Полагање за Б категорија - искуства со автошколи

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilievski1997
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 септември 2013
Мислења
43
Поени од реакции
12
Локација
Штип
Поздрав дечки, не најдов слична тема, ако е грешка категорија нека ја премести админ ;) Сакам да полагам но не знам која автошкола да ја одберам, па би ми годело по некој совет и искуство, околу инструктори, коли, плаќање и сл. (Скопје)
 
Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

Веќе ваква слична тема каде што можеш да прашаш.

Инаку јас полагав во Идол бидејќи повеќето што ги прашував ме упатија тука, пред се бидејќи навистина имаат љубезни иструктори а и не е скапо.
 
Шо и да одбериш е same shit. Работата е шо ќе паѓаш 2-3 пати, па после ќе си платиш одредена сума и ќе те пуштат. Многу е корумпирано. Воглавно се паѓа на градска.
 
Само немој Џовани. Јас кога полагав, 2 дена претходно...ни рачна фаќа, ни квачило...па мајки шајки, после мислиш болид возиш. Полагај полигон и градска одеднаш, не како мене едното овој месец, другото после 2 месеца.
 
Се исто ти се фаќа, АР-ДИ мислам дека се најевтини додека АМСМ најскапи за часови. Но како и да е, ќе исполниш квота од 2-3 паѓања, и после ќе те пуштат, ќе решат дека си научил да возиш.

Сепак, можеш да ја имаш честа да бидеш последен на листа и да бидеш почестен положување со тоа што ќе ја вратиш комисијата назад во АМСМ. :)
 
Јас кога полагав, полагав во Тетово, беше ептен корумпирано. Сега гледам и брат ми полагаше пред 1 година во Тетово, па мораше со врски да пројде се од прва, инаку и комисијата му кажаа дека ќе го обореле да немал врски.
 
Толку го бивало брат ти.
 
Здраво имам едно прашање во врска со полагање на 16 години. Одличен успех треба последната година од навршувањето на 16 години. Јас 16 години ќе имам наполнето 2ра година второ полугодие. Дали треба прва да сум само одличен или мора и втора година?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom