Кој е според вас потценет изведувач/бенд?

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.650
Поени од реакции
31.879
Возраст
34
Слично на темата за преценети, еве една обратна тема за потценети. Јасен е насловот, немам многу да ја дрвам во воведот. Според ваши критериуми секако, кој изведувач/бенд е потценет? Потценувањето како термин можи да опфаќа повеќе работи, од техничка спремност на бендот (која наидува на умаловажување од страна на публиката и непризнавање) па се до недоволно внимание на бендот од слушателите, и негово игнорирање.

Еве јас би го вметнал ко за почеток целиот slowcore правец, од едноставна причина што тие 90-ти години беа години на гранџ музиката, па така многу бендови останаа незабележани покрај Нираван, Pearl Jam, Soundgarden, Alice in chains и слично.

Low - Monkey (OFFICIAL VIDEO)
Red House Painters - Song For A Blue Guitar
Idaho "To Be The One" live Torquin FR '02

Ќе продолжам понатаму.
 
овие некако ми се незабележани, дали пошо имаат само една песна, дали дека се од Виница незз..
 
Ајде бе шо сте се усрамиле....
 
Всушност кога ќе размислам подобро, GnR. Kомерцијализирани да, но повеќе музичката јавност била фокусирана на односите помеѓу Слеш и Роус, отколку на нивната музика. Барем тоа е мојот впечаток. На ,,Забрањено пушење'' исто ми текнува во моментот. Еден од најгенијалните бендови на Балканот, со толку добри и реални текстови кои продираат до срце. А секогаш биле во сенка на некои други, ,,мех'' бендови на овие простори.








На пример.
 
Кога веќе спомнавте progressive rock, еве еден понов бенд кој е целосно непознат, но за мене едниот албум кој го имаат е еден од поинтересните progressive rock албуми кои ги имам слушнато во поново време.

 
Дефинитивно Џетро Тул... можеби биле познати во минатото, ама секогаш биле во сенка на Лед Зепелин, Дип Парпл, Блек Сабат, Ролинг Стонс и останатите. А за во денешно време ептен заборавени, а стварно добра музика произведувале
 
Haken кои наликуваат на Dream theater
Karcius - fusion jazz бенд, со мал дел на прогресив.
 
The Sound од пост панк ерата. Бендот откостува рамо до рамо со најпробиените и носителите на правецот.
 
Дефинитивно Bad Liquor Pond.

Удира на психоделија, но има нешто чудно во звукот. Посебно во Hallways, не знаеш дали е тажна или весела песна. Доколку имам моќ да направам некој бенд познат, тоа сигурно би биле они.

Бонус интервју
 
Исто мислам Мугер Фугер во Македонија, додека Свирко Поповци ги турка неговите љубимци низ студиото, паѓаат во сенка. А се квалитетен бенд, продолжение на старата школа бендови.
 
Не знам дали некој овде има слушнато за KEN mode, многу добар noise rock/hardcore бенд, еден од моите омилени воопшто. Веќе 20 години прават музика и последниве години нешто повеќе exposure (добија Juno Award во Канада), но според мене заслужуваат да се многу попознати.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom