Па се средуваат и тие. Што ти фали тебе? Немаш вода или канализација?
Еве ти стани градоначалник и за 4 години поправи ги сите улици во градов (веројатно за 4 години цел буџет ако се троши на тоа ќе се оправат) и не работи на ништо друго па да видиме дали ќе добиеш втор мандат.
Се се фрлило на споменици...па си прошетал ли надвор да видиш улици, објекти и што уште не. Пред 10 години еден проект ако се завршеше успешно се прославуваше. Сега ако решат зграда од 100.000 квадрати за година дена ќе ја направат.
Ао критикуваш критикувај со усул. Овие 9 години или колку и да е Коце, според тебе само споменици направил?[DOUBLEPOST=1439111179][/DOUBLEPOST]@Ne_sum_ja еве пошто не си сигурен колку им се допаѓа, германецов ја запросил девојката на новиот мост на плоштад. Пред 15 години да беше не сум баш сигурен дали ќе ја запросеше пред Кенан на плоштад. изгледа овој германски будала по цел ден гледа сител и канал 5.
![]()
http://vobelo.com/index.php/zanimlivosti/300-prosidba
Сега вака со поединечни примери може до утре да ситничариме. Јас ти кажувам како е генералниот впечаток и кои се најатрактивните локации, пред се зошто нудат автентичност и убавина. Сигурно не дошол он да се слика со зграда во барок направена пред 3 години кога најверојатно во неговиот град од кај што доаѓа има исти такви згради стари стотици години.
Кога сме кај мостовите, кажи ми на што личи да се прават два нови милионски пешачки мостови, додека тој главниот мост, симбол на градот, стар скоро еден милениум да е запуштен, половично реновиран со еден венец реновиран другите оставени така, доле под тоа венците да луѓе мочаат, ќењаат и целото место да смрди, цел направен со графити.
Срамота е, на знамето и на грбот на градот стои Камени Мост како главен симбол на Скопје а личи на мост за нужда, неадекватно осветлен и малку реновиран и оставен, додека до него градат нови мостови. Заштитено историско обележје е мостот на крај краева. Сега веќе не се ни гледа ко што треба.
Одма до мостот кај што беше плажата (сега екс плажата) има едно големо околу 3 метра, сидро подарок од братскиот град Нинберг, по повод збратимувањето. Истото тоа е оставено запустено обраснато со трева. На ништо не личи тоа. Сами си бришеме историјата и креираме нешто што никако не е поврзано со градот.