Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас десетина години уназад пушев по најмалку кутија дневно и во Мај некаде демек пробав да ги откажам ама не успеав па се задоволив со намалување до една кутија на 3 дена. Немав проблем со намалувањето ниту пак некои кризи. Може зашто не си ставив ограничување никакво, него кога ќе ми се пуши да си запалам ама да не претерувам. И сега по препорака од доктор треба да не пушам еден месец за да ми направат после тоа некои испитувања и морав да ги оставам целосно. Избрав баш период кога сум во ПМС и веќе полудувам.
Пушете слим по 1 кутија дневно максимум.
Не реков дека не е опасно,но штом до таков степен има луѓе што неможат да ги откажат,барем нека го одберат помалото зло.Да, тоа е безопасно. Кутија и плус две цигари убиваат, но ако не пушите повеќе од една кутија на ден, тоа е дури здраво.
Не реков дека не е опасно,но штом до таков степен има луѓе што неможат да ги откажат,барем нека го одберат помалото зло.
Сепак има разлика,имам пушено и давидоф слим воопшто не се осеќат,дури и доктор ги препорача на еден мој другар од Скопје.
Пробај кога ќе те фатат кризи место да јадиш или да полудуваш земи едно ливче и пенкало и запишвај во колку сатот те фатило кризата и ќе ти помине (испробаноЈас десетина години уназад пушев по најмалку кутија дневно и во Мај некаде демек пробав да ги откажам ама не успеав па се задоволив со намалување до една кутија на 3 дена. Немав проблем со намалувањето ниту пак некои кризи. Може зашто не си ставив ограничување никакво, него кога ќе ми се пуши да си запалам ама да не претерувам. И сега по препорака од доктор треба да не пушам еден месец за да ми направат после тоа некои испитувања и морав да ги оставам целосно. Избрав баш период кога сум во ПМС и веќе полудувам.
Тешко дека ќе можиш да ги остајш цигарите со техника на намалување.Прва поголема нервоза кога ќе те фати,некој кога ќе ти го пукни филмот, пак ќе маниш 2 кутииЈас ги намалувам постепено. Од по две кутии на ден - 100s, стигнав на една нормална. Ќе си умрам. Све ме нервира и сите ги мразам - особено ако се најдам сама со кафе до мене. Скраја било да пуштам филм или серија и некој таму цигара да запали. Едвај се контролирам. Појма немам шо да правам со рацеве, вртам дрвени боички низ прсти - али не помага, паметот цело време ми е у цигарите.
Крајна цел ми е да дојдам до стадиум каде една кутија два дена ќе ми трае. Мислам дека све поише од тоа би било напрегање за мојава психа до точка на лудило.
Сите доктори се пушачи,ништо чудно. Се чудам и јас ...
Пушат за здравје, само не признаватСите доктори се пушачи,ништо чудно. Се чудам и јас ...
Еден од ретките што велат дека се откажале постепено. Таквото откажување е потешко, измачување е тоа.Еве и јас како поранешен пушач да споделам искуства и совети за откажувањето на цигарите.
Цигарите ги откажав постепено.Пушев по кутија и пол,две дневно.Пола година ми требаше додека ги откажав.
Значи,да се разбереме.Не мора брзање.Цигарите многу тешко се откажуваат наеднаш.Намалувајте постепено,на пример по 1 цигар неделно.Со текот на времето полека полека ќе пушите само кога сте во друштво и тоа ќе биде значителен напредок во откажувањето.Вториот и потешкиот чекор е како да се издржи да не се запали во друштво.Е за овоа треба јака дисциплина.Јас ни самиот не знам како успеав да се воздржам од палење цигар во друштво,само знам дека ми беше многу тешко.Дури и до ден денес понекогаш палам во друштво еднаш во две недели,но сепак овоа е далеку од активно пушење.