Некои форумџии напишаа во секоја нормална држава се следи спорт, филмови, музика, репортажи. Точно. На ХРТ 1 има извонредни документарни серии и репортажи за разни земји и региони од светот. Имаат давано документарци за Карибите и тамошните обичаи, за Африка, за Јужна Америка, за разни земји, големи како Франција, или мали земји и острови. Е такво нешто кај нас нема, МРТ 1 даваат понекогаш документарци и толку.
А за спорт, Работничи одигра со вчерашниот натпревар дури 7 натпревари летово во Лига на Европа и 8 натпревар што следниот Четврток ќе го игра во Казањ пак нема да оди на ниту една телевизија, срамота. Овие 8 натпревари кои Работнички ги има летово во Европа останатите домашни клубови заедно во едно лето не можат да одиграат толку натпревари во Европа.
Прашање е дали ако хипотетски Работнички го елиминира Рубин и влезе во групите од Лига на Европа дали и тогаш МРТ ќе ги пренесува натпреварите на Работнички, бидејќи МРТ има право секој Четврток само 1 натпревар да пренесува од Лига Европа, а Работничи сите свои натпревари во Европа ги продал тв правата на некоја си агенција, а домашните телевизии нормално ни да чујат ако нешто треба да платат.
Утринската програма на Канал 5 тапа, Сител само што некое јадење имаат да покажат во нивната утринска програма, МРТ 1 имаше еден ден од минатата работна недела гостин од АМСМ кој збореше околу вадење меѓународна возачка дозвола и зелен картон за одење со автомобил во странство, за условите за добивање на тие документи и ова е добра работа во утринска програма, подобро тоа демек дебатни утрински емисии на Канал 5 и Сител во кои ако гледач го праша водител за мислење или став водителот од страв не смее ништо да каже, а ваму се водат тоа како дебатни емисии, во дебата има разговор и дијалог од сите соговорници а во тие дебатни емисии на Канал 5 и Сител има само монолог.