- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 8.235
Овој дел вака. Јас муабетот го правам пошто најчесто се соочувам со аргументи од типот „ова не е музика, нема музичка вредност“, ти текнува? И јас на тоа викам, океј бе, нека не е музика. Ајде, не е музика, нека е обично гомно. Ми се свиѓа звукот, шта чеш. Кој како сака нека го дефинира, мене тоа ми се свиѓа, тоа е тоа. Не планирам да ја бранам таа „музика“. Целта ми е да ги бранам луѓето кои ја слушаат оваа „музика“, бидејќи и јас спаѓам во тие луѓе.
Не браниш никого. Нема тука множина. Дури не се браниш ни сам себе, Рики. Ти се промовираш. Ти го користиш ова неодбранливо нешто, овој ужас, оваа навреда за сетила и осет за естетика и хармонија за да се претставиш како величина која и покрај тоа што ужива во сите овие продукти на ниските страсти, не губи од својата....претпознатливост во....соѕвездието.

Е стој сеа. Да, го извртев накај мене. Ама зошто? Еве врати се на првиот пост на кој реплицирав. Членот вика „Одвратно, и не само тоа туку што е најстрашно е и погубно. Немање слух за жал е тесно поврзано со тежок облик на простоќа, само што не е нешто што може лесно секој да го примети“. Го прашав дали ова значи дека јас сум прост, и тој потврди. Од тука јас решив да го вртам муабетот накај мене, зашто муабетот за мене е почнат од моментот кога тој почна да ги осудува луѓето како мене. Она што јас го правам е, ги користам моите позитивни квалитети за да ги одбранам овие замислени „негативни“. Бидејќи некој се осмелил да рече дека јас сум прост, базирано врз ништо друго, освен вкус за музика. Што за мене е многу по „просто“. Како може да дефинираш човек ако знаеш само една и единствена информација за него, а и таа не е толку битна. Такашто, да, важи тоа што го пишав горе. Мене не ми е толку целта да полемизирам за музиката, колку што ми е цел да се одбранам кога сум нападнат. Знаеш, едно е човек да ти рече „немаш добар вкус“. Океј, ми е гајле. Ама друго е некој да ти рече „глуп си штом слушаш ова“.
Не, не. Не, Рики. Кога ти викаат дека си дудук за музика, значи остануваат на тоа дека си дудук за таа една работа. И дудук си, биди жив и здрав. Кога се дебатира за музика, термините се такви апсолутни затоа што и разговорот е за таа една работа. Горе пробав да ти илустрирам во примерот со лајното. Ако е темата лајно, а ти си згазил на лајно и го носиш залепено за патика, тоа е единствено битно на таа тема, а не колку ти добро ја лапаш женска ти или ја слушаш мајка ти. Тие глупости не постојат на тема за лајно. Колку ти си срцка на други полиња е ирелевантно на тема за музика. Затоа што муабетот е за музика, Рики. In absolutes. Затоа, кога некој на тема за музика ќе ти рече "ти си Рики, цар на дудуците", не ни мора да става загради каде објаснува дека контекстот е музика оти се факинг подразбира бе, Рики, бе.

Ја Рики, сум дудук по математика. У средно ми предаваше една далечна братучетка на Бранко Црвенковски и кога ми заокружуваше тројки и двојки на полугодие и ме прашуваше дали сум задоволен, и викав дека "сум задоволен колку некој шо штедел у ТАТ", "како Киро кога го известиле дека го изгубил окото", "како Борис додека паѓал авионот". Со овакви итри реплики некој може ќе каже дека сум бил остроумен, Рики, дека сум имал некоја силна проникливост и итрина додека сум ја заебавал далечната братучетка на Бранко Црвенковски, ама пак у дневник ми останувале двојки и тројки оти сум бил дудук по математика.
Едно нешто морам да ти признаам. Толку си бил упорен и инаетлив, па си успеал да ја продадеш оваа приказна дека лоцирање невкус е ад хоминем кон личност, па и модератори во подфорумов ставаат некои срамежливи предупредувања да "не се навредуваат членовите на форумов". I am here to change that, о Рики.
