MAKE UP (Шминка)?

  • Креатор на темата Креатор на темата Devilish Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Фала многу :smirce:
Ќе ја купам па ќе кажам како ми се погоди. Иначе, како што кажав, имам лице склоно кон акни и тоа ми го отежнува процесот на шминкање.
Како подлога ставам крем против акни (не знам колку е паметно, ама имам чувство дека обичните креми за хидратација ми ја влошуваат состојбата на лицето), коректор од ARTDECO Camouflage Cream (откако го открив се преродив - одлична покривност; го нанесувам пред и по нанесувањето на пудрата). Искуствата со претходните пудри што ги користев се покажаа како лоши, можеби тоа се должи што многу често ги менував. Последно ја користев RIMMEL Stay Matte - не ми ја впиваше лицето и изгледав како со паштета мачкана, BB Cream на Garnier - ми се погоди текстурата, но трајност за никаде, Bourjois Healthy Mix - одлична пудра за лица со чисто лице - за мене не доволно покривна, и т.н.
Камени пудри не користам, ни пудри во прав. Прајмер исто така не користам. Се си мислам колку повеќе продукти нанесувам толку повеќе го оптеретувам лицето - затоа се држам само до течна пудра и коректор.

П.С. Коректорот Artdeco Camouflage е добар за покривање на флеки од акни и акни. Во никој случај за подочници - многу е сув и нанесен околу очите изгледа многу лошо. За подочници користам ARTDECO Perfect Teint - добар е.
Јас не би ти пепорачала да користиш крем против акни како подлога од проста причина што тие кремови се наменети да ја сушат кожата односно да ги сушат акните. Исто така се наменети да се користат на веќе чиста кожа.

Јас можам да ти кажам како правам за мене па да видиш дали ќе ти одговара тебе.
Обично навечер вадам шминка со влажни марамици обично бебешки. После тоа го мијам лицето со млака вода. Оставам да ми се исуши убаво. После со тоник за отстранување на сминка го поминувам уште еднаш. Тониците за отстранување на шминка се наменети да отстрануваат прљавштини па затоа ми се допаѓаат. А и приметувам дека има уште пудра која не се отстранила со вода или влажните марамици.
После окако ќе се исуши нанесувам крема кога е малце мрсна.
Пилинг користам 1 во неделата зошто не сакаме да ја оштетиме кожата со многу хемии особено агресивни како што е пилингот
Само затоа што лицето ти е склоно кон акни, не значи дека не треба да користиш некој крем за кожата да ти биде хидрирана и заштитена, особено сега во зима.

Ако мислиш дека имаш проблем со кожата кој не е лесно да го решиш дома - искрено ти препорачувам да си отидеш на дерматолог и тоа некој добар.
Јас отидов на козметичар и девојката само што ме виде ми рече дека не е кожата проблематична туку дека е нешто посериозно во прашање - хормоните :/
За жал морам да чекам некој месец за на дерматолог ама знам дека после консултацијата со козметичарката ова што го правам е добро за мојот тип на кожа.

Со среќа.
 
Фала Магде. Дерматолог немам сеуште посетено ама и јас одев на козметичар. Во мојот случај козметичарката ме „лекуваше“ седум месеци (читај се оддадов од пари) и крајниот резултат беше уште поголема појава на акни и на здрави делови од лицето. Сега и јас како тебе, сама се лекувам. Користам креми и лусиони против акни од кои ми се исуши лицето ама ми помагаат - делумно. Во најскоро време планирам да ги испитам хормоните и јас (одамна излегов од пубертет).
Уште едно прашање само, од каде го купуваш кремот за хидратација што го постира претходно? До сега го немам сретнато ни во маркети ни во аптеки. И каков прајмер користиш под Ревлон пудрата? Бидејќи имаме сличен проблем, истите препарати би можеле добро да дејствуваат и кај мене :angel:
 
Оф леле. Тоа е кога си наишла на некомпетентна козметичарка.
Мојата само што ме виде ми рече дека морам да се консултирам со лекар и дека она може да ми помогне да ми се среди привремено проблемот ама дека нема да ме излечи. Со тоа само повеќе ја ценам и дефинитивно пак ќе ја посетам и препорачам.
Енивеј..
Ја кремов го купив кога бев во Полска, ама изгуглав ziaja Macedonija и ми даде резултат од странава. Е сега што и како можеш да ги добиеш производиве не знам, ама ако отидеш или им се јавиш ќе дознаеш :)
Под ревлонот не користам прајмер воопшто ама нанесувам од кремава и ја оставам да упие и тоа ми е доволно. Немам забележано да ми треба нешто повеќе. :)
 
Имале претставништво во Скопје. Ќе му дадам шанса на кремот :D
Денес бев у Космо, таму ги видов кремите на ziaja, дневна, ноќна и тоник имаа.. Кремата им беше 230ден. :)
 
Пристапна цена. Ме радува. Кремата и пудрата веќе ги имам и ги пробав денес (нов производ, а да не го пробам веднаш?) и заклучокот е дека кремата и пудрата одлично функционираат заедно. Јас, како некој кој се справува со акни, ја фалам - покривна, лесно се нанесува, добра текстура и трајност. Ќе видам како ќе се покажи понатаму (сепак ова прво видување беше). А, уште нешто, пудрата ја има за мрсна и за нормална кон комбинирана кожа - по препорака на продавачката купив за мрсна под образложение дека мрсната кожа била склона кон акни (или нешто слично) иако поради честата употреба на креми против акни лицето ми е прилично суво (можеби не требаше да ја послушам) но, со кремот добро се надополнуваат. Исто така од пудрата нема тестери, па нијансата на среќа се одбира (освен ако не ви се погоди продавачка која ќе ја отвори пудрата па некако да ја пробате). И треба да престанам да зборувам за акните оти никој од форумот нема да ми пиши (just kidding:smirce:)
 
Некој да ми препорача тоник за чистење на шминка од лице? Лице склоно на акни, не смеам да користам тоник со алкохол.
До сега сум го чистела само со dove сапун ама имам приметено дека не се вади целосно пудрата.
 
^
Да си пробаш со Гарниер во зелена опаковка е. Го користев претходно, брка работа и тој е единствениот тоник што го имам користено. Сега не, не користам тоници (од иста причина да не го преоптоварвам лицето со многу продукти), но имам едно лусионче од жалфија (во локална аптека го прават) и тоа ми е доволно. Претходно со млеко од Гарниер го чистам (сината линија за чувствителна кожа), па го измивам со сапун Еуцерин. Често се случва со влажни марами (како што претходно напомена Магде). Гарниер имаат добри производи за кожа со пристапни цени. Исто така од искуства на познанички и пријателки дознав за мицералната вода како добар отстранувач на шминка и нечистотии - распрашај се и за неа па одлучи што е подобро. :D
 
Бев денес до Германија и цел пат си повторував дека нема да купам шминки пошто ништо не ми треба...

Така да си ги купив овие убавици! :aplauz:

6Uy4uUI.jpg
 
Некој да ми препорача тоник за чистење на шминка од лице? Лице склоно на акни, не смеам да користам тоник со алкохол.
До сега сум го чистела само со dove сапун ама имам приметено дека не се вади целосно пудрата.

Зошо не пробаш со мицеларна вода? Јас ја користам онаа на Нивеа и многу е убава, има и нежен мирис и многу убаво ја отстранува шминката. Мислам дека и од Гарниер имаат,читам по форуми ја фалат и неа.
 
Само што ги средував четките и избројав 87 :/
Плус накај 12-13 сунѓерчиња..

Од што се зависни вие?
 
Ги користам :D океј накај 90% користам.
Скоро сите се различни, ијам некои шо се повторуваат, оние што се ситни за прецизност

Ај сликај колку шминки имаш. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom