Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
за што цена ќе можам да го продавам(отприлика) велосипедов?
20инчен рам е, со Формула ФМ20/30 главини, Дарт 1, преден менувач Деоре, Tektro V-brake и окталинк шимано пренос. Толку шарени цени гледам по интернетов незнам која цена да ја барам...
Има Трек 3900 за 280 евра.Scott Aspect 70 за 200 евра. Trek 820 за 150 евра.
Hawk (или што и да е) 120 евра. Jamis за 190 евра. Scott плав за 170 евра.
Merida matts 15 за 230 евра. Има уште неколку хибриди и noname за таа цена од прилика, сите овие се 26ки тркала и без дискови. Твојот има најдобра опрема искрено од сите овие. Но оној кој се разбира во опрема тешко дека бара МТБ без дискови (барем мое мислење). Некои од овие стојат подолго време на оглас.
Пробај со цена од 250 може и ќе отиде со таа цена. :) Но кастро убаво ти рече, ако сакаш бргу да го продадеш 200 евра. 150 е малку, ни јас не би го давал за таа цена. Добронамерен муабет секако, нема љутиш. :)
 
за 200е нема ни приближно ваква понуда со оваа опрема и година колку што гледам, дали дека јас ќе го продавам така размислувам или не, ама 150е е смешно мала сума за ова. До толку си убеден дека не би одел на за 230-240е?
Не дека ти се мешам во продажба, но цената (200 ЕУР) што ти ја предложија е сосема реална, можеби + нешто малку. Од опремата, мое мислење, само задниот менувач се истакнува повеќе. А ти како сакаш, колку ќе ставиш, толку. Пробај стави 230 ЕУР и види како ќе оди. :)
 
Па тоа и ми беше муабетот, 150е се малце, ќе барам нешто над 200е... Ако не се даде, па ќе го возам пмм - посекако нема да најдам подобар за 200е. :)
Ме кладе во мисла еден оглас продаваа Швин Меса за 400и кусур евра а само дискови имаше повеќе. Штета шо немаат име кај нас овие марки, стварно се квалитет...

Фала за советот дечки.
 
Ми пoнудијa 29че HT, сo SRAM или кaкo и дa се пишувa oпремa, дискoви, хидрaуличнo кoчење, aмoртизер сo зaклучувaње, предoбрa вoжњa зa 20 000. Вреди? Седиштетo е крш сaмo a имa фaнтaстичнa вoжњa..20150725_170644.jpg
 
Ми пoнудијa 29че HT, сo SRAM или кaкo и дa се пишувa oпремa, дискoви, хидрaуличнo кoчење, aмoртизер сo зaклучувaње, предoбрa вoжњa зa 20 000. Вреди? Седиштетo е крш сaмo a имa фaнтaстичнa вoжњa..Прегледај го приврзокот 125676
Од сликава ништо не се гледа, си го сликал од обратната страна. Пиши што делови има. Sram имаат неколку групи на делови. Исто, што амортизер има (бренд) ??
 
за 200е нема ни приближно ваква понуда со оваа опрема и година колку што гледам, дали дека јас ќе го продавам така размислувам или не, ама 150е е смешно мала сума за ова. До толку си убеден дека не би одел на за 230-240е?


Од Битола сум, ама рано е за 15ти ноември да планираме :)
Јас се враќам тогаш, ако ти стои до тогаш ќе прајме муабет
 
Дечки ај препорачајте добро комбо предно задно светло за велосипед до кај 1500-2000 ден. .Поздрав
 
Луѓе потребна ми е малку ваша помош , мидслам дека има сигурно некој што може да ми помогне.
Барам човек кој врши транспорт на велосипеди од Германија, ако имате некој ве молам пишете тука или во пп...
 
за 200е нема ни приближно ваква понуда со оваа опрема и година колку што гледам, дали дека јас ќе го продавам така размислувам или не, ама 150е е смешно мала сума за ова. До толку си убеден дека не би одел на за 230-240е?


Од Битола сум, ама рано е за 15ти ноември да планираме :)
швин е пониска класа на точаци иако имааат голема традиција,тие во задните години продаваат ниска класа на велосипеди.
Што сакам да кажам.Швин не прават велосипеди како што тоа го прават скот,трек,бјанки и другите марки од овој тип туку насочени се на друг ранг на купувачи т.е понизок ранг.

Дискови нема,а марките што ги пишав погоре се продаваат за по 250-300 евра, дури и со поубави делови,Вилушки на заклучување па и дискови.Мислам денес неможам да замислам амортизер да не ми се заклучува.

гледам на сликава седиште и колче нема па заради тоа и дадов од 150-200 евра.
Но се е тоа до тебе.Ако ги има колчето и седиште 170-180 веројатно би отишол во рок од 2-3 недели.
Инаку ти може и да ставиш 250 евра па да чекаш година дена и можеби ќе биде нешто,а можеби и ништо.Внимавај само да не постигнеш спротивен ефект ако се разбираме што значи тоа.[DOUBLEPOST=1438889334][/DOUBLEPOST]
Луѓе потребна ми е малку ваша помош , мидслам дека има сигурно некој што може да ми помогне.
Барам човек кој врши транспорт на велосипеди од Германија, ако имате некој ве молам пишете тука или во пп...

Можам да ти најдам човек да ти ги донесе до Табановце.За натаму царини,документи и остало да си бркаш ти работа.
 
Последно уредено:
швин е пониска класа на точаци иако имааат голема традиција,тие во задните години продаваат ниска класа на велосипеди...
Oд тоа што го пишуваат на амерички форуми, Швин е бренд кој прави точаци за масовна продажба во супермаркети. Како таков, целна клиентела се тие што бараат евтини точаци. Прилично подобар е од разните собими, максови, и слични BSO страња, ама сеуште е супермаркет бренд.
 
Швин имаат поширок обсег на производство, и да, главна мета му се Wallmart купувачи каде им нудат стандардни алуминиумски модели.

Швин Меса им е спортски модел, со хидроформирани цевки, одлични варови и електростатичка фарба. Таргетирале претпоставувам рекреативни возачи со моделот.


Мислам денес неможам да замислам амортизер да не ми се заклучува.
Па да, стана некаков стандард лок-аутот сега дури и за ефтини амортизери. Ако нема рибаунд - за мене тоа е ниска класа виљушка, локаутот не ја прави ништо подобра.

А со тактика “наоѓај само мани и не кажувај што чини“ и до 120е ќе оди цената(ако е мана тоа што марката поизведува и ефтини точаци во исто време - по амерички стандард, не бугарски). Па нови Формула главини има точаков, Бонтраџер тркала и гуми, окталинк пренос, висока класа менувачи и сега од продавница нови метални педали колче и седло а рамката нема никаква мана.

Не те разубедувам во ништо, интересно ми е како од две различни страни поинаку гледаме една иста работа.
 
Последно уредено:
Па да, стана некаков стандард лок-аутот сега дури и за ефтини амортизери. Ако нема рибаунд - за мене тоа е ниска класа виљушка, локаутот не ја прави ништо подобра.
Е па пробај качувај угорници со Lock out и без, па кажи. Огромна е разликата. Не е точно дека нема разлика со и без.[DOUBLEPOST=1438936260][/DOUBLEPOST]
А со тактика “наоѓај само мани и не кажувај што чини“ и до 120е ќе оди цената(ако е мана тоа што марката поизведува и ефтини точаци во исто време - по амерички стандард, не бугарски).
И тука си грешка, спореди ги Ram точаците (бугарски). Спореди ги деловите, па после збори. Инаку сите рамки денеска се произведуваат во Тајван. Само сугестија, ништо лично. :)
 
Е па пробај качувај угорници со Lock out и без, па кажи. Огромна е разликата. Не е точно дека нема разлика со и без.[DOUBLEPOST=1438936260][/DOUBLEPOST]
И тука си грешка, спореди ги Ram точаците (бугарски). Спореди ги деловите, па после збори. Инаку сите рамки денеска се произведуваат во Тајван. Само сугестија, ништо лично. :)
Со локаут или без, ако нема рибаунд - тоа е ниска класа виљушка. Тоа го кажав.

Рам не е супермаркет бренд, ама многу сум сугестивен и ич не сум личен. Ете, соодветна логика на твојата. :)
 
Многу е интересно кај половниве точаци што газдите кои ги продаваат, многу си ги ценат точаците.
Дали емотивна приврзаност игра улога тука или нешто друго, не знам.
 
Многу е интересно кај половниве точаци што газдите кои ги продаваат, многу си ги ценат точаците.
Дали емотивна приврзаност игра улога тука или нешто друго, не знам.
тоа можа пошто не се украдени како 90% од точаците на спорти сејл ваљда .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom