Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ја мислам свесни сте дека ваквиве твитер информации од типот 60 милиони + играч врска немаат,рака давам дека нема таква понуда.

Никад не се нуди вака пари плус играч поготово кај големиве екипи,а и да се нуди никад не проаѓа.....нема еден таков пример у последниве 10 години.Секогаш се исклучиво пари,зборам вака кога се работи за крупни трансфери.
 
За Мартиал ако бараат 50 мил тоа значи не научија дека се расфрламе со пари и како овци че не стрижет :D
 
Значи вчерашниот ден не можеше да биде полош од навивачки аспект гледано. Кај се изнервирав следејќи натпревар во живо од нашата напатена Втора Лига, па уште и капак на се кога видов што направиле овие, нашиве ѕвезди преплатени. А баш си велев саботата, кога киксаат другите ривали многу голема веројатноста е и овие да кикснат. А тие не да кикснат абе изгубија море изгубија! :cuc: и тоа после водство, алал да им е секоја чест. Точно пред крај на преоден рок, кога нема некој избор за купување, а ако пројавиш интерес за некој ќе те одерат за пари. Цело ебано лето не можеа да го анализираат тимот, противниците, своите и противничките играчи?! Ме обвинуваа тука дека сум кењал против својот тим, ама гледам сега уште повеќе се искењаа после овој пораз. Велев дека Бриж нема врска со противниците од ПЛ. Овде играат хиени, лавови и тигрови. Чекаат и најмала шанса и ќе те растргнат до крај ако им дадеш прилика. ПЛ е немилосрдна, а ние како едни од најголемите во таа лига се чини неоправдано не научивме како треба да преживееме. Дозволивме две среќни победи и пласман во ЛШ да не вивнат во облаци дека тимот е супер, управата е супер, резултатите се супер, посед на топка и 20 удари за рез. 0-0 со Њукасл е супер....се е супер, се е розово. Ситуацијава во клубов, т.е. транзицијава, ме потсетува на транзицијата на една југоисточноевропска држава, погодете која. :icon_mrgr: Транзиција која трае вечно. Испаѓа дека Фергусон ни оставил скапан тим кој само го крпиме и крпиме и никако да се закрпи. А се знае крпеното, кога и да е пак ќе попушти. Ги кудиме “арапските“ клубови како трошеле куп пари за успеси преку ноќ, ама изгледа ние не сме ништо подолу. Некои тие пари барем и ги претвораат во резултати, титули итн...кај нас изгледа не фаќа мајата. Затоа уште од сега спуштете се на земја и заборавете титули и годинава. Ако по некоја случајност испадне такво нешто после ќе се радуваме. Сега засега ќе плукаме по се живо и диво затоа што тоа е она што заслужуваат. Ѕвезди кои месечните плати ги бројат во милиони евра, а на терен не се ни за кило семки . Не издвојувам никој, за сите важи. Имаат пари, имаат услови за работа, имаат фанови во цел свет..изгледа само уште најважното им фали...ум во црпките.

П.С. Ајде фрлај тоа парите за Ибра и за некој стопер па да пука играта:ojeaa:
 
Последно уредено:
Со ова црнчето од Монако изгледа сериозна е работата. Може некој што ГО ИМА ГЛЕДАНО да напише што играч е? Јас француско првенство не гледам.
 
Хаха па ако тргнеа на време по Кејн може и ќе договореа, сега да прашаш Леви ќе каже 200М. Иначе да не се зафркаваме, на Јунајтед му требаат голови веднаш, а не 19 годишен играч за кој се кладам пола од тука го немаат гледано како игра. Кејн игра добро и оваа сезона, тоа што нема гол е прашање на време.
Абе и Руни е прашање на време викаме па еве... Каков Кејн за 50мил не се заебавајте. Видовте како се изгореа скаузерите со Керол. Плус само една сезона има добра зад него, а оваа ја почна лошо. на саботниот МОТД баш коментираа дека е очаен затоа што неможе да постигне гол. Прашање е дали 15 ќе постигне сезонава, вие 50мил би давале за него!:cautious:

И да земат напаѓач, нема многу да се решат проблемите. Проблемот е до идиотот на клупа со неговата филозофија се му ебам... Од авион се гледаше вчера дека треба измени да се прават, јас очекував уште на полувреме да ги прави, тој дури од кога ни направија пресврт ги направи. Руни, Депај, па и Херера мораше да се менуваат што побрзо. Јанг моментално ни е најдобар играч, најбрз е од сите најмногу живнува играта со него, овај на клупа го чува. Сите изиграа лошо, али да не беше Руни немаше да го примат првиот гол. После се беше паника и ништо друго. Капак на се измената Фелаини...селска екипа.
 
Леелее,коа некој ќе ми ги спореди Кејн и Керол ми се тАмнее!
Мартиал не вреди 50 М.
Максимум 30.
Мата мора да оди на АМЦ,десно крило подхитно.
Централен дефанзивец место Блинд подхитно.
Љори место Ромеро ОДМА!
Депај на клупа една утакмица или измена на полувреме кога не му иде,ЕШЛИ е топ!
Ерера играчиште!
Фелаини или од почеток или да не ја гледам таа игра од 70 минута натака!
Со Њукасл без него направивме милион подобри шанси кога игравме по земја.
Фаулот при крај кога имавме можност да нафрлиме да биде правилно искористен,а не да се пимпла топката до голман и после тој да исфрлува,ДЕГЕНИ!

толку.
 
Ако го купат овај црчугава од Монако нека си го носат дома кај жените да им игра. Го продадоа Велбек, а сега ни носат копија на него за 50милиона.:sakasuste:

Always rated this guy ever since I first heard about him 5 minutes ago -> најдобриот коментар за ситуацијава.
 
BREAKING NEWS

Sky sources understand that Manchester United striker Javier Hernandez is in advanced talks with Bayern Leverkusen over a £9m move but although the deal is close it’s not yet been completed.
 
Ни требаат голови да даваме во последни минути како што ги постигнувавме пред две сезони, она шо ни е заштитен знак, а сеа не сме ни блиску тоа да го направиме, а треба да си го вратиме тој FEAR FACTOR кога газевме се живо и диво
 
Јас мислам дека е можно да земеме двајца напаѓачи чим го даваме Хернандес иначе коеф. за Остин синоќа паднал од 33/1 на 4/6 за да дојде кај нас[DOUBLEPOST=1441015187][/DOUBLEPOST]Иначе трансфер периодот во шпанија и франција е до денеска на полноќ така да се ќе се знае вечерва па потоа ќе може да пазариме само од англија утре ако не испадне нешто,денеска ги даваме Рохо,Хернандес и Де геа и ги потпишвиме Мартиал,Лорис,Остин и Стоунс:vozbud:
 
Последно уредено:
Јас мислам дека е можно да земеме двајца напаѓачи чим го даваме Хернандес иначе коеф. за Остин синоќа паднал од 33/1 на 4/6 за да дојде кај нас[DOUBLEPOST=1441015187][/DOUBLEPOST]Иначе трансфер периодот во шпанија и франција е до денеска на полноќ така да се ќе се знае вечерва па потоа ќе може да пазариме само од англија утре ако не испадне нешто,денеска ги даваме Рохо,Хернандес и Де геа и ги потпишвиме Мартиал,Лорис,Остин и Стоунс:vozbud:
И така среќно ќе си живееме со цел нов тим. Само Руни и Керик ќе останат остатоци од некое подобро минато :sick:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom