Живот со плата од 200 евра

Член од
12 мај 2015
Мислења
90
Поени од реакции
113

Според Државниот завод за статистика, само во 300 од вкупно 63 илјади деловни субјекти се делат плати од 800 и повеќе евра



Државниот завод за статистиката обелодени нешто што им беше јасно на повеќето македонски граѓани. Најголемиот дел од работодавците во државава им исплатуваат на своите вработени плати меѓу 11 и 12 илјади денари. Според најновите податоци на Државниот завод, објавени во најновата публикација „Вработени и нето-плати“, од вкупно 62.931 деловен субјект лани во октомври, најголемиот дел или кај 17.370 од нив најниската нето-плата изнесува 200 евра. По нив следуваат 9.871 компании кои даваат нето-плата од 8 до 9 илјади денари. Износи меѓу 15 и 16 илјади месечно или околу 250 евра исплатувале 916 компании, додека 771 фирма во просек им давале на своите вработени меѓу 25 и 30 илјади месечно. Најмалку, или само 300 македонски фирми делеле највисоки плати од 50 и над 50 илјади денари. Од овие 300 субјекти, поголемиот дел или 190 им припаѓаат на групите: „Стручни, научни и технички дејности“ и „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“.

Инаку, од вкупниот број деловни субјекти во земјава, најголем број или 23.042 се во трговијата на големо и мало, поправка и сервис на моторни возила. И во овие дејности најголемиот дел на вработени имаат нето-плата од 10 до 11 илјади денари. Со ист износ на нето-плата се и вработените во преработувачката индустрија, која според статистиката, е втората по ред дејност со најмногу вработени.

Според Статистика, просечната плата исплатена во март годинава изнесува 21.402 денари и таа е на речиси истото ниво со години наназад, при постојан пораст на цените на храната и на услугите. На пример, просечната плата во 2010 година изнесуваше 20.330 денари. Ако се видат табелите ќе се забележи дека просекот секогаш го „билдаат“, всушност, платите во енергетскиот сектор, финансиските дејности, телекомуникациите, здравството и рударството каде што просекот се движи од 25 илјади денари до 40 илјади.

Како што стојат работите на економски план, платите во земјава веројатно уште некое време ќе го задржат на ова ниво, кое е многу пониско, не само од европските и светските трендови, туку и од соседните. На пример, просечната плата во Србија е 400 евра, во Хрватска - 730 евра, во Црна Гора 470 евра, во БиХ 420, а во Словенија 990 евра. Според Меѓународната организација на трудот, додека просекот во Македонија е 340 евра или 415 долари, лани просечната плата на светско ниво изнесувала 1.600 долари. При тоа, просекот во развиените земји бил 3.000 долари, мерено спрема куповната моќ, а во земјите во развој - 1.000 долари.
Македонските граѓани се соочуваат со невозможна мисија за да го преживеат месецот со плати кои освен за сметки недостасуваат за други потреби. Сојузот на синдикати пресмета дека 530 евра му се потребни на едно семејство за да го преживее месецот, а реалната ситуација покажува дека голем дел од граѓаните имаат потпросечни плати од 12 илјади денари, а камо ли просени во висина од 300 евра. За нив се недостижни тие 500 евра и велат дека е многу тешко да ги заработат. Треба да се бара решение и Македонија не може да си дозволи да чека долго, велат некои луѓе.

„Петстотини евра? Јас не знам пријател да зема толку пари, обично е 10 илјади 12 илјади, 15 илјади до 18 илјади, дури знам дека луѓе немаат никакви примања.“

„Споменици, фонтани сите тие работи, нема потреба да се лупаат толку пари, значи може на нешто многу побитно и автоматски може и да се зголемат платите и да дојдат луѓето до 500 евра, а не ние со 200 евра.“

„Ние сме светски феномени во преживување, мислам дека на друго место вака не се преживува како во Македонија, еве пак преживуваме некако, ама мислам дека уште малку ќе трае ова, мислам дека револтот кај луѓето е голем, не знам“, велат анкетираните граѓани.

Дел од граѓаните сметаат дека за да заработат пари доволни за да го преживеат месецот треба да работат без престан во месецот. Други наведуваат дека треба да си снаодлив за да преживееш.

„Многу тешко, дополнително треба да работиш и после работното време, за да преживееш и тоа не стигнува баш многу. 24/7 треба да бидеш активен за да преживееш.

Задолжени сме сите, вадиш од една картичка ставаш на друга картичка, кредити земаш, ама до кога ќе може кредити да се земаат?“

„Струја, вода, парно и ред други работи и не останува, не дај боже на лекар да отидеш“, велат анкетираните граѓани.

Според анализата на Синдикатот ако се направи споредба меѓу просечната месечно нето палта од 348 евра и синдикалната потрошувачка кошница од 530 евра под претпоставка дека тоа се единствени приходи на едно домаќинство, тогаш резултатот е дека на тоа семејство во текот на месецот му недостасуваат 182 евра за да ги покрие основните животни трошоци.

Економистите велат дека стапките на економски раст кои ги оствари Македонија во последните години не се пресликаа врз животниот стандард и оти нивото на плати е под потребно ниво за задоволување на основната кошничка на производи и услуги. Професор Зоран Ивановски објаснува дека тоа е резултат на ниското ниво на инвестиции и ниското ниво на продуктивност на трудот.

„Исто така пазарот на трудот се уште е соочен со поголема понуда што се пресликува на ниското ниво на плати. Излезот е нови инвестиции и раст на националната економија што во иднина ќе се преслика на пазарот на трудот, а тоа ќе значи зголемување на платите.“

Пораката на економистите е дека треба да се отвори и прашањето на дистрибуцијата на доходот во Македонија, но дека треба да има предвид и потребата да се разгледа и можноста за некои измени во социјалната политика за да може најранливите категории граѓани да успеат некако да го поминат што е можно понормално својот живот без да бидат лишени од основните потреби.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Нема врска, ве лажат соросоидите... просечната плата во Македонија е 21.000 денари
Просечна а колку има што се под просек? Продавачка во колонија, шивачка во конфекција, сметководител, хигиеничар.. итн итн да не наборјувам? Они по 18-19 да не зимаат? 10-11 максимум. Огласите од АВРМ што ги дава се 80% со плата 9-13.000 денари. И државните службеници симаат по 12-15.000. Просечна плата 21.000 може во кабинет или на раководна функција.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 1115.jpg so taa plata samo ova 3 pati na den, ama sreka sto tie so tie plati najcesto od vnatresnosta imaat i nesto da skinat od bavcata ili pak i da izmolzat ili zakolat bar za Veligden ili Bozik. Idi so 200 E opstani cisto gradski zivot JOK.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.567
Поени од реакции
11.694

Според Државниот завод за статистика, само во 300 од вкупно 63 илјади деловни субјекти се делат плати од 800 и повеќе евра



Државниот завод за статистиката обелодени нешто што им беше јасно на повеќето македонски граѓани. Најголемиот дел од работодавците во државава им исплатуваат на своите вработени плати меѓу 11 и 12 илјади денари. Според најновите податоци на Државниот завод, објавени во најновата публикација „Вработени и нето-плати“, од вкупно 62.931 деловен субјект лани во октомври, најголемиот дел или кај 17.370 од нив најниската нето-плата изнесува 200 евра. По нив следуваат 9.871 компании кои даваат нето-плата од 8 до 9 илјади денари. Износи меѓу 15 и 16 илјади месечно или околу 250 евра исплатувале 916 компании, додека 771 фирма во просек им давале на своите вработени меѓу 25 и 30 илјади месечно. Најмалку, или само 300 македонски фирми делеле највисоки плати од 50 и над 50 илјади денари. Од овие 300 субјекти, поголемиот дел или 190 им припаѓаат на групите: „Стручни, научни и технички дејности“ и „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“.

Инаку, од вкупниот број деловни субјекти во земјава, најголем број или 23.042 се во трговијата на големо и мало, поправка и сервис на моторни возила. И во овие дејности најголемиот дел на вработени имаат нето-плата од 10 до 11 илјади денари. Со ист износ на нето-плата се и вработените во преработувачката индустрија, која според статистиката, е втората по ред дејност со најмногу вработени.

Според Статистика, просечната плата исплатена во март годинава изнесува 21.402 денари и таа е на речиси истото ниво со години наназад, при постојан пораст на цените на храната и на услугите. На пример, просечната плата во 2010 година изнесуваше 20.330 денари. Ако се видат табелите ќе се забележи дека просекот секогаш го „билдаат“, всушност, платите во енергетскиот сектор, финансиските дејности, телекомуникациите, здравството и рударството каде што просекот се движи од 25 илјади денари до 40 илјади.

Како што стојат работите на економски план, платите во земјава веројатно уште некое време ќе го задржат на ова ниво, кое е многу пониско, не само од европските и светските трендови, туку и од соседните. На пример, просечната плата во Србија е 400 евра, во Хрватска - 730 евра, во Црна Гора 470 евра, во БиХ 420, а во Словенија 990 евра. Според Меѓународната организација на трудот, додека просекот во Македонија е 340 евра или 415 долари, лани просечната плата на светско ниво изнесувала 1.600 долари. При тоа, просекот во развиените земји бил 3.000 долари, мерено спрема куповната моќ, а во земјите во развој - 1.000 долари.
Македонските граѓани се соочуваат со невозможна мисија за да го преживеат месецот со плати кои освен за сметки недостасуваат за други потреби. Сојузот на синдикати пресмета дека 530 евра му се потребни на едно семејство за да го преживее месецот, а реалната ситуација покажува дека голем дел од граѓаните имаат потпросечни плати од 12 илјади денари, а камо ли просени во висина од 300 евра. За нив се недостижни тие 500 евра и велат дека е многу тешко да ги заработат. Треба да се бара решение и Македонија не може да си дозволи да чека долго, велат некои луѓе.

„Петстотини евра? Јас не знам пријател да зема толку пари, обично е 10 илјади 12 илјади, 15 илјади до 18 илјади, дури знам дека луѓе немаат никакви примања.“

„Споменици, фонтани сите тие работи, нема потреба да се лупаат толку пари, значи може на нешто многу побитно и автоматски може и да се зголемат платите и да дојдат луѓето до 500 евра, а не ние со 200 евра.“

„Ние сме светски феномени во преживување, мислам дека на друго место вака не се преживува како во Македонија, еве пак преживуваме некако, ама мислам дека уште малку ќе трае ова, мислам дека револтот кај луѓето е голем, не знам“, велат анкетираните граѓани.

Дел од граѓаните сметаат дека за да заработат пари доволни за да го преживеат месецот треба да работат без престан во месецот. Други наведуваат дека треба да си снаодлив за да преживееш.

„Многу тешко, дополнително треба да работиш и после работното време, за да преживееш и тоа не стигнува баш многу. 24/7 треба да бидеш активен за да преживееш.

Задолжени сме сите, вадиш од една картичка ставаш на друга картичка, кредити земаш, ама до кога ќе може кредити да се земаат?“

„Струја, вода, парно и ред други работи и не останува, не дај боже на лекар да отидеш“, велат анкетираните граѓани.

Според анализата на Синдикатот ако се направи споредба меѓу просечната месечно нето палта од 348 евра и синдикалната потрошувачка кошница од 530 евра под претпоставка дека тоа се единствени приходи на едно домаќинство, тогаш резултатот е дека на тоа семејство во текот на месецот му недостасуваат 182 евра за да ги покрие основните животни трошоци.

Економистите велат дека стапките на економски раст кои ги оствари Македонија во последните години не се пресликаа врз животниот стандард и оти нивото на плати е под потребно ниво за задоволување на основната кошничка на производи и услуги. Професор Зоран Ивановски објаснува дека тоа е резултат на ниското ниво на инвестиции и ниското ниво на продуктивност на трудот.

„Исто така пазарот на трудот се уште е соочен со поголема понуда што се пресликува на ниското ниво на плати. Излезот е нови инвестиции и раст на националната економија што во иднина ќе се преслика на пазарот на трудот, а тоа ќе значи зголемување на платите.“

Пораката на економистите е дека треба да се отвори и прашањето на дистрибуцијата на доходот во Македонија, но дека треба да има предвид и потребата да се разгледа и можноста за некои измени во социјалната политика за да може најранливите категории граѓани да успеат некако да го поминат што е можно понормално својот живот без да бидат лишени од основните потреби.
Во Македонија со минималната плата, исто како и со платата од 200 евра, не се живее, туку се преживува.

Тие кои сакаат да живеат, си ги пакуваат парталите и фаќаат џаде во странство каде што се живее, наместо да се преживува.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
311
Поени од реакции
302
12 000 се премногу. Се кладам дека со 3-4000 би преживеале 95 посто од рајава. Со платени патни трошоци (контрабус) и по една ракија в комитет.
- 1000ден кабелска и интернет
- 30дена по 1 леб = 600ден
- 2000ден за секој ден на кафе
- Останува и некоја стотка за в кладилница. Сметките и манџата од пензијата на старите.
 
S

StormRage

Гостин
12 000 се премногу. Се кладам дека со 3-4000 би преживеале 95 посто од рајава. Со платени патни трошоци (контрабус) и по една ракија в комитет.
- 1000ден кабелска и интернет
- 30дена по 1 леб = 600ден
- 2000ден за секој ден на кафе
- Останува и некоја стотка за в кладилница. Сметките од пензијата на старите.
уште пострашно има премногу вакви... а чак ретко кој од нив и тие 12000 си ги заработува самиот.

Генерално, 12 000 се преживување, не живот.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.049
Поени од реакции
7.090
Ако не ви стигаат 200 евра, одете берете старо железо или пластични шишиња.
 
Член од
10 јануари 2015
Мислења
225
Поени од реакции
104
Ако не ви стигаат 200 евра, одете берете старо железо или пластични шишиња.
Џабе, данок почнаја и за тоа да наплаќаат, не вреди да им го чистиш ѓубрето.

Просечна плата во Македонија е 20.000 мкд, али како се добива тој просек? Народот што зема по 10,000 плата а овие политичариве по 20,000 €.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.049
Поени од реакции
7.090
Џабе, данок почнаја и за тоа да наплаќаат, не вреди да им го чистиш ѓубрето.

Просечна плата во Македонија е 20.000 мкд, али како се добива тој просек? Народот што зема по 10,000 плата а овие политичариве по 20,000 €.
Политичарите и нивните влијателни војници зимат по милионски суми и го покачуваат просекот.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
200 200 а ништо? Да не ви беше поарно додека беа комуњарите на влаС?
Инаку и тие 200 првично што ги даваат стигнуваат до 100. Првиот месец да те залаже ќе ти дае 200 евра еј топ ќе си речеш, со тек на време по 500 по 1000 ќе ти крати и до пензија ќе се радуваш на 100 евра месец...
Да не те натера враг кредит да земеш и да го спичкаш за месец дена, е тогаш бураз јамката околу врат, ништо друго не те спасува :)
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.033
Поени од реакции
12.190
Порано со 120Е се живееше, добро е... Има напредок...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom