од фб профилот на Божиновски..
Коренот на ЗЛОТО
7 август 2015 во 19:59
Исламскиот радикализам на Балканот е креација и дело на тајната полиција од времето на СФРЈ. Контролата по распад на СФРЈ ја превзема службата под контрола на Слободан Милошевиќ. Понатаму, после распадот на Југославија, исламскиот радикализам до денешно време е,,алатка,, во рацете на корумпираните функционери на тајната македонска полиција и корумпираните политичари, за полесно да го скријат нивниот организиран криминал под закрила на верата. Веќе 30 години македонската јавност е разбранувана со полициските соопштенија за движења на Исламски радикали, терористички организации и исламски хуманитарни организации кои наводно служат за финансирање на тероризмот. Сепак, во постапката на селективна лустрација изведена под контрола на Сашо Мијалков, исламските теолози во Македонија, соработници на службата – се заштитени. Нив лустрацијата не ги ни допре ни гребна!
Македонската полиција наместо да ги изведе пред лицето на правдата главните актери, татковците и професорите на денешниве уапсени во чии раце завршиле милиони американски долари, (оние кои “мирно и чесно” ја завршија кариерата служејќи на реализација на удбашките проекти!), тие продолжуват да ја замајуваат јавноста со спектакуларни акции во кои апсат деца и ученици на познати татковци и професори. Полицијата вчера објави дека вршела претрес и во просториите на невладината организација “Исламска младина - Сарај”, која ја води Омер Бајрами син на познатиот оџа Зекирија Бајрами. Таткото Бајрами повеќе од 20 години е еден од главните организатори на ваквите исламистички структури во Македонија, почнувајќи со формирањето на “Исламски младински сојуз” со седиште близу полициската станица ,,Беко,, во центарот на Скопје. Да не ,,тепаат,, многу пат со колегите од службата!
Зекирија Бајрами е познат по тоа што 20 години ја водел и раководел Султан Муратовата џамија надвор од Контрола на ИВЗ (со премолчена согласност!), ја претворил во полициско - верски криминален центар низ кој се прелеале милиони американски долари и завршиле во непозната насока. Од овој центар, во договор со тајната полиција, подоцна се формирани уште десетина други ,,невладини и хуманитарни,, организаци. Да беа навремено лустрирани и одстранети од секојдневниот живот Зекирија Бајрами и Забахудин Махмути, на верниците немашe да им се случи синот на Зекирија, Омер Бајрами да продолжи да ги манипулира, да ги злоупотребува и да создава нови криминални организации, со знаење на МВР. Ако комисијата за лустрација и полицијата ги обелоденеше досијеата и проектите за Исламските Движења во Македонија, тогаш тие лица одамна немаше да можат да манипулираат и да регрутираат млади деца. Немаше да имаат можност да се шетаат низ политичките партии и да инсталираат свои ќелии во нив. Преку партиите овие манипулатори со децении инсталираат свои луѓе на функции по државни институции, од каде си ги прошируваат своите милионски бизниси. И сето тоа во име на верата и со знаење на тајната полиција!
Република Македонија како самостојна држава 25 години поминува период во кој за судбините на мнозинството граѓани решавале и сеуште решаваат екс полициски функционери од времето на СФРЈ кои своите овластувања ги пренеле на своите наследници. Татковците и синовите (покрај гореспомнатите тука е се и таткото Јордан и синот Сашо Мијалкови!), повеќе од 30 години во континуитет не провоцираат, не дестабилизираат кога ќе почувствуваат потреба, ни се закануваат, не апсат и ни продуцираат обвиненија дека ја рушиме државата која тие си ја чувствуваат за своја приватна.
Вистината за овие полициско – верски и криминални структури беше и денес е под нивна јака контрола. Таа се докажува со документи до кои доаѓаме некако, ама сепак многу тешко. Во оваа прилика ви презентирам документи кои балканската јавност прв пат ги гледа со очи. Од нив се чита КОРЕНОТ НА ЗЛОТО. Од нив се чита воспоставен полициски систем на контрола, како ниту еден џамиски одборник, претставник во органите на верските заедници или службеник во редовите на верската заедница надвор од или внатре во државата, не можел ни да сонува да дојде на некоја функција без знаење и контрола на службите за државна безбедност. Системот е воспотавен по Втората светска војна. Голем е списокот на луѓе кои што верно ја одработиле агендата на службата внатре во државата и во странство.
Додека во Македонија се апсат “мали лидерчиња”, кои се новопечени активности (таков е Реџеп Мемиши!), во БиХ работите навлегле во подлабока фаза на откривање и демаскирање на личности кои во име на верата им служеле на тајните служби. Познатиот интелектуалец Џемалудин Латиќ откако го прочиталдокументот кој го објавиле хрватските власти за поглаварот на Исламската Верска Заедница на Босна, со кој се докажува дека реисот Мустафа Цериќ бил соработник на УДБА, во една тв емисија изјавил:
“Срам ми е што дојде време да дознам дека еден удбаш ме претставувал 20 години како лидер на Муслиманите”. Од истата ,,полициска кадровска лабораторија,, е испилен и реисот Сулејман Реџепи. Да не бил кадар на УДБА не би ни примирисал до врвот на ИВЗ.
Во Македонија допрва се очекува припадниците на исламот и на православието да се ,,изненадат,, и да се разочараат кои и какви УДБАШИ ги претставувале во името на верата децении наназад, до денес. Од Македонија во западните земји заминувале и се вработувале како оџи во разни исламски центри, божем да им служат на припадниците на Исламот, но за жал тие луѓе со години делувале во корист на УДБА и подоцна на тајната полиција при МВР. Такви примери од Македонија се имамот во Хамбург, Зулхајрат Фејзулаху, имамот во Данска Рахим, познатиот Шериф Дехари кој едно време беше и поглавар на новоформираната Муслиманска Заедница во Македонија. Тој бил испраќан во Белгија со задача разоткривање на албанскиот национализам и иредентизам.
Сите оние кои не потклекнале на притисоците и уцените од тајната полиција и на криминалните групи, настрадале во кариерата и животот. Против нив биле користени сите средства на располагање на полицијата, за да бидат компромитирани и неутрализирани. Таков пример е бившиот скопски муфтија Зенун Бериша кој кога беше нападнат во неговата канцеларија од исламистичките и криминиализираните структури вооружени со калашникови, предводени од еден познат политички аналитичар, во ниту еден момент не беше заштитен од полицијата. Тие воопшто не реагираа. Втор пример е оџата од Јахја пашината џамија Јахи Ибрахими кој се вбројуваше меѓу најжестоките противници на криминалните и радикалните исламистички движења. И тој беше предвреме насилно тргнат од џамијата.
Затоа беше покрената општа мобилизација кога Сулејман Реџепи беше избркан од ИВЗ од страна на неговиот генерален секретар Африм Тахири и скопскиот муфтија Ибрахим Шабани. Сите криминални структури, ДУИ и полицијата интервенираа синхронизирано со сите механизми кои ги имаат на располагање, за да го вратат на чело на ИВЗ и даги продолжат криминалните активности, бескрупулозната кражба од вакуфот и ограбување на касата на ИВЗ. На Сулејман Реџепи иако е крајно криминализирана личност, му се дозволува од страна на државните институции неказнето да врши секакви криминални активности кои може да се подведат дури и до категорија на терористички активности. Самиот факт што во полицијата постојат информации дека Сулејман Реџепи користел вооружена криминална група за да дојде присилно на чело на ИВЗ, финансирал и се шета заедно со криминалци и лица кои се осудени за тероризам, се меша во политичкиот живот и прави финансиски малверзации - ги исполнува сите услови за да биде осомничен за терористички активности. Ама како децениски соработник на тајната полиција ужива неприкосновена заштита!
Затоа, воопшто не е случајно што после вчерашната полициска ,,акција,, во Македонија, косовскиот дневник ,,Бота Сот,, објави текст со наслов ,,Македонската полиција ги уапси своите и српските оџи - агенти,,. Насловот е погодок во центар!