MikioBo
Учител на машини
- Член од
- 22 ноември 2009
- Мислења
- 256
- Поени од реакции
- 174
Главна причина за брзината на адаптација е тоа што почетната популација која дошла на островот била многу мала (само 10 гуштери). Со оглед на тоа дека гуштерите брзо се размножуваат и дека генетските промени многу побрзо се пропагираат во помала популација, сосема е возможно да дошло до ваква брза промена на популацијата. Јас би претпоставил дека популацијата се поделила на два дела, едниот дел се состои од повеќето единки кои немале никакви мутации и продолжиле да живеат како предатори, а другиот дел (најверојатно потомци на само еден пар од гуштерите) се родиле поголеми (дали поради мутација или гените на родителите), и неможејќи да ловат, започнале да се хранат со вегетацијата.
Значи почетната поделба најверојатно не е настаната како последица на некоја голема мутација (на пример создавање на нов орган), туку едноставно како последица на мала популација на гуштери кои се родиле поголеми и морале да се хранат со вегетација. За нивна среќа, овој остров бил богат со вегетација, така да тие преживеале и почнале да се променуваат, додека овие другиве полека изумирале од недостиг на пленови. Потоа и не е толку чудно да се акумулирале толку промени, со оглед на тоа што сигнификантно се променил начинот на исхрана на гуштерите, затоа што начинот на исхрана е еден од најбитните механизми за преживување на било која единка.
Сепак треба да имаш во предвид дека ова се само мои претпоставки за како сево ова се случило, а јас не сум доволно компетентен за да давам многу доверливи одговори на вакви прашања (не сум посветен биолог, имам само основно познавање од тоа што ме интересира). Најдобро би било да го прочиташ самиот труд каде првпат се опишани овие промени кај овие гуштери.
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2290806/