Секоја карактеристика е грешка за некоја почетна позиција, колку истата ќе се покаже како бенефит и полза за одржување на алелната фреквенција во популацијата е резултат на стотици фактори.Прво види шо е еволуција, тоа се особини кои се пренесуваат од генерација до генерација а како плод на променети услови или животна средина.
То што некого го привлекува ист пол која промена на средина или услови на живот се? дали тие се константни за таа заедница на тој простор? Кои животни услови доведуваат до промена на сексуална орјентација. Да е точно дека е тоа евулуциски процес тогаш сите единки би биле подложни на таа промена а не некој минимален процент на популација.
Хомосексуалноста е само грешка во развој на организмот, исто како албино, вишок или мањак на екстремитети, далтонизам.....
Убаво и едноставно ти образложив дека директно потомство не е единствен начин на пропагирање на тие генски алели кои ја придружуваат таа фенотипска карактеристика.
Не можеш со просто негирање да аргументираш, особено кога си соочен со научен аргумент.
Од каде знаеш дека сите би биле подложни? Не функционира така природата. Има илјадници разни образложенија како функционира генетскиот дрифт, како се однесуваат доминантни алели, како се однесуваат рецесивни алели, како се однесуваат гени кои се активираат епигентски и така натаму и така натаму, различни еволуциони аспекти кои не гарантираат широка распрстранетост на некој алел, дури и кога има благ бенефит.
Најважно е дека има десетици различни механизми со кои се објаснува како хомосексуалноста може да има има поволна еволутивна резултанта и без директно потомство, со зголемена шанса за преживување на единките со истите тие гени, значи продолжување на видот и пренесување на тие гени, исто како што е вашата дефиниција.
Зошто не си ја признавате вашата дефиниција?