Феминизам!

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Неможе да бидат еднакви затоа што е факт дека не се!
Околу професионалната кариера, генерално гледано, имаат низа недостатоци за да би биле идентични со мажите. Од друга страна имаат низа предности, што дополнително ги прави различни мажите и жените.
Секако дека не треба да се генерализира и дека секој маж и секоја жена се посебни, но гледано во просек, жените се тие кои го држат и се грижат за семејството. Мажите се оние кои му даваат стабилност и материјални добра. За жал во денешново изопачено време и општество се измешаа улогите на жената и мажот, па не ретко имаме жени кои ја имаат преземено машката улога во семејството, а и обратно.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106

Многу погрешна слика имате за еднаквоста меѓу полови. Еднакви права, слобода на говор, на донесување одлуки... да не набројувам.
А ова што ти си го спомнал уште од старт е дискриминација и ограничување на избор, како за мажите, така и за жените. Ништо не е изопачено, туку е нормален тек на настаните. Некои луѓе, за среќа, одамна се излезени од камено доба и функционираат одлично.

@несигурен, ќе ти ја спојам темава со темата „феминизам“ затоа што одат во иста насока. Можеш да се вратиш наназад и да прочиташ некои дискусии и успат верувам дека ќе најдеш одоговори за твоите прашања. Нормално и дополнително ќе поразговараме.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
17 август 2015
Мислења
16
Поени од реакции
8
Се надевам дека со темава нема да има многу емотивни реакции. Ја отварам темава поради љубопитноста која ме мачи и сакам да знам на кој начин мислат и мажите и жените на оваа тема.
1.Дали жените сакаат да се еднакви со мажите во 21 век?
2.Што превземаат во врска со тоа?
3. Дали кај нас постои еднаквост во професии?
4. Дали сме исто платени?
5. Дали мажите и жените можат да работат исто и имаат иста работна етика?
6. Биолошки сме различни, но дали можеме да имаме еднакви достигнувања?
7. Што значи тоа да си еднаков? Да земаме исти приходи но да не работиме исто? Да си во иста фирма, а да немаш еднаков професионлен развој на кариера?
И уште многу други прашања, како на пр човекови права меѓу мажи жени
ЕДНАКВОСТ- како би се дефинирал тоа ??
Според мене, физичка нееднаквост( воедно и во најголем број од случаите нееднаква физичка сила) предодредена по биолошки пат воопшто не треба да биде тема за која било кој од половите ќе се навреди или има потреба да се стрви да ја уништи, односно да ги изедначи мажите и жените по овој основ, (иако еволутивниот развиток никогаш не се знае какви промени може да донесе со текот на времето, напоменувам зборувам за огромна временска рамка од милиони години).

Меѓутоа , она што и мене понекогаш знае да ме рчне, е фактот што во нашето а, и во многу општества ширум планетава се уште може да се почувствува интелектуалната нееднаквост, т.е фактот дека жените се сметаат за поглупави и помалце способни за логичко расудување, иновативни идеи, откритија и научно-истражувачки дејности.

Мислам дека е редно да почнеме да чекориме полека кон укинувањето на едно вакво, се уште присутно, мислење, кон градење на свет во кој жената и мажот ќе бидат еднакви на мисловно и интелектуално гледиште. Доколку ова успееме да го изведеме барем приближно, еднаквоста на работното место (зборувам за работни места каде што има и мажи и жени) ќе се постигне со поставување критериуми за мерење на учинокот кои ќе бидат непристрасни за обата пола.

А за ваков напредок, жената не треба да е таа што ќе се бори да докаже пред мажот(поинаку кажано: да му нацрта) дека е еднаква, туку мажите треба да ги прошират своите гледишта и да се обидат со сопствени мисловни напори да најдат во што е еднаквоста на двата пола.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Пред да продолжам да пишувам врзано за темава морам да кажам дека длабоко во себе верувам дека мажите и жените се еднакви меѓу себе и се разбира има различни карактери и мислења што е норамлно но мене ме збунува начинот на однесување на некои личности кои од една страна јавно кажуваат дека сме еднакви, а од друга страна се очекува од мене како припадник од машки пол да направам нешто само заради тоа што сум роден како машко. Зарем тоа не е полова дискриминација кога се очеква нешто само поради полот. Чудно !
 
Апсолутно. Тогаш на таквите ќе им објасниш дека се хипокрити. :)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Тоа е во ред и би го кажал ама искрено и не сакам да навредам никого без разлика од кој пол е. Теоретски вака звучи како лесно остварливо но ме интересира на пример во ситуација кога жена и маж работат во полиција ( тоа ми падна прво на памет, денес видов полицаец и полицајка :) ) и мора да одат на завршат некоја работа на терен, кој ќе го прати шефот кога би имал избор меѓу маж и жена ( а се разбира двајцата земаат исто плата) . Дискутабилно е, посебно во нашево општество.
 
Тој што е поспособен. Има една полицајка, 3 на 3, пола колеги ѝ се плашат. Со таа ни јас не би сакала да се закачам. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Пред да продолжам да пишувам врзано за темава морам да кажам дека длабоко во себе верувам дека мажите и жените се еднакви меѓу себе и се разбира има различни карактери и мислења што е норамлно но мене ме збунува начинот на однесување на некои личности кои од една страна јавно кажуваат дека сме еднакви, а од друга страна се очекува од мене како припадник од машки пол да направам нешто само заради тоа што сум роден како машко. Зарем тоа не е полова дискриминација кога се очеква нешто само поради полот. Чудно !
Мажите и жените не се еднакви меѓу себе.
Не знам зошто луѓето се толку убедени во тоа дека „сме еднакви“.
Не можат жените да работат физичка работа како што прават мажите. Не е дека не сакаме, ама прво кога ијаме добиено едвај може да се наведнеме а не па да креваме и рмбаме, кога жена е трудна ако се оптовари ќе го порони плодот и ќе страда човештвото.
Мажот не може да го чува бебето кога ќе се роди. Прво не му тече млеко од цицки а со тоа не може да му пренесе имунитет на бебето во првите 6 месеци, друго кога жената се пораѓа се лачат одредени хормони за да мoже мајката да се грижи за бебето итн.
Има разлика меѓу “Јас сум еднакво со маж“ и „Јас сакам да бидам еднакво третирана како маж“
Не зборам во буквална смисла на зборот, туку во таа смисла што:
- не сакам да бидам помалку платена од некој маж за иста работа само затоа што сум жена
- не сакам да ми биде одземено правото на глас затоа што сум жена
- не сакам да бидам третирана како човек од понизок ред само затоа што сум жена
- не сакам да биде фасцинација да ме изберат како лидер на држава само затоа што сум жена
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Тој што е поспособен. Има една полицајка, 3 на 3, пола колеги ѝ се плашат. Со таа ни јас не би сакала да се закачам. :D
Претпоставувам дека сигурно има некоја полицајка како што кажуваш 3 на 3 и сигурно заслужва да биде тоа ако ја работи работата за која зема плата. Што со останатите кои се веќе во полицијата или армијата или било која иституција во која дефинитивно во одредени моменти е клучна физичката сила, а сепак знаеме дека биолошките разлики дефинитивно се присутни меѓу мажите ижените. Последно читав некоја статија за жени во американските ренџери ( елитна единица ) кој успеале да ја поминат селективната обука и на крај откако го прочитав целиот текст и на крај дојде редот да видам слики од жените ( две жени беа) сташно се изненадив ( повеќе личеа на мажи отколку на жени ). Јас сум припадник на машки пол и не сум во некоја елитна или специјална единица и не сакам никогаш да бидам. Дали сум јас дискриминиран зошто не сум таму ??
 
Затоа и реков секој со својата способност без разлика на полот. Зошто некој би се почувствувал дискриминиран ако сите работат подеднакво напорно?
За изгледот нема да коментирам.
Не разбирам зошто би бил дискриминиран.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
16 декември 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Затоа и реков секој со својата способност без разлика на полот. Зошто некој би се почувствувал дискриминиран ако сите работат подеднакво напорно?
За изгледот нема да коментирам.
Не разбирам зошто би бил дискриминиран.
Сакам да кажам не може сите да бидеме во специјална единица пс едноставно немаме такава можност или некои не сакаат, тогаш не можам да разберам зошто припадник на женскиот пол би се вработил во армија за покасно ништо да не работи таму, а сепак да се чуствува еднакво ( да зема плата како сите други ). Нели е тоа дикриминација? ( има исклучоци се разбира ) Многу е чудно од друга страна што законски сме сите исти ( закон за работни односи ) а сепак има Резолуција 1325 За правата на жените ( пак дискриминација , каде се мажите овде )
 
Не можам да зборувам во нивно име, ќе мораш нив да ги прашаш. Самиот кажа дека има исклучоци меѓу нив, така да ќе се концентрираме на нив. Кога веќе има способни жени за во армија, не гледам зошто да не бидат таму.
Некои закони за женските права се останати од порано, кога некогаш имало потреба од нив, а од некои сеуште има потреба. Во секој случај, јас сум за еднакви права на двата пола и против дискриминација на било каква основа. Ние тука можеме само да си дискутираме и разменуваме мислења, но права не можеме да добиеме. Јасно ти е како се добиваат права(кои веќе ти припаѓаат, но некој одлучил да ти ги одземе), нели?
 
Т

Триптико

Гостин
@Agda Beata и јас сум за еднаква застапеност на жени во рудник и на нафтени платформи, ама некако сите би во бутик со газето на термо ;)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
@Agda Beata и јас сум за еднаква застапеност на жени во рудник и на нафтени платформи, ама некако сите би во бутик со газето на термо ;)
Затоа што така се воспитани. Затоа и повторувам цело време дека општеството ја „деформира“ жената. Имав колешка која беше убедена дека не треба да крева затоа што е жена и секогаш викаше некој од колегите да ѝ донесе хутија со хартија која тежи највеќе 5-6 кила. Не дека жената не можела да ги крене, така е научена, исто како што мажите се научени дека е најнормално да ѝ помогнат и дека нема ништо ретардирано во тоа што жената „не може“ да крене кутија од неколку кила. Во Шведска, на пример, не е така, ќе начекаш жени на секакви работни места.
step0001.jpg
 
Roronoa

Македонец
Член од
20 декември 2014
Мислења
74
Поени од реакции
87
се раскукале жените (не сите ама доста ги има) за права, кои права бре ако има некој повеќе права тоа се жените а не мажите нив им се попушта и сл. што ние имаме повеќе од нив ај некој нека ми каже?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom