Го погледнав филмот Zeitgeist. Напросто сум импресиониран од знаењето на авторот.
Знаеш ли драги
@Ipsissimus, кој е овој бог?
Ова е богот Ра! Авторов не ни знае како изгледа Хорус.
Ra's human body and falcon head were often similar to depictions of the god Horus , the difference being that Horus wore a crown on his head while Ra God were the disk of the sun encircled by a cobra .
http://www.ancient-egypt.info/2012/02/ra-god-of-sun-ra-god-facts-card-ancient.html
После во филмот се појавува и ваков кадар:
A и ваков, каде Сонцето „умира“ на соѕвездието Јужен Крст!
Патеката по која се движи Сонцето се нарекува еклиптика. Знаеш ли зимскиот сонцестој колку е оддалечен од Јужниот Крст!?
Погледни на мапава каде се наоѓа еклиптиката, каде Јужниот Крст, а каде зимскиот сонцестој:
Гледаш ли која ректасцензија и деклинација има Јужниот Крст?
Ректасцензијата му е 12 часот и 30 минути, што одговара на зодијачкото соѕвездие Девица и само 30 минути по
есенската рамнодневица!
Деклинацијата му е −55° до -65°, што е за 30° појужно од
зимскиот сонцестој! А воедно и поголемо растојание отколку што е растојанието помеѓу рамнодневиците и сонцестоите кое изнесува 23.5°.
Прашањето е:
Како и кога Сонцето поминува преку соѕвездието Јужен Крст како што е прикажано во филмов?
Трагикомедија
!