Еве фотка од внатрешната единица, може да се види кој модел е и сигурно има грејач на тацна против замрзнување. Помнам дека монтерот рече дека чекаат нови клими којшто се на царина. Дали тие се со грејачи или не незнам, но може едноставно да се дознае со прашување или на крајот на краиштата доколку се гледа грејачот преку кутијата и визуелно да се потврди истото. И јас го делам истото мислење со "macci" дека не би било нормално во новите пратки да се разликуваат моделите кога се работи за грејачите, доколку се стандардна понуда за Ломото.





