- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.851
- Поени од реакции
- 9.763
Шо извади подобар центаршут со десна, отколку со лева цело време

Шнајдерлин да се пофали прво. Машина е братот. Балансот кој го бараше ЛВГ, а го гледаше во Стротман пред да се повреди го доби во Шнајдерлин и покрај Дармиан ми се чини дека најважен трансфер за летово. Керик имаше лоша партија, но мислам дека е време ЛВГ да почне добра ротација да му прави зошто не можи да биде стартер нон стоп.
Чича е џокер од клупа и нуди освежување во нападот, така да мислам дека летово нема да се пазари напаѓач. Јанузај покажа добри движења денес, се гледа дека голот против Вила го ослободил психички и покажа добра партија. Мата не ме импресионира, доста е бавен и цело време е со грб кон голот така да мора да оди во средина или да враќа назад.
Смолинг е презрел и презаслужно е трет капитен. Криво ми е што лани 5ката ојде кај Рохо, а се надевав дека ќе ја лапни Смолинг. Засега со Блинд се одлични .
И за крај Депај е играчиште...Донесовме нов лидер, ново име кое што ќе ги менува нештата и се надевам враќање на гордоста и легендарноста во бројот 7.