Сонови, толкување на сонови

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Здраво..
Може ли некој да ми каже што значи тоа ако сонуваш повеке пати крст на исто место...
Повеќе пати крст е убав знак - ќе живееш во благосостојба - очекувај нешто убаво
 
Член од
30 април 2009
Мислења
107
Поени од реакции
1
и јас имам еден дел од сон. Како одам во парфимерија и разгледувам парфеми. Имало две млади девојки кој работат таму. И јас велам на едната ајде одбери два женски парфеми и кој ти се допадне земи го за себе. Нешто како подарок. Но исто време кон нејзе сум имал чуства, заљубен сум бил на сонот го чуствував тоа и истото и таа го знаела. После тоа таа заминува кај колешката за да бира парфем. толку од тој сон.

друг сон е како наеднаш се возам во кола со уште 4 лица кои не ги знам но не сум имал позитивно мислење како малку во проблем да сум бил. на некој начин испаѓа колава е од стар тип на возило. Јас излегувам и го земам клучот од колата за да не ми заминат , влегувам во продавница како во зграда на приземје. Разгледувам што да купам сум имал чуство како да сум гладен. За кратко сваќам дека не сум баш во регуларна продавница. Дали од порано муабетите што сум слушал и имав чуство како да сум во поранешна Ју, Производите биле едноставни тоа што барав немаше и се беше како од постаро време. И во ред купувам таму плус и некои празни тетратки од оние нашите родители што ги користеле буквално како назад во времето да сум. Завршив и излегувам од таму кога гледам ја нема колата и никој нема,се развртувам и сваќам дека сум во сеганоста видов една онака понова кола а клучот е кај мене од таа другата кола. Погледот го свртувам назад кон продавницата и буквално не е таква како што беше туку заборавена хаос внатре и некои бездомници седат внатре и плус едно куче скитник.
ептен некако научна фантастика ова. ако има некое значење плус ке дообјаснам нешто не можам се наеднаш.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
многу пати сонувам уривање на авион врз мојата куќа или во дворот, јас нкогаш не загинувам во сонот, секогаш сум подалеку од срушувањето, но во сонот испаничено трчам да ги спасам мајка ми и татко ми кои пак се наоѓаат баш во куќата, трчам да ги извадам надвор и пред да се урни авионот, но никогаш не успевам и се будам,онака сонот е толку реален, страшен, секојпат се разбудував препотен и со тахикардија, а сонот се одвива така што отпрво си забележувам авион на небото, тој нормално си лета но одеднаш забрзано почнува да паѓа и удира в куќа или се забива в земја во дворот, има експлозија и баш во тој момент веднаш се будам.... Друг сон: ноќе во мојата куќа има многу луѓе, повеќето не ги познавам, се случува некаква забава или седенка, сите соби се полни со луѓе, и онака некоја весела атмосфера, но одеднаш јас се соочувам со нешто што ме исплашува, не можам да го видам, всушност не знам ни што е, не можам да го видам, па се гаси струјата, тоа " нешто" ме брка низ куќа, јас бегам и постојано ги барам прекинувачите на ѕидот, притиснувам, за да видам што е тоа што ме брка, или кој е,но нема струја, испаничено врескам и се движам судирајќи се со луѓето, а тие не реагираат и така завршува сонот.. јас мислам дека ова ми е некакво предупредување или претскажување на нешто лошо....пишете мислење... поздрав:)

Мое мислење е, тоа што те брка низ куќа и што кога ти треба струја или светло нема, може да се работи за демони или демонски влијанија кои оперираат во твојот живот.
И воедно е предупредување дека куќата односно ти не се напојуваш со струја која ќе ти овозможи да има светлина во твојот живот.
Совет, достави струја во животот, за да не ти биде темен.
Како? Струја ќе доведеш преку молитва кон Господ Исус Христос во тебе, од луѓе и да бараш помош според сонот можеби нема да има корист.
Помоли се прво да ги снема кошмарите, за да спиеш добро, ако се молиш на Господ да те штити и Тој во твојот живот да има најважно место ќе има светлина во куќата односно во тебе, ако постапиш вака нема од што да се плашиш.
А првиот сон можеби е само кошмар.
 
Член од
7 јуни 2015
Мислења
6
Поени од реакции
1
Sonuvav kako vo mominskata kuka mi dosol gatac i na site im ja raskazal idninata samo mojata ne. I koga go isprakav mu vikam kazi mi i mene za mojata idnina. MI vika ti si vo golemi maki (a i navistina sum) nekogo ogo vo kukata go imate sisano 2 pati (kako toa bilo sin mi no vo realnost go imame sisano poveke od 5 pati) ke ti umre . Se rasplakav i vikam koga? Mi vika na 9 godini.
 
Tи си сонувала многу убав сон.
Да сонуваш Шишање значи ќе започнеш нова работа, со голема добивка
Еве сама прочитај
http://www.inter.rs/sanovnik-sh-2.html
А што си сонувала смрт значи дека те чека долг живот, во благосостојба и со многу деца

Се на се треба да честиш за вака убав сон
 
Сонот ти е даден со повеќе цели: да се поттикне кај
тебе страв, грижа, немир и да се истисне радоста од тебе, сонов не ти е од Бога, но е од демонски дух кој
преку твојот немир, страв, сомнеж се храни. За да нема пристап до тебе и твоето дете моли се за тебе и семејството на Господ Исус Христос, за заштита и благосостојба, ако постапиш така нема причина да се плашиш, исто во молитва треба да се покаеш за се што било грев во твојот живот, значи во молитвата кажуваш што си правела и бараш простување од Бога во Името на Исус, така нема има пристап злото во твојот живот, не ти треба поп или свештеник за исповед само искреност во молитвата.
За се што ти тежи во животот моли се како да е веќе разрешено со благодарност што е така, и ќе видиш резултати.
За детето не грижи се.[DOUBLEPOST=1439300551][/DOUBLEPOST]

Не сакам да се правам паметен, но сонот не е убав,
повеќе е како кошмар, не е претскажувачки сон,
а соновникот не е мерило, според него и секој ден да имаш кошмари може да е убаво, но не е така. Самата појава на кошмари не е добра, и треба да се превземе нешто за да ги нема повеќе.
 
Последно уредено:

темава се вика Толкување на сонови, ако не се слагаш со мене дај свое толкување
Инаку ова не е кошмар туку сон - дај свое толкување
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Пред некој ден мајка ми сонувала како доцна вечерта, она веќе била легната, а татко ми сеуште седел на тараса, одоздоле повозрасно машко го прашува дали сака гости, татко ми не го познава но вика повели (тоа бил таткото на мојот бивш дечко), кога во позадина татко ми ги здогледал мојот бивши и мајка му и веднаш не разбудил мене и мајка ми. Мајка ми излегла во пижами и се извинила и рекла дека ќе оди да се пресоблече, а гостите да влезат во соба. Вратата од мојата соба била отворена а кај мене во соба било расфрлено и бившиот ме прашал зошто е такво а јас сум одговорила дека сум досредувала од кречењето. Во тој момент збунето јас сум прашала што бараат, и бившиот клекнал на коленици за да му простам (иначе он на мене ми се налути во реалноста), а после него клекнала и мајка му да бара прошка од мене како божем она е виновна за се, јас сум и рекла да стане и дека она нема никаква вина, дека само јас и он сме виновни, и во тој момент исто така он извадил прстен за да ме побара за жена, јас сум прифатила, станал, ме гушнал и ме бакнал, а мајка ми само прашала дали сме сигурни дека сакаме да се земеме после се што поминавме, но ние сме рекле да. Тогаш мајка ми му се јавила на брат ми да купи нешто за пиење, он земал сокови, пиво...а меѓу другото и шампањско и бил многу радосен кога слушнал дека со него ќе се земам и одма на другар му му се јавил за да го земе пиштолот од кај него и со него испукал за да пукнеле душманите :) зошто многу ни завидуваа на мене и на тој дечко додека бевме заедно.
Одпосле мајка ми се јавила кај некои роднини и сите биле пресрекни и плачеле од радост дека со него ќе се земам, а исто така и мајка ми во сонот премногу плачела од радост....

Има ли сонов некое значење...
Фала :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Има ли сонов некое значење...
Фала :)
Јас мислам дека сонот има значење.
Треба да поразговараш со бившиот и да му објасниш дека тој е виновен за твоите постапки и дека е време да се смирите
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Јас мислам дека сонот има значење.
Треба да поразговараш со бившиот и да му објасниш дека тој е виновен за твоите постапки и дека е време да се смирите
хахахаххахахаххахахахахахахаххаха
а инатото, гордоста и маското его како ке ги погазиме? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom