jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.421
Еве еден горе доле добро документиран новинарски прилог од Македонски медиум за мигрантите во Македонија. Ова се реални очекувања, не очекуваат 3000 мигранти дневно во наредниот период. Во меѓувреме незадоволството во Унгарија расте и оградата се подига. Прашање е на денови кога Унгарија ќе се затвори за бегалците, а после тоа природно е да се затвори и Српската граница, пошто Србите реално и имаат веќе голем број мигранти. Ние сме најслабата алка повторно ....
Во Македонија дневно ќе пристигаат по 3 000 мигранти
Високиот комесаријат на Обединетите Нации за бегалци очекува во Македонија дневно да пристигнуваат по околу 3.000 мигранти. Од тие ќе добиваат 24 часовна здравствена заштита. Од меѓупросторот со Грција извештај на Стојне Митева.
Таа зборуваше се Јоргос Царпополос, член на УНХЦР.
- Колку мигранти до сега Грција има регистрирано?
- - Имаме повеќе од 160 000 лица кои влегле во Грција само оваа година од турска страна кон островите.Тоа е без преседан.Тоа предизвика голем притисок на островите и ако имаше некакви сместувања ќе беше добро,но има острови без објекти за сметување па тоа е голем проблем таму.
Но,имаме проблеми и со капацитетите на полицијата,ни требаат повеќе човечки ресурси,повеќе полицајци,повеќе Еуро дата машини за регистрација,за отисоци на прстиза се да се процесуира коректно за сите да добијат документиво зависност од нивната националност,но и од нивниот профил - вели Царпополос.
- Дали Грција добива пари од ЕУ за помош на мигрантите?
- - Да добиваме пари.... Во целост и Грција и Европа во услови на итни случаи треба да се подобро координирани.Бидејќи постојат механизми за итни случаи,но според мене се премногу бавни за да одговорат на вистинските итни случаи, а од друга страна Грција имаше многу потешкотии во координирањето со различни,,актери,,министерства како и координирањето со локалните власти.
Но,морам да спомнам дека добивме помош од многу волонтери и локални друштва кои прифатија огромен број луѓе.
Замислете си еден остров да прими 2-3000 лица секојдневно.Таква е ситуацијата со островот Лезбос - вели Царпополос.
- Имате ли информација колку мигранти денес ,се очекуваат да пристигнат тука?
- - Никој ја нема таа информација и не треба да ја има,бидејќи луѓето на своја рака патуваат со автобуси,такси возилаво зависност од нивните финансии,и се обидуваат да ја преминат Грција.
Поопширен извештај погледнете во видеото.