За болдираното, Интер беше поврзуван и со Мело, Роки, Вучинич и сличен тип на трансфери па беа критикувани. А за некои играчи кои играат добро во своите клубови пред да дојдат тука секако дека ќе бидеме хајпнати и неможеш да знаеш дали некој играч ќе успее да се вклопи или ќе биде флоп се додека не ги видиш на дело.Ок во секој случај Шакири > факинг Перишич по мое, затоа и реков така. Без разлика на тоа што Шакори кај нас падна не знам колку нивоа.
Друга работа, приметувам еден вид на размислување кое преовладува кај поголем дел од фановиве тука во фан клубов и кое стварно многу ме нервира, морам да признаам!
Се работи за следното... Кога ќе се добие информација дека Интер тргнува по рандом играч, одма е етикетиран како добар/класа, што мене искрено ми делува како едно принудно форсирање на игачот, само поради тоа што ете се поврзува со Интер, и клубот на некој начин покажува интерес за играчот (од лубов кон тимот). Во стилот... "А да и јас ги сакам Партизан, оти тато ги сака (кај малите деца)
А тие фудбалери кои на некој начин заминуваат поради новите (или не), одма се "непотребни", "флоп", "тињи" и не знам што уште не. А уствари тоа се истите тие играчи кои биле класишта пред да дојдат и одеднаш остареле, станале непотребни, не се вклопувале во "новата формација", флопнале итн (Снајдер). И повторно само поради тоа што клубот не ги сака - без негирање!
Некое си размислување слично на она од "рационализација" во психологијата, од типот на "кисело грозје" и "сладок лимон". Кој ме сфаќа знае за што точно им токинг абаут. Чудна појава.
Не знам, смешно ама мене вака ми делува најсериозно!
Како да се бараат на некој начин оправдувања за постапките на управата. "Мора да почитуваме се што клубот одлучува" бич плис! -.-
Не е изводливо финансиски да имаш ѕвезди на секоја позиција, и многу е тешко да ги договориш без пласман во ЛШ. Затоа и ги преплаќаме трансфер таргетите. Лацио и Фиорентина каде со по едвај неколку играчи што се истакнуваат имаат релативно добри сезони и балансирани тимови. Ова треба да ни служи како пример и мотивација. Јас сум сигурен дека ако сите даваат 100% од себе како Гуарин и Паласио (мислам на work rate) дека ќе имаме резултати. Мора борбеност и пресинг, екипи како Палермо, Аталанта, Верона и сл. не смеат да поминат половина. Лани изгубивме многу бодови на контри зашто не ги притискавме и се влечевме по терен.