Колку се Македонците религиозни?

  • Креатор на темата Креатор на темата karan
  • Време на започнување Време на започнување

Дали верувате во постоењето на Бог? Одберете го одговорот кој најдобро ја опишува вашата позиција.

  • Верувам во постоењето на Бог, така како што е опишано во религиските книги

    Гласови: 38 24,8%
  • Верувам во постоењето на Бог, но не во целосната вистинитост и точност на религиските тврдења

    Гласови: 27 17,6%
  • Не верувам во Бог, но учествувам во религиските обреди кои за мене имаат само традициско значење

    Гласови: 19 12,4%
  • Не верувам во Бог/божества, но возможно е постоење на некој друг вид на виша сила

    Гласови: 14 9,2%
  • Невозможно е да се даде конечен одговор во врска со постоењето на Бог/божества

    Гласови: 16 10,5%
  • Бог/божества и други форми на виша сила не постојат.

    Гласови: 39 25,5%

  • Вкупно гласачи
    153
Иако делува како приказни поради наративно кажување, кога повнимателно ќе се разгледа и размисли се сфаќа дека се работи за внимателно граден и целосно заокружен систем. Дополнително и уште подлабоко се навлегува во разбирање на системот со безбројните толкувања на православните светители.

Би ти одговорил дека рисјанството е збирка на комплетни глупости, но бидејќи ми се допаѓа твојот културен начин на дискусија, како и некои твои размислувања на други теми, нема да влегувам во расправа со тебе.
 
Би ти одговорил дека рисјанството е збирка на комплетни глупости,
Бидејќи не може твојата "скоро совршена" логика да го проумее веднаш е глупост, а оние што мислат различно треба да исчезнат од лицето на земјата. Така ли беше? И претпоставувам истовремено се застапуваш за слобода на мислата либерализсам. На сето ова да тврдиш дека логиката ти е јака (видовме колку е)е малку:shook:
 
Ебате религиозниот народ кога е религиозен само за празници.
Да не зборувам колку се запознаени со сопствената религија или колку ја почитуваат и применуваат.
 
македонците само кога има лапачка се религиози, на семејни слави да се накркаат убаво, на св. трифун да се начукаат итн. У црква идат стари баби само. Не напаѓам никого но така си е:toe:
 
За многумина верата дека нешто натприродно ќе ги извлече од мизеријата, кога веќе не можат сами да се извлечат и кога никој друг не го прави тоа, е последно прибежиште, знак на беспомошност и на очај. Македонците не се толку по верата, колку што се по суеверието. Врз основа на нивните потреби и желби, тие самите се најрелевантни толкувачи на верата.
Нивниот верски живот се сведува на одење в црква на некој празник, во просек два пати годишно при што се залепуваат 10 или повеќе денари на челото на одреден светец (нацртан на икона), палење свеќи и крстење какво што виделе во некој амерички филм со надеж дека ќе добијат повеќе пари на спортска, дека ќе положат на испит, дека ќе си поминат убаво вечер, дека ќе се оженат/омажат. Оние кои навистина немале среќа бараат здравје. Господ знае дека нашево здравство малку се разликува од црква - таму требаат повеќе пари а резултатите се пречесто исти и разочарувачки.
Ги заболе нив за маките на Исус и за десетте заповеди, тие се веќе распнати меѓу очекувањата кои се нереални и можностите кои ги нема.
 
Така. Ќе ја игнорираме теолошката поезија претставена во постовите погоре и ќе ги запрашаме теистите на што според нив се должи поголемата религиозност на населението во Македонија (според резултатите во анкетите за испитување на јавното мислење) споредено со другите држави од поблиското и пошироко опкружување?
 
Колку анкетите се релевантни и репрезетативни е многу дискутабилно, бидејќи многумина просто се декларативно религиозни, тоа претпоставувам е една од причините. Друго Македонија е земја каде што проповедале, подвизувале,твореле и живееле многу светии. До пред комунизмот исто така народот бил навистина религиозен, и верата била не само како декларативност,а начин на живот.
 
И тоа исклучително квалитетен начин на живот. :confused:
 
И тоа исклучително квалитетен начин на живот. :confused:
Оо ти реши да ми прозбориш:):smirce:. Да те потсетам веднаш дека имаш неколку прашања што не си ги забележал најверојатно:sneaky: http://forum.kajgana.com/threads/Духовните-вредности-денес.78612/page-10#post-7344860

Македонија (да речеме) декларативно 90%,се религиозни, Швајцарија горе долу исто што има врска ’’квалитетот на живот’’, со религиозноста.
 
Kolku za sporedba....Makedonija so Gana i NIgerija...Bitno sekoja nedela pari\darovi vo crkva\grobista da se ostava...za da mozat novi mercedesi da se kupat!

Photo Credit: Global Index of Religiosity & Atheism

On the flip side, the world’s most religious countries are also worth examining. Ghana, Nigeria, Armenia, Fiji and Macedonia lead the list. Brazil, which comes in 10th, still has a population of belief that comes in at 85 percent. Here’s the chart:

Објективно, нема начин конечно да се докажи дека Бог не постои, но со оглед на тоа што има илјадници различни религии и нема убедлив доказ за вистинитоста на ниедна од нив, најрационалната опција е тоа дека религијата е проста измислица на човековата фантазија, која служела за објаснение за тогаш необјаснивите појави и случувања во човековиот живот.

Јас сум убеден дека над 50% проценти од тие што се декларираат како религиозни во Македонија, немаат прочитано повеќе од 10 страни од библијата, така да не ми се верува да се некои големи верници.
 
„Објективно„ (какво ли е „тоа„?...) не постои научен мерен/мерлив метод за докажување или побивање на Божјото постоење.

Затоа, постојат други нешта, кои се сами по себе докази за Божјото постоење, а кои не се „научни„ предмети на опсервирање, ниту за нив постојат научни методи и сретства за „мерење„.

На пример, кога науката/науките ќе створат мерен уред за совеста или мерен уред за морално-етичките категории, какви што се „доброто„ и „злото„, тогаш ќе прајме муабет за можните научни методи за докажување и/или побивање на Божјото постоење.

Плус, постојат нешта кои за науките секогаш ќе останат недостапни за увид па истите не ни можат да бидат опсервирани, но можат да бидат трансцедентно толкувани.

Или отшпекулирани...
 
Објективно, нема начин конечно да се докажи дека Бог не постои, но со оглед на тоа што има илјадници различни религии и нема убедлив доказ за вистинитоста на ниедна од нив, најрационалната опција е тоа дека религијата е проста измислица на човековата фантазија, која служела за објаснение за тогаш необјаснивите појави и случувања во човековиот живот.
Објективно не постои начин ниту да се докаже дека постои, а отсуството на доказ се прифаќа како доволна причина за да се каже дека нешто не постои односно не е реално. Докажува оној кој тврди дека нешто постои, а ако беше обратно тогаш ќе бевме должни да го признаеме постоењето на чудовиштето од Лох Нес, Бигфут, розовиот летечки еднорог и безброј други фантазии за коишто некој (или група луѓе) ќе изјави дека е убеден во нивното реално постоење.
Науката досега утврдила дека не постојат, односно никаде не биле набљудувани сили кои се моќни да ги променат природните закони.
 
Според мене ите како постои објективно можност да се докажи дека има Бог, исто како што и може објективно да се докажи дека има еднорози. Треба само да се пронајдат и да можат повторливо да се набљудуваат. На пример, ако некој во денешно време излези да прави чуда, како што прикаските кажуваат Исус дека правел, и сето тоа биде добро документирано, тогаш тоа ќе биде објективен доказ за постоењето на некојси Бог.
Но со оглед на тоа дека вакво нешто се нема случено, најверојатно ни нема да се случи, како што велиш ти за рационалните луѓе единствен логичен заклучок е дека нема Бог, или и да го има дека тој не е релевантен затоа што не интерагира со реалниот свет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom