Веќе подолго време разгледувам опција за иселување во Австралија и моментално таму се барани медицински сестри како една од професиите на SOL листата. Значи зборувам за медицински сестри со високо образование ( 3 годишна висока школа ). Меѓутоа бараат IELDS положен тест со 7 academic, 5 годишно раб. исуство како медицинска сестра...сето ова не ми претставува проблем, но... Бараат 3 месеци (најмалку) платено работно искуство во една од земјите на ЕУ, за да би бил кандидатот погоден за миграција. Би сакала да прашам дали овде има некоја медицинска сестра што успеала со нашите дипломи и без работно искуство во ЕУ да обезбеди resident viza? Секаква информација и било какво искуство би ми било добредојдено.