Немав идеја вчера вечер кој хорор да го гледам, и влегов на темава, да видам што препорачуваат ... и го видов твојот последен пост на темава, и викам, ај ... ќе го пуштам филмов.
Генерално имаше добри сцени и моменти, али беше далеку од оние вистински хорори што убаво ќе ме здрмаат, за после да ми биде шубе да отидам до ВЦ што се вели
Или па можда од што имам толку многу хорори изгледано, веќе сум отрпнала на психички страв после хоророт ... и сум ги качила високо моите стандарди за добар хорор. П.с. Не се страшни нешто особено, ама ако си фрик по хорори, веруј ниеден веќе нема да те плаши.
Е сеа ... гледам Insidious 3 го фалите, не сум ги гледала 1 и 2 ... па дали е поврзана приказната на 3 со 1 и 2, или не е?
За да знам дали да ги гледам 1 и 2 ... или ако не се поврзани, да идам директива на Insidious 3?