бранот на мигрантите и односот на Запад кон тој проблем.

Говорот на Рима Дариоус го пренесуваме во целост:

„Драги пријатели, овде сум денес пред вас како горд државјанин на Сирија. за да Ви ја презентирам состојбата во мојата земја.Некогаш бевме народ каде што луѓето се сакаа меѓусебно и се почитуваа. пред оваа војна наш најголем проблем беше Палестина.

Сакавме да ги решиме малите проблеми во однос на она што го имаме денес, проблемот со бирократијата и корупцијата во некои државни сектори. Не знаевме за неправда, тероризам ниту криминал. Напорно работевме последните 10 години, пред оваа војна, и направивме големи чекори. Најважното е што немавме Сиријци како бегалци.

Имавме силен национален идентитет. Тоа што треба да го знаете Вие, е дека лицата кои можете да ги видете денес на улиците, на границите, на патиштата кон Германија или Холандија, не се прави Сиријци. Не сакам да ме разберете погрешно, јас го сакам мојот народ, но моите луѓе се оние кои се борат за нашата татковина.

Точно дека на мигрантите, бегалците, им е тешко, но на кој не му е тешко и кој не страдал во текот на оваа војна. Поради што остатокот во Сирија останува во земјата и продолжува да се бори? Ако тие се вистински бегалци тие ќе одбраа да одат во првото најблиско сигурно место, а не да се тепаат со унгарската полиција, затоа што сакаат да стигнат во Германија.
Дозволете ми да поставам прашање: Дали западот ги сака или не бегалците, или не сакаат да умираат по морињата? Зошто тогаш не ги стопираат своите санкции против сирискиот народ? Нивните санкции Сирија ја чинеа 143 милијарди долари!

Зошто Запад не им помогне на Сиријците да останат, зошто не и дадат подршка на сириската војска да се ослободи од терористите, и Сирија повторно да биде сигурно место? Зошто не помогнат да се обноват уништените куќи со парите кои ги трошат на мигрантите ? Тие сакаат да ја уништат Сирија и сирискиот народ. Тие ги земаат докторите и најдобрите студенти што ќе предизвика одлив на мозоци од една страна, а од друга страна мултинационалните компании посакуваат ефтина работна сила за да ја намалат платата кај луѓето.

Нашиот народ изгуби преку 100.000 војници во борбата против екстремистите, до сега не слушнавме дека Западот плаче по нив, за оние кои ги положија своите души во одбрана на нацијата оставајќи ги зад себе горди семејства, е тие заслужуваат помош. Додека од друга страна западните медиуми ги сожалуваат само оние кои загинуваат во обидот да избегаат и да ја напуштат земјата, меѓу кои се и џихадисти кои имаат пари да платат повеќе илјади евра за таков пат.

Дозволите ми да Ви кажам дека парите што ќе ги плати едно семејство од пет члена , за да дојде во Европа се доволни да купат куќа во Сирија и тоа во заштитената зона каде што нема војна, да започнат нова работа и да живеат во добар животен стандард. Тие не се бегалци туку мигранти со економски мотиви пред се. После 5 години војна нашата морнарица сеуште ги исполнува своите меѓународни обврски. Нашето крајбрежје е доброчувано , одтаму ниту еден мигрантски брод не тргнува за Европа.

Уште еден тренд овие денови е дека во Европа се прифаќаат христијаните од Сирија. Тоа претставува празнење на првите христијански земји од христијаните… Запад го напаѓа нашиот идентитет, нашето единство и суверенитет.

Ние со овие простори сме повеќе од поврзани, истите албански терористи од Косово, денес убиваат цивили во Сирија а тоа им го дозволуваат корумпираните политичари од САД и нивните сојузници во ЕУ.

Драги пријатели се што барам од вас е да стоите позади нас, бидејќи ние сме народ кој се брани и си ја сака својата држава.
http://think.mk/pregled/devojka-od-...megju-migrantite-devojkata-go-obikoli-svetot#
 
А дан ги гледаат руските бази случајно(ама да не се сетат власите)
 
Сега останува уште ИСИС да „зароби“ западна авијација, како што им го „заробија“ целото западно оружје што го користат - со се Апачи хеликоптери и Хамви џипови... И да се затвори кругот со „спонтани“ ИСИС напади врз руската база. :cautious:
 
Може ли некој да ми објасни што се Курдите ? со кого се,против кого се ? како што знам се муслимани,но гледам жестоко се напаѓаат со Турците...знам дека се неколку милиона во Турција и дека бараат нивна држава во Турција или поголема автономност...?
 
Може ли некој да ми објасни што се Курдите ? со кого се,против кого се ? како што знам се муслимани,но гледам жестоко се напаѓаат со Турците...знам дека се неколку милиона во Турција и дека бараат нивна држава во Турција или поголема автономност...?
Тоа е народ без држава, ги има во југоисточна Турција, Сирија, Ирак.... повеќе земји.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom