@ZeenaK9, ќе може да ми го образложиш овој текст? Дали вие всушност повикувате домашните животни да се истребат?
Доколку се криминализира јадењето месо, јајца кашкавал, да се казнува конзумирање месо, јајца,јајца, млеко, мес..., кашкавал и останати месни и млечни производи, како што бараше членот во неговиот пост
http://forum.kajgana.com/threads/Анима-Мунди.78825/page-8#post-7342109,
тогаш кажи ми зошто еден фармер би одгледувал крави, овци, свињи, живина?
Еве еден пример:
Некој фармер има сто овци. Тие овци треба да ги нахрани, напои и да им го исчисти изметот. Треба да им обезбеди засолниште од суровата зима, треба да ги напасе и да им помогне при јагнење, треба да им даде вакцини и лекови, зашто тоа е домашно животно и без човечка помош не може да опстои. Ако се криминализира јадењето месо и пиењето млеко, тогаш зошто тој фармер би ги чувал овците? Ќе ги пушти сите во природа, каде тие како домашни животни нема да издржат ни една недела, еден мал дел ќе бидат изедени од предаторите, а друг поголем дел ќе угинаат од глад, а од нивните лешеви ќе се шири смрдеа и зараза. Истото ќе го направат и другите фармери. Ќе изгинат милиони овци, кози, свињи...Целата планета ќе биде прекриена со лешеви од кои ќе се шират смртоносни болести. Навистина хумано, нема што.
А кога фармерите ќе ги пуштат сите домашни животни во природа да угинат, нема да има повеќе месо, јајца, млеко, сирење, кашкавал... Волната и кожата ќе бидат многу скапи. Тогаш ќе треба да се најде нивна замена - за исхраната, облеката и обувките на човекот. Дали сметаш дека овошјето, зеленчукот, житните култури и печурките ќе бидат доволни да се прехрани човештвото? Ако не бидат доволни, што тогаш? Ќе треба да започне повторно долг и макотрпен процес на припитомување на дивата овца, дивата свиња итн?
Дали вие воопшто размислувате нешто пред да постирате или само се повикувате на емоции?