Македонија ги испотепа кутрите, некој ден и вас ќе ве тепаат така на граница ако се сторите бегалци.
"Тепани" беа оние што ја каменуваа полицијата/војската и оние што го буткаа кордонот. Никој немаше посериозни повреди. Потребно беше да се создаде некаков ред во движењето бидејќи Гевгелија нема капацитети кои би овозможиле непрекинат и сигурен транспорт на луѓево.
Три илјади мигранти одеднаш да се "паркираа" железничката/автобуската значеше појава на сериозен безбедносен ризик и за граѓаните и за мигрантите. На нет немате слики, не знаете што се случува кога треба да тргне возот.Луѓево буквално се тепаа кој да влезе во воз/автобус. Кога протокот на луѓе беше околу 600 лица на ден, секогаш имаше по некој повреден во возот.
Види ти за проблемот слушна пред некој месец. Состојбата во Гевгелија е ваква, но во помал размер, веќе 3 години.За гевгеличани најголем проблем е нивото на хигиена и хигиенските навики на мигрантите. Буквално мочат/серат под нечиј прозор мигрантите. Еден да ти се измоча под прозор - смрди. Илјада луѓе да ти мочаат нонстоп и веќе имаш септичка јама. Освен што е непријатно за живеење, со себе носи и ризик за појава на заразни болести.
Акцијата на полицијата/војскаат како привремена мерка е дефинитивно оправдана, спречи еден несакан исход.
Планот за трајно решение, контролен пункт/камп и праќање на север е исто така нешто што граѓаните го подржуваат(истото континуирано бараа да се направи веќе 2 години).