Не можам да знам што точно се случило и зошто имало такви реакции после таков предлог, на медиуми не можам да верувам, така да не можам добро да ја проценам ситуацијата и да дадам коментар за тоа дали заслужиле таков третман. Сега баш гледав едно видео и се згрозив, гаѓаа по една фамилија. Страшно!
Сепак поентата ми беше да не се користат такви одвратни зборови наменети за сите луѓе, одбивам да верувам дека баш сите заслужија таков третман, а највеќе ме здоболе кога видов детски солзи, срце ми пукна! Кој сака нека биде крив, не оправдувам кога страдаат деца.
И не генерализирам, таман работа, знам дека помеѓу оваа толпа исплашени луѓе, ќе се најде некој разумен со срце.