- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Додека овде седиме и разговараме, низ цела Македонија се случува безмилосно уништување на шумите од страна на дрвната мафија во спрега со властите за поделба на милионски заработувачки. Се работи за организирана индустриска кражба. Се чини овој криминален бизнис е најпогоден за предизборно полнење на партиската каса. Во мојот град Прилеп јавна тајна е дека за ромите од Тризла дрвокражбата е дозволена како отплата за гласањето во минатите избори. Но сегашниот масакр на шумите накај вештачкото езеро е над секој разум. Со моторни возила лади или пезетки нон стоп ден и ноќ само се носат украдени дрва наочиглед на цел град. Доволно е пола сат да се застане на асфалтниот пат и да се видат барем 2-3 лади како лудачки возат надолу со дрва нагоре празни. Организирани се со распоредени мотори, коли и џипови за безбедно надгледување на преносот на украдените дрва по патот. Згора на се, дрвокрадците стануваат се побезобразни и подрски и се однесуваат заканувачки за обичните граѓани и по патот уште повеќе поблиску до местата каде шумата се сечи. Зарем и ние прилепчани во својот простор ќе треба да се пазиме каде да одиме. Ја нема таа власт или криминалец што ова ќе им го дозволам. Граѓаните се чудат, вртат глави и велат: „има ли овде држава, има ли овде некој нешто да мисли или се отиде у пичку материн“. Цел град знае и се чуди како може пред очи да се гледа криминал, и сите институции да молчат.
Ги поминав сите институции од сектор за животна средина, инспектор за шумарство водостопанство, директор на македонски шуми, командир на шумска полиција, командир на МВР и јавен обвинител. Сите до еден велат дека ЗНААТ. Но зошто не го спречуваат? Впрочем не може да речат дека не знаат, сведоци се илјадници граѓани. Дополнително ќе разговараме со засегнати граѓански здруженија за организирано притискање на институциите и властите. Но сите граѓани мора да вршат притисок. Ако сте во можност, фотографирајте, пријавувајте, јавувајте се на телефонот за анонимна пријава на криминал. Бунете се низ чаршија и пред одговорните - незаинтересираните.
Низ разговорите со луѓето, дознав дека во овој дел кај Прилеп тоа е видливо, но дека истото се случува насекаде низ Македонија. Секој за свој дел каде имал куќа, викендица вели не знаеш што се случува, таму..., онаму.... Се сече и кради безмилосно.
Началник на Шумската Полиција во МК е Албанец и се чини баш му е гајле и цела Македонија да стане пустина.
Директорот на Македонски Шуми Ж. Караџоски си прави двоен ќар. Законски исечените количини да се продадат поскапо во странство, за да може бизнисот на црно да направи уште поголеми заработувачки да ги задоволи внатрешните потреби за дрва. И законот кој некој го смислил го правел за процут на криминалот. За секој кубик мора да се плати данок од 900 денари што е добредојдено никој да не може самостојно да се снабдува со дрва, се да оди преку Македонски Шуми или уште подобро на црно.
Ако има овде членови на ВМРО-ДПМНЕ и ако ја сакаат својата земја, ако се сметаат и нарекуваат за патриоти, внатре во партијата силно да се спротивстват на овој криминал. Не само поради уништувањето на шумите, туку затоа што ако не биде спречен видлив криминал, криминалците стануваат толку самоуверени во тој или други криминали кои ќе ги превземат што после нема да имаме моќ ништо да сториме. Имате жени и деца. Мислете малку да ја заштитите нивната иднина.
Кои се свесни граѓани да негодуваат и да сторат што е во нивна моќ. Шумите се од национален интерес и неопходни за биолошкиот опстој на населението, животните, водите, земјоделството. Без шумите земјата се пустинизира.
На новинарско прашање „дали ќе ги лови само малите криминалци или и големите“ Груевски рече: „мали големи кој ќе го фатиме ќе одговара“. Еве видлив криминал кој работи со години, а сега работи со полна снага и никој не го спречува, никој не одговара.