За многумина верата дека нешто натприродно ќе ги извлече од мизеријата, кога веќе не можат сами да се извлечат и кога никој друг не го прави тоа, е последно прибежиште, знак на беспомошност и на очај. Македонците не се толку по верата, колку што се по суеверието. Врз основа на нивните потреби и желби, тие самите се најрелевантни толкувачи на верата.
Нивниот верски живот се сведува на одење в црква на некој празник, во просек два пати годишно при што се залепуваат 10 или повеќе денари на челото на одреден светец (нацртан на икона), палење свеќи и крстење какво што виделе во некој амерички филм со надеж дека ќе добијат повеќе пари на спортска, дека ќе положат на испит, дека ќе си поминат убаво вечер, дека ќе се оженат/омажат. Оние кои навистина немале среќа бараат здравје. Господ знае дека нашево здравство малку се разликува од црква - таму требаат повеќе пари а резултатите се пречесто исти и разочарувачки.
Ги заболе нив за маките на Исус и за десетте заповеди, тие се веќе распнати меѓу очекувањата кои се нереални и можностите кои ги нема.