concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
...не би должел многу во однос на земјоделието, сточарството и енергетиката. Сосема е во ред. Но за успешна реализација на сите нив треба прво и основно : земјоделци,сточари и енергетичари.., парите не се проблем никогаш, посебно па не денес кога ги има до ниво на четврти спрат , под услов ако ги имаш спомнативе.....Само енергетика, земјоделие и сточарство.
Фабриките изгубија континуитет руинирани се испокрадени презадолжени и тоа малце шо беше талентирано и стручно или остаре до пензија или замина на запад, туку парите да ги вложиме во тие 3 сегмети, се друго - ако дај госпот, со до сегашни 500 милиони евра дадени за стиропор и лим, се правеа уше 2 хидроцентрали како козјак и со кусурот да се испресеца македонија со канали за довод и одвод, да се отворат бунари и подземни извори ни суша ни поплава да не ни влијае, ако неќе европа, ќе сака русија ако неќе русија ќе сака блискиот исток кина балкан... ем ефтино ние ќе јадеме ем поефтина струја ќе имаме ем и некој динар ќе заработиме од тоа. Погони за основна преработка на овошје и зеленчук, ништо комплицирано, и на големо шлепери и композиции носи и разнесувај, никој не рекол, фала неќиме да јадиме, а за струја апетити се појќе ќе растат во регионот, па и ветерници за струја.... енергија и храна, ТВ пред тебе чипсот до тебе - симбол на иднината
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
..не малите народи Lurtz само оние мали кои истовремено се и глупави, само тие... а за земјоделието, кажав малку погоре, а тоа пак може да се нагласи и за другите столбови, долини и сл. од тебе спомнати ...гледаш како ти текна. Сепак мислам дека тоа е судбина на сите мали или колонијализирани народи.
ти тама мислиш. Колку пари дадов и колку мајстори сменив додека не ми дијагностицираа зошто колата гаси и сецка. Те ова ти е, те она ќе смениш.... А и терапевти има. Проблемот е што дел од тие стручњаци веројатно не се нафаќаат да влезат во матни води на политика. За вториот проблем сигурно не треба да си стручен да видиш дека сеуште безобразно се троши на она што го споменав и сеуште се вработуваат лица во буџетските фирми. Колку треба да си стручен за да кажеш стоп макар за тие вработувања?
Каде е тука во приказната другар руралниот развој, враќање на населението, каде е Вардарска Долина итн?
Не знам јас што треба во политиката кај банките или извозните фирми, но ете, @Let 3 го спомна земјоделието па можам да ти кажам таму што фали и што е вишок. Инфраструктурата во земјоделието е многу лоша. Најголем дел од површините не се наводнуваат. Дел од системите за наводнување не функционираат. Од пописот 2007 ќе прочиташ дека 70% од земјоделците наводнуваат само 70000 хектари. Добар дел од површините е жеден за вода, само 120 илјади може да се наводнуваат. Пелагонија (главно подрачје за индустриски и житни култури) 2/3 од површините не се наводнувани. Тетовските ниви ќе прочиташ дека се поплавени и наводнети со фекалии. Сигурно знаеш дека кога беше суша, ги намалуваа стадата овци, немало вода
Гледав Кумановско, овчеполието Немањици, Амзабегово, запечени жита, исушен сончоглед, мака да те фати од нашето земјоделие.
Механизацијата е приказна за себе, добар дел од неа од Титово време. Тоа ќе го прочиташ дури и од Сител. 2/3 од механизацијата е стара над 20 години. Се смета дека уште 2/3 плус на легализираните трактори се нерегистрирани. Проблемот со поплавите и одводот се исто голем проблем. Тутунот кој носеше добри девизи, од оваа година по налог е намален, уште една нелогичност. Има уште многу што да се пишува за ова.
А субвенции, т.е. пари од буџетот за кои повторно се задолжуваме, се фрлаат тукуречи во ветер и тоа колку што знам се исплаќаа за засеани површини, а не по принос или по легален откуп што е уште една лоша идеја која остави простор и за манипулација односно една шарена лага.
Ете нешто Конкрит каде треба да се делува како пример, само еден од столбовите во стопанството кој прави 10, со дополнителната индустрија и 20% од БДП.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
За субвенциите дефинитивно си во право и не само ти , не има цел куп со таков став...: треба да се субвенционира производ на вага.
Купувањето семе, гориво и друго околу сеидбата треба само да се кредитира. Тоа е голема разлика во однос на сегашната мегало дубара...и се надевам владата ќе стаи прст на чело околу тој проблем
![Подмолен :sneaky: :sneaky:](/styles/default/xenforo/smilies/sneaky.png)
Последно уредено: