- Член од
- 13 септември 2007
- Мислења
- 5.787
- Поени од реакции
- 4.039
Јас не би ти пепорачала да користиш крем против акни како подлога од проста причина што тие кремови се наменети да ја сушат кожата односно да ги сушат акните. Исто така се наменети да се користат на веќе чиста кожа.Фала многу
Ќе ја купам па ќе кажам како ми се погоди. Иначе, како што кажав, имам лице склоно кон акни и тоа ми го отежнува процесот на шминкање.
Како подлога ставам крем против акни (не знам колку е паметно, ама имам чувство дека обичните креми за хидратација ми ја влошуваат состојбата на лицето), коректор од ARTDECO Camouflage Cream (откако го открив се преродив - одлична покривност; го нанесувам пред и по нанесувањето на пудрата). Искуствата со претходните пудри што ги користев се покажаа како лоши, можеби тоа се должи што многу често ги менував. Последно ја користев RIMMEL Stay Matte - не ми ја впиваше лицето и изгледав како со паштета мачкана, BB Cream на Garnier - ми се погоди текстурата, но трајност за никаде, Bourjois Healthy Mix - одлична пудра за лица со чисто лице - за мене не доволно покривна, и т.н.
Камени пудри не користам, ни пудри во прав. Прајмер исто така не користам. Се си мислам колку повеќе продукти нанесувам толку повеќе го оптеретувам лицето - затоа се држам само до течна пудра и коректор.
П.С. Коректорот Artdeco Camouflage е добар за покривање на флеки од акни и акни. Во никој случај за подочници - многу е сув и нанесен околу очите изгледа многу лошо. За подочници користам ARTDECO Perfect Teint - добар е.
Јас можам да ти кажам како правам за мене па да видиш дали ќе ти одговара тебе.
Обично навечер вадам шминка со влажни марамици обично бебешки. После тоа го мијам лицето со млака вода. Оставам да ми се исуши убаво. После со тоник за отстранување на сминка го поминувам уште еднаш. Тониците за отстранување на шминка се наменети да отстрануваат прљавштини па затоа ми се допаѓаат. А и приметувам дека има уште пудра која не се отстранила со вода или влажните марамици.
После окако ќе се исуши нанесувам крема кога е малце мрсна.
Пилинг користам 1 во неделата зошто не сакаме да ја оштетиме кожата со многу хемии особено агресивни како што е пилингот
Само затоа што лицето ти е склоно кон акни, не значи дека не треба да користиш некој крем за кожата да ти биде хидрирана и заштитена, особено сега во зима.
Ако мислиш дека имаш проблем со кожата кој не е лесно да го решиш дома - искрено ти препорачувам да си отидеш на дерматолог и тоа некој добар.
Јас отидов на козметичар и девојката само што ме виде ми рече дека не е кожата проблематична туку дека е нешто посериозно во прашање - хормоните :/
За жал морам да чекам некој месец за на дерматолог ама знам дека после консултацијата со козметичарката ова што го правам е добро за мојот тип на кожа.
Со среќа.