За истите тие од Анима Мунди што ги збориш и плукаш, треба прво да знаеш дека Сабина (да, таа што се избори за мигрантите да ги добијат своите права, што направи прифатен центар кај нејзе дома, што и се закануваа со затворски казни, што организираше огромна маса на луѓе деноноќно да им помага на мигрантите, организираше центри каде да се оставаат донациите и како истите да стигнат до луѓето, заедно со нејзиниот сопруг) е баш од Анима Мунди.
И да, цела Анима Мунди беше во Куманово и помагаше. Јебига, фотографиите не излегоа на страната на Анима, затоа што тоа е страна за животни нели?
Патем не, не земаат плата од државата туку водат битка со државата. Водат битка да се променат закони за благосостојба (делумно успеаа во тоа, успеаа да променат закони за фармски животни, за домашни миленици, закон за забрана за одгледување на животни за крзно, забрана за циркузи со животни... и да не набројувам).
Водат битка за регулирање на бројот на бездомни животни, кој верувај нит самите членови на Анима не сакаат да ги гледаат по улици, затоа што знаат дека местото не им е таму.
Водат битка со Коце, за да можат да го спроведат проектот со стерилизации на бездомни кучки (да не се котат на улица) и покрај тоа што Коце како нездрав тврди дека не смеат да ги чепкаат уличните кучиња затоа што се во надлежност на град Скопје (а не се во надлежност нели кога напаѓаат... тогаш не се знае во чија надлежност се

).
Во скоро секој пост за Вардариште, водат битки со државата и плукаат по Коце.
Замисли, нит пари не можат да перат, затоа што континуирано подлежат под инспекции поради нивните препирки со Коце и Грујо.
Доколку беше запознаен со работењето на здружението, овие набулози ќе ти биле јасни.