Па право да ти кажам и сам сум контрадикторен некад што ги ставам во категорија на дроги а не се реално. После првото искуство со дмт и ајахуаска ми се смени буквално целата перцепција и начин на конзумирање на стварите што не опкружуваат и тие за кои си ја лупаме главата без потреба. Не викам дека човек станува неозбилен и од брзина се става у лер па што биде нека биде, него идеш многу многу понапред со размислувањето и толкувањето на предизвиците во животот (или бар ние така сакаме да си ги претставиме).
Мојот прв дмт ритуал беше пред 3 години на фестивал во Турција, каде после многу лош трип од синтетик срање (мислам на миксаните лсд со свашта ко д.о.б., д.о.а. и слични), ко на филм стигнав до камп на шамани во права смисла на зборот. После такво д'н'б срце биење и скоро пред инфарктна состојба, ме опуштија и ми дадоа некои 4-5 убави повлекувања. Секој различно го доживува и толкува искуството така тоа си е индивидуално, јас можам да кажам дека после тоа имав уште една сесија лани во Португалија исто со шамани, каде го продолжив истиот трип со сан педро.
Моментите после тоа се благосостојба. Детска градинка. Се е до тоа колку си спремен да го истражуваш мозокот и да видиш до каде можеш да отидеш, а веруј мозокот е цел универзум - лесно може човек да го снема. Така да битен е просторот, амбиентот, шаманот и пред се неговото искуство. Работата е што многу луѓе потиснати во себе сакаат да експериментираат со овие билки како со дрога и тука се јавува проблемот и лошиот трип. Сите сме затворени во себе и чуваме непотребно ѓубре, само овие билки кога сме спремни да ги пробаме треба да ги третираме како терапија за ослободување на умот од непотребните глупости кои секојдневно не убиваат полека. Енергијата игра многу клучна улога. А никој не сака бед вајб. Така само човек може уште повеќе да се затвори и да избега. Затоа се меч со две острици.