Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Секако, секој кој што ќе се намириса дека има пари.
А зошто да не е можно? Комунизмот покажа дека се можни вакви идеи.
Е, ова не е ништо, какви идеи имаат ком. владетеки само треба некој јак комунист да избереме. Како Мао во Кина пример само и проектот за требење на сите врапци за да има доволно жито да се прехрани народот. Верувам познато ти е ова..

Ова е една од најпознатите приказни во историјата. Исходот од истата е намален нето принос на житарките, појава на глад, смрт на 15 000 000 (официјална бројка) - 80 000 000(либерални процени) луѓе, увоз на врапци од Советскиот Сојуз и канибализам. Не е кампањава единствена причина за исходот, ама не сум сретнал некој да го исклучи значењето на истата. И самиот чика Мао си ја "признава" грешката и ги трга врапците од планот "Четири Штетници". Мислам дека беа заменети со лебарки.

Него да ти поставам едно лично прашање. Овие глупостиве шо ги тресеш, на сон ти идат или одвојуваш дел од денот за да ги измислиш?[DOUBLEPOST=1440604160][/DOUBLEPOST]
Сериозен си? За прстот на чело?:)
Земјоделци може да си увеземе од оние на грчка граница.:D
Нејќет тие. Сабајле го ребреа едно "другарче", волонтер. Кога им кажа за што пари работи го викнаа со нив да оди, да не се мачи сиротиот.:D
 
Јас имам долг 2 сметки за струја 1 за кабловска, мобилниот ми е платен, се на се 4000 денари, то е мојот куп. За стиропорни бароци, ламарини премачкани со бронзена боја, мерцедеси од 700.00 евра, кравати од 5000 евра, кинески имитации на мермер, плажи покрај вардар, рингишпили и 250.000 евра вредни врби во вардар - друг ќе си барате, кој ставил потпис на тоа да се фрлат можеби сега и скоро милијарда евра. Ја моите 4000 денари ќе си ги платам, тој шо потпишал за 60 милијарди денари - тој нек си ги плаќа
хммм, 4000 денари ??? а бе ти Let 3 според коефициентот узгон/тежина си бетер од грција заглавен....треба кредит за репрограмирање од ММФ да договараш...:sneaky:
 
хммм, 4000 денари ??? а бе ти Let 3 според коефициентот узгон/тежина си бетер од грција заглавен....треба кредит за репрограмирање од ММФ да договараш...:sneaky:
Јас сум добо ситуиран господин
 
Јас сум добо ситуиран господин
хее, мислам дека и ти си доволно стар и со доволно насобрано искуство за да знаеш дека се е илузија, па дури и добрата госпотствена ситуираност... :)
 
Кога само би било можно ова....

(инаку сто посто сигурен сум дека тука секако мислиш исто така и на азното на Груевски и Мијалков, што се трупа по Белизе, Кипар и слични места.)

И Ѕинго стај го оти има над 150 милиони евра најмалку!
 
И Ѕинго стај го оти има над 150 милиони евра најмалку!
само толку..??? треба да му се наплати и казна за нерационално работење и расипништво.., па пиљар од Зелено Пазарче со се тоа што тој покраде плус цел град сосе народ у него ќе направеше милијарда...барем...:facepalm:
 
само толку..??? треба да му се наплати и казна за нерационално работење и расипништво.., па пиљар од Зелено Пазарче со се тоа што тој покраде плус цел град сосе народ у него ќе направеше милијарда...барем...:facepalm:

Заборавив да го пресметам цело Кратово:oops:
 
Има посебна тема за македноските олигарси, држете се до оваа.
 
Секако... народ секогаш ги избира најголемите домаќини , инстинктивно се брани од растурикуќи и трошаџии со широка рака...;)
А бе то ни е нашио менталитет бе дома има ЛЦД од 42 инчи а куќата му е немалтерисана
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom