Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Позади “потенцирам“ неможеш да ја сокриеш “погрешната интерпретација“ укапирај веќе еднаш!(n)

Сакаш ли да бидеш со Бог или несакаш = Суд Божји,Судија, Бог,:love:. Доволно ли е просто?:rolleyes:
Сакањето нема врска со муабетов! Нема ништо погрешно во мојата теза, едноставно е! Ако се потекнува од Бог, апсурдно е истиот да биде во улога на судија! Бидејќи што и да прогласи за непотребно, штетно, погрешно, истото потекнува од него или било допуштено од него! Што значи, сам себе би се демантирал дека е безгрешен и дека се е според неговата промисла.
 
Уште едно просто(бидејќи глумиш поголем христијанин од христијаните), као за тебе објаснување:
https://www.youtube.com/watch?t=19&v=mc-GECaxnuE
Не глумам јас ништо, само изнесувам теза каде е очигледна апсурдноста Бог да биде судија, т.е од негов аспект да постојат погрешни, непотребни и штетни нешта! Бидејќи ако се потекнува од него, тогаш и тоа што тој ќе го прогласи за непотребно, штетно, зло и слично, ќе потекнува од него!
Е сега, во видеово свештеников се обидува да направи спин, каде изнесува теза дека нема пекол, туку "страшниот суд" бил момент кога сите и се се наоѓаат во една иста состојба, но за едни таа ќе биде рај и ќе им годи, а за другите ќе биде пекол и ќе ги измачува. Се поставува неизбежно прашањето, зошто Бог создал битија, чија природа ќе биде во конфликт со состојбата опишана во видеото? Зошто Бог како безгрешен и сезнаен, не предвидел и не го спречил нивното страдање? Зошто воопшто допуштил состојба како што е страдањето, доколку таа е нешто зло, непотребно?
 
Последно уредено:
Зошто Бог како безгрешен и сезнаен, не предвидел и не го спречил нивното страдање? Зошто воопшто допуштил состојба како што е страдањето, доколку таа е нешто зло, непотребно?
За утврдување на оние што „сакаат“. А оние што не „сакаат“ се враќаат во ex nihilo состојба што и се разбира под страдање и зло т.е. што може да постои без Бог?.
Значи нема ништо непотребно, напротив све е Божја Волја со чие делување не се прави никаква промена во Бог = Совршенство.
 
Дали според ова, за Бог, од негова перспектива не постои ништо непотребно, штетно, зло?
 
Апсолутно!
Тогаш со кое право се дрзнувате да тврдите за другите дека се "грешни"? Дека нивното поимање и разбирање на Бог е погрешно? Дека во светот постоело зло?
 
Тогаш со кое право се дрзнувате да тврдите за другите дека се "грешни"? Дека нивното поимање и разбирање на Бог е погрешно? Дека во светот постоело зло?
Не бре душо, напротив!
Христијанинот се моли за сите луѓе, грешници т.е. потенцијанлно непостоечки без Бог, од кои прв како грешник т.е. создаден од непостоење е самиот.
Укажувањето за грешноста и гревот е љубов кон „другиот“ е затоа што реално сите сме смртни, христијанинот во „другиот “ се гледа себеси т.е. Христос т.е. начин на постоење.
Кога ми велиш грешен, тоа не е некаква етичка, криминална...престапка, туку мојата вистина на постоење без Бог...
Ај не се секирај дека си лош што си грешен, но радувај се во „другиот“:love:, добра ноќ!
 
Твојата вистина не е и моја, со оглед на тоа, да ја сметаш твојата вистина за апсолутна е ограничено и еднакво на заблуда. Самиот си кажа дека од аспект на божественото, не постои ништо кое е непотребно, единствено од човечка - ограничена перспектива, нештата може да се доживуваат како погрешни, зли и слично.
Дестинацијата може да биде една, но до неа може да има безброј патишта. Вистината може да биде една, но може да се перцепира на безброј начини. Ти иако се обидуваш да претставиш теза каде христијанството е над дуализмот, реалната состојба и слика е далеку од тоа. И свештениците и верниците се длабоко заглавени во дуалното разбирање и Бог го доживуваат како судија што ќе им суди. Таквото разбирање или поимање на Бог ги ограничува да разберат дека не е нужно сите да имаат идентично Разбирање за да бидат во право, па поради тоа религиите почнуваат да создаваат секти, да се делат на деноминации и да се негираат една со друга. Како што и ви е кажано - по делата ќе ве познаеме.
 
Најдобро е оваа дискусија да ја преместиме овде, затоа што ќе биде офтопик во прашања до атеистите, а и многу е веројатно дека овде ќе добиеш и повеќе одговори.
Дали е возможно оваа религија да е темелена на монотеистичко верување само во богот Брахма(н)? (знам за Вишну, Шива и Брахма како врховни богови, но прашањето ми е друго).
Дали ја знаеш Хиндуистичката легенда за потопот, со оглед на тоа дека ти е интересна митологијата?
И дали Калки Аватара (мислам дека добро е преведен) е всушност Исус кај христијаните кој “треба“ да се врати повторно на земјата? Морам вака да го дефинирам прашањето.

Сакам да развијам некаква дискусија. Башка за хинду и речиси и ништо да не знам. :)

И јас не сум некој експерт за религии, но колку што знам митот за поплава во „Гилгамеш“ е многу постар од тој во Хиндуизмот (барем според датумот на записите), а можно е и записите од Стариот Завет да се постари од оние на Хиндуизмот (колку што прочитав, записите за поплава во Хиндуизмот датираат околу 700 гпне).
Не само Христијанството туку многу други религии имаат превземано елементи од постарите религии, затоа што најдобро е на луѓето да му се понуди нешто веќе познато, со тоа подобро ја прифаќаат новата религија. Еве ти интересна листа за „претходниците“ на Исус во другите религии.
http://listverse.com/2009/04/13/10-christ-like-figures-who-pre-date-jesus/
 
Твојата вистина не е и моја, со оглед на тоа, да ја сметаш твојата вистина за апсолутна е ограничено и еднакво на заблуда. Самиот си кажа дека од аспект на божественото, не постои ништо кое е непотребно, единствено од човечка - ограничена перспектива, нештата може да се доживуваат како погрешни, зли и слично.
Дестинацијата може да биде една, но до неа може да има безброј патишта. Вистината може да биде една, но може да се перцепира на безброј начини. Ти иако се обидуваш да претставиш теза каде христијанството е над дуализмот, реалната состојба и слика е далеку од тоа. И свештениците и верниците се длабоко заглавени во дуалното разбирање и Бог го доживуваат како судија што ќе им суди. Таквото разбирање или поимање на Бог ги ограничува да разберат дека не е нужно сите да имаат идентично Разбирање за да бидат во право, па поради тоа религиите почнуваат да создаваат секти, да се делат на деноминации и да се негираат една со друга. Како што и ви е кажано - по делата ќе ве познаеме.
Очигледна е твојата “празнотија“, која потсвесно ја компензираш погрешно со простачка критика кон христијанството, бидејќи “немаш уши“ за она што ти зборувам, и наместо на темава да полемизираш од своето телемитско убедување чиј претставник си, но истовремено и одличен сведок, дека, од “празно“ произлегува “празно“.:toe::popce:
 
Простотилак и празнотии се нешта кои се евидентни преку делата на оние што ги поседуваат, како и што ти кажав на крајот од предходниот пост. Ти тука ми продаваш м#да за бубрези како православието не го перцепирало Бог како судија, а ни трага ни глас од тебе немаше секој пат кога твоите браќа по вера изнесуваа тешки и гнасни клевети за нас како луѓе и општо како организација.
Ако вие Бог не го перцепирате како судија, ако сте свесни дека од божји аспект нема погрешни и непотребни гледишта, зошто сите останати деноминации и вери ги прогласувате за грешни, за заблуда? Мислиш дека сме глупави? Дека некој ќе поверува во твојата приказна дека православните не го гледаат Бог како судија?
Кога станува збор за празнотија, лицемерие и простотилак, ви нема рамни! Прочитани сте одамна.
 
Да, но таква приказна има и во религии кои дури во 16-от век имале допир со Христијанството. Но интересниот факт е тоа што Христијанството само по себе е лошо претставено и е директна причина за изумирање на неколку цивилизации и религии. Сега модерно е да се обвинат католиците, но што е тука е. И тие се дел од Христијанството, поголемиот дел, поточно.

Ако митот е стар 2700 г. тогаш е понов од оној на Мојсеј или оној збир приказни (/книги) напишани во името на Мојсеј, кој знае каква е вистината. Ете класичен скептицизам.

Ганг е огромна река, но некогаш била многу поголема од она што е останато денес. И е света, барем за нив. Па има и легенда за настанувањето на таа река. Интересно е за читање, барем оној митолошкиот дел кои е застапен во сите религии, па и во Христијанството и во Исламот. Така всушност јас и се заинтересирав за религиите. :)
 
Eве ти листа која ти покажува колку тие „претходници“ се „слични“ на Исус:

http://thedevineevidence.com/jesus_similarities.html
Интересен текст, кој навистина покажува некои неточности во популарните митови за „претходниците“ на Исус, но текстот кој јас го постирав не алудираше дека митот за Исус е 100% copy-paste од некој друг мит, туку само дека се позајмувани многу елементи од други фигури кои имале улога на спасители во своите релгии. Твојот текст многу често се зафаќа за некои ситници, само за да покаже дека митовите не се 100%, притоа занемарувајќи дека суштината е иста.[DOUBLEPOST=1439334343][/DOUBLEPOST]
Да, но таква приказна има и во религии кои дури во 16-от век имале допир со Христијанството. Но интересниот факт е тоа што Христијанството само по себе е лошо претставено и е директна причина за изумирање на неколку цивилизации и религии. Сега модерно е да се обвинат католиците, но што е тука е. И тие се дел од Христијанството, поголемиот дел, поточно.
Според мене не е правилно да се тврди дека Христијанството е виновно за изумирањето на цивилизации, кога е повеќе од очигледно дека тоа била само злоупотребувано за да се остварат политички интереси во минатото, исто како што денес се случува со Исламот. Ако не било Христијанството, ќе имало некој друга причина за војна, дали од религиска или националистичка основа.
Ако митот е стар 2700 г. тогаш е понов од оној на Мојсеј или оној збир приказни (/книги) напишани во името на Мојсеј, кој знае каква е вистината. Ете класичен скептицизам.
Мислам дека митот за Мојсеј е најверојатно постар од оној во Хиндуизмот, но затоа записите за Гилгамеш датираат уште пред 2000 гпне, што е многу порано од Еврејските записи за митот за Мојсеј. Но сепак, можеби митот за Мојсеј постоел поодамна кај Евреите, но едноставно не бил запишан се додека не развиле свое писмо. Сепак, со оглед на тоа колку се постари записите за Гилгамеш, мене ми е поверојатно неговиот мит да е постар од оној на Мојсеј.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom