Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Има ама колку што јас знам нема никаква разлика помеѓу оние за кучиња и оние за луѓе. Во фауна пет шоп имаа такви апчиња од канина, пак ќе ти кажам иди во зегин има едни 420 денари или така нешто голема кутија за луѓе и давај од нив слободно
Во количина за човек да и' давам?
 
Ве молам за совет:) Имам малтезер стара е 2 години и моментално е бремена прв пат. Што и како да правам (на што да внимавам) во текот на окучувањето? Pls help me :(
 
Малку ми е незгодно да прашам вакво прашање али форум е за дискусии е... Дали вашиве кучиња мастурбираат ? Мојава е 15 години стара ем е хисперактомија правена (вадење полови органи) ем па лом си ја прави таквата. Најмалку еднаш во денот. Незнам дали и како кај машкиве кучиња функционира ова. :)
 
Ovariohisterektomija.
 
Ве молам за совет:) Имам малтезер стара е 2 години и моментално е бремена прв пат. Што и како да правам (на што да внимавам) во текот на окучувањето? Pls help me :(

Само ќе и ја зголемиш дозата на храна, бидејќи ќе и биде потребно да ги нахрани и кутрињата. Таа сама ке се окучи, ке се скрие на некое место и ке си ја заврши работата, сама ке се исчисти, ке ги исчисти бебињата и готово. :) Немој воопшто да се секираш мојата кучка 2 пати беше бремена и знам како е.
 
Пошто читав тука како ги гушиле како умирале затоа малку паника ме фана :eek:
 
Имам 4 кученца (лабрадорчиња) стари се 14 дена, и пред недела дена останаа без мајка. Ги хранам со млеко преку цуцла и до вчера им давав да јадат на секој 3-4 часа. Многу често фаќаат пролиф, и вчера ветеринарот ми рече едно мало шишенце да го пијат цел ден. Ама пустите од кога им го намалив јадењето премногу циваат и само цуцка ги смирува. Исправно е воа што ми го кажа ветеринарот (оти реално едно шишенце за еден ден е малце) или да продолжам да ги ранам како до сега. Помош?
 
Со какво млеко ги храниш?
 
Млеко битолско во тетрапак пакување растворено со малку вода
Тоа не е доволно за да изгледаш кутриња, многу се мали. Ти треба формула за кутриња. Брит и Ројал имаат млеко во прав за кутриња, скапо е али ќе ти помогне. Побарај од Лу контакт за дистрибутерот на брит. Ке ги храниш според упатството. И јас така го исчував леглото. Има ли нешто како бели топчиња во тоа што излегува од нив?
 
Ем кравјо, ем растворено? Па ќе им уништиш бубрези на кутрињата и прашање е воопшто дали ќе ти преживеат. Кучката има далеку по масно млеко од кравјото. Што значи- не треба да го раствараш туку треба да го направиш по масно да е.

Ќе си земеш козјо млеко, во 200 мл. една жолчка од јајце, ќе ја измешаш убаво и ќе ставиш една мала лажичка маслиново масло (за да можат полесно да какаат) и обавезно ќе им ги трљаш газињата.
Проверен рецепт, десетици цицалчиња сум изгледала вака.

Ај те молам, кажи ми кој ветеринар ти кажа растворено кравјо млеко да даваш за да одам и душа да му извадам! :facepalm:
Се повеќе и повеќе се разочарувам од ветеринариве... на секој чекор по нов неписмен излегува...[DOUBLEPOST=1439670387][/DOUBLEPOST]

Од овие формули (таа на Ројал конкретно ја имам користено) кутрињата не можеа да какаат.
Подобро од home made формула, до сега ништо друго не било.
 
Последно уредено:

Sekoj so razlicno iskustvo. Jas legloto go podignav na Brit. Potrosiv dve kanticki mleko vo prav. A imam i prijatel sto vo Srbija podigase leglo labradori na Royal taka da individualno e.
 
На мојов цело лето мувите буквално му ги изнасераа ушите и никако да најдам соодветен лек за тоа земав маст од таа флого ли како беше 350 ден. му помина за кратко и сега пак е исто. Некое подолготрајно решение некој да ми каже?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom