Мигрантите низ Македонија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Истото и со Европа, знаеме дека нема да не примат и ние упорно се правиме поголеми Европејци од Европејците.
Силата на ланецот е толкава колкава што е силата на најслабата алка. Капацитетот на политиката на ЕУ е капацитетот на политиката на Вулгаристан, ништо повеќе. Јас не верувам во капацитетот на ЕУ да се справи со оваа криза, можеби поедини земји да, но во целина ова почнува да мириса на фијаско.[DOUBLEPOST=1440874945][/DOUBLEPOST]
Не само Унгарија, туку и Романија зајакнува граница со Србија. На крај ќе испадне од Македонија, Србија, Босна, Хрватска...и рикверц. Словенците веќе вратиле 4ца, во приватно возило, а возачот е приведен. Значи крајна ќе биде Хрватска, ама познавајќи ги, ни тие нема ширум да им отворат врати. Останува Босна. А после, каде?!? Се проценува во Босна да останат околу 20-30 000 и ете ти војна на Балкан. Нашиве го тупат, како и секогаш. Вакви работи се решаваат од прва. Ти викаат од надвор: чувајте граница имате право... Веднаш прави го тоа. А не, како некои лигуши: види ги изнемоштени, патувале илјадници км (човек ќе помисли пешки ги оделе), гладни, болни, трудни (?!?...каде на мајка ти во сред војна забременуваш)... За на крај, таквите да ти дојдат, да ти кажат дека платиле 5-6 000 евра за патот, најадени, напиени, силни...па уште полиција тепала? Реков и пак ќе речам: болен, гладен, исплашен...не дига галама и не се прави курац и пол пред граница на држава, која гледа да му ја исполни желбата. Не знам како да префрлам линкови од хрватски весници (не сакам copy paste), да читате на што се спрема цел Балкан, па и пола Европа. Денес пронајдени 70тина УБИЕНИ од муслимани на брод. Пред некој ден во камион 50тина. За 2 дена, 120-130 за кои знаеме, убиени од своите! Кој ќе продолжи да ги жали и слично, на бесилка заслужува да виси.
Во најголем број на случаи луѓето не се криви, меѓутоа во нив има уфрлено фундаменталисти, кои треба да ги радикализираат овие луѓе кога ќе дојде време, а со оглед на омразата што се јавува кон мигрантиве, тоа нема да им биде тешка работа. Според мене примарната цел не е Европа, освен можеби некои терористички акции колку да се дефокусира јавноста. Целта е Балканскиот калифат. Територија во Европа под контрола на ИД.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.809
Поени од реакции
12.298
Ме чуди зошто се смета (од западните медиуми) ова за најголема криза од 2 св војна. Најдов по нетов за тогашна Индокина со 56 милиони, бројот на бегалци бил над 3 милиони. За време војните во егејскиот дел на Македонија, се смета дека околу 100 илјади побегнале од тој дел само што не знам колкав % е од вкупниот број македонци (веројатно голем). За време војните 1991-1995 од Југославија се сметаат за бегалци и иселени околу 4 милиони, накај 20%, 200-250 илјади срби само за операцијата Олуја. Ако пресметаме сега колку се избегани и колкав % е од населението во тие земји (Сирија 19, Авганистан 30 милиони), не ми се верува дека ова е "најголема криза". Читајќи ги британските весници, човек да помисли најголем проблем има Кале, а тие се под 0,0..% од вкупниот број мигранти.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Свежа вест: Унгарија планира градење на уште една ограда и истата треба да стои до крајот на октомври. Првата ограда веќе е готова, медиумиве велат дека и покрај тоа успеале во петокот и саботата да поминат луѓе низ оградата. Ама сега со новиве закони и со тоа што планираат да употребуваат и водени топови не знам дали ќе биде толку лесно во иднина да се влезе во Унгарија нелегално.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Свежа вест: Унгарија планира градење на уште една ограда и истата треба да стои до крајот на октомври. Првата ограда веќе е готова, медиумиве велат дека и покрај тоа успеале во петокот и саботата да поминат луѓе низ оградата. Ама сега со новиве закони и со тоа што планираат да употребуваат и водени топови не знам дали ќе биде толку лесно во иднина да се влезе во Унгарија нелегално.
Нормална заштита на една земја а не како нас да ги прибираме и азил да им даваме.
Морам да признаам дека сме мн.глупи и не се учиме на грешките од минатото за 300к државјанства дадени од фрчковски и сдсм и кризата 2001 кој знае колку останаа за денес со имагинарна бројка од 30% да малтретираат мнозинство 85-90%
 
Последно уредено:

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Свежа вест: Унгарија планира градење на уште една ограда и истата треба да стои до крајот на октомври. Првата ограда веќе е готова, медиумиве велат дека и покрај тоа успеале во петокот и саботата да поминат луѓе низ оградата. Ама сега со новиве закони и со тоа што планираат да употребуваат и водени топови не знам дали ќе биде толку лесно во иднина да се влезе во Унгарија нелегално.

ова е тоа што го зборам.
Државата треба и мора да се заштити под секој услов.Секој што ќе сака да помине,ќе треба да пројде на скенер и да даде точни информации,а не само пушти го ти низ граница и успат додека пројде ќе направи хаос во секое место и ќе испокраде се живо и диво,а не дај боже и да убие некого бидејќи сите од тие мигранти носат со себе оружје.

Унгарија е многу зезната држава,по секоја цена ќе си ја чуваат државата унгарците и нема многу многу да се расправаат со Европа
 
B

Borg_Drone

Гостин
На германскиве медиуми што ги следам никна информацијата дека на границата со Србија и бугарски гранични служби патролираат (се однесува на унгарско-српската граница) Вистина ли е тоа? И ако е вистина што бараат таму бугарски гранични служби? Некако ми нема смисла тоа, ако Дачиќ почне да ги пренасочува кон Бугарија ?!

Инаку да бидеме реални, ова нема да престане сè додека не се испрати некаква војска доле за да ги натераат овие ИД да се повлечат во нивните пештери. Така да, Европјаните водат уште од самиот старт погрешна политика кога станува збор за овие луѓе кои бегаат од таму.
 
Последно уредено од модератор:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Kaко ќе ги натераат да се вратат во пештерите кога на овој начин америка ја уништува европа а глупавите гледаат и тие интерес ама не ги догледуваат последиците.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Kaко ќе ги натераат да се вратат во пештерите кога на овој начин америка ја уништува европа а глупавите гледаат и тие интерес ама не ги догледуваат последиците.
Абе тоа ако сака може и Европа да го заврши без Америка. А дали Америка ја уништува Европа или не, тоа не може сè уште да се каже со сигурност. Факт е дека Американците многу малку прават за да се уништи најголемата закана што некогаш постоела. Иако тие се виновни за тоа што се појавија ИД. Ако станува збор за создавањето на ИД тогаш најголема вина носат Американците, не зошто они намерно ја креирале ИД туку затоа што ја поддржуваа така наречената Арапска пролет која на крајот донесе до тоа Блискиот Исток на сигурносен план целосно да се разниша и со тоа им се создаде можност на џихадистите да удрат нова стратегија која е далеку поопасна од сите други а тоа е, да се обединат сите таму радикални сили со една цел а тоа е џихад. Порано беа овие групи поделени ама кога се обединети се далеку поопасни.

А кога станува збор за сегашнава ситуација мислам дека исто така и Русија и Европа потфрлија, не само Америка. Јас не знам зошто толку време молчат Русите, они можат да извршат интервенција и без Америка и без Европа. На крај крајава џихадистите им се наоѓаат пред врата а Кавказот кај нив отсекогаш бил најнемирен регион. Едноставно треба да ја воспостават контролата во Сирија, како што направија Французите во Мали и си заминаа после тоа и да им даваат оружје на Сиријците и тоа е тоа. Лавров немаше потреба од тоа да оди кај Европјаните и Американците за да се залага за заедничка коалиција против ИД. Никој ништо не им може, можат да влезат каде сакаат и кога сакаат без проблем. Русија сепак е светска сила.
А Европјаниве се идиоти што молчат цело време и се прават дека не можат ништо да направат а всушност можат.


Нема друг излез, ова нема да престане, луѓе ќе бегаат и понатаму, Европа ќе се трупа со мигранти.

Едино ако Европа не почне да ја спроведува политиката на Австралија, а тоа е секој кој дошол со брод или на земја да биде веднаш вратен. Тоа мислам дека ќе биде најисплатливата тактика за Европа ама не ми се верува дека ќе дојде до тоа.
 
Z

ziko bt

Гостин
Абе не беа Германските ултраси националистички настроени?
Еден куп групи излегоја со банери "refugees welcome".
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
кратко и јасно испрати назад или потопи брод авто било што.Се е плански правено некој гадно печали на ова по инструкција на некој.Исламизација на европа уште кога е планирано како и формирање на нова држава КУРДИСТАН нема никаква повржаност со европа нит јазик нит религија ама никаква сличност они упорно трупај се по европа и што е чудно се мужи ретко жена или деца.Според логичко размислување нели мажот последен иде се жртвува за детето и жената за подобро утре овдека е изгледа обратно или ја глуп или нешто не се уклапа.Друго што не идат катар дубаи оман исте се слично зборуваат иста религија и бољи услови за живот кражба алкохол проститутки скоро искоренето уште останати стари вредности нели демек големите религиози се за пред свет.Ама како каже големиот брат така и ке биде ако каже затварај врати затворено ке биде ке чекам кога овие невини ке почнат да прават циркуси по европа и тука кај нас.Срамно и жално и одвратно ми е што гледам македонија државичка многу силна одвојува пари толку за нив и се секира и прави а некој уште чека за некоја операција и бара помош преку медиуми а овамо се расфрла со пари ебати управа од амбасадори и невладини организации.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Свежа вест: Унгарија планира градење на уште една ограда и истата треба да стои до крајот на октомври. Првата ограда веќе е готова, медиумиве велат дека и покрај тоа успеале во петокот и саботата да поминат луѓе низ оградата. Ама сега со новиве закони и со тоа што планираат да употребуваат и водени топови не знам дали ќе биде толку лесно во иднина да се влезе во Унгарија нелегално.
Значи запнале да се затворат Унгарците, а тоа значи се затвараат вратите на Србија, а тоа значи дека Србија ќе ги затвори вратите на Македонија. А тоа значи меѓу 100 и 200 илјади бегалци кои планираат да одат транзит преку Македонија до крај на годинава ќе бидат искрцани кај нас со неодредено време на престој.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
А тоа значи меѓу 100 и 200 илјади бегалци кои планираат да одат транзит преку Македонија до крај на годинава ќе бидат искрцани кај нас со неодредено време на престој.
Или па Србија ќе го изгради градот односно прифатниот центар каде што ќе престојуваат многу поголем процент кај нив.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
@puno
Не за друго, чисто за информација...

Иначе околните села се: Ваксинце, Лојане и Сопот кои се чисто Албански села.

Волонтерите на Табановце предупредуваат: Банди ги напаѓаат и ограбуваат мигрантите


Организирани банди од кумановските погранични села ги тепаат и ограбуваат бегалците кои одат кон Србија. Тие не се сами. Имаат разработена шема со дел од мигрантите, најчесто Авганистанци. Кога ќе го поминат железничкиот премин Табановце, некаде во меѓу граничниот простор, на сцена стапуваат токму овие луѓе, кои наместо кон Србија, дел од мигрантите ги насочуваат кон околните села. Тамо се пречекани од локалните банди кои ги ограбуваат и тепаат. Ова го тврдат претставници од повеќе здруженија кои им помагаат на мигрантите низ земјава. Велат дека често се случува во вечерните часови, тепани, повредени ограбени луѓе да се вратат на Табановце и да побараат лекарска помош.Екипата на АЛФА уште пред 10тина дена регистрираше обид на Авганистанци да излажат мигранти да одат во погрешен правец, но во тоа беше спречен од активист на УНХЦР...

Полицијата веќе поднесе кривични пријави против неколку лица од Кумановско кои ограбувале мигранти. Инаку и денеска на Табановце сликата беше веќе вообичаена. Бегалците пристигнуваат, кратко се задржуваат и продолжуваат кон Србија. Од МРВ информираат дека во последните 24 биле издадени биле 1032 потврди на бегалци кои транзитираат низ земјава.




[DOUBLEPOST=1440968762][/DOUBLEPOST]----------------------------------------------------------
Еве уште еден класичен пример зошто акцијата на полицијата на Богородица е оправдана.
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
А тоа што веќе има Косовари и Сиријци во села во источниот дел на Македонија, никој не кажува. Пред некој ден се приведени 3 Сиријци и 1 Косовар, плус еден Циган од Виница. Каде се сега медиумиве да кажат нешто? Тие 4ца, или се дојдени од Гевгелија, по пат се изгубиле :D или Бугарија не си ја чува границата како што треба?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom