ГМО - генетски модифицирана храна

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Вие не сте запознаени со овие истражувања?? Кои се едни од најпознатите извршени за (не)штетноста од ГМО?? А гледам многу заинтересирани па ме чекате мене да ви ги приложам доказите? Мене не ми требаше никој да ми ги најде сама си ги најдов, затоа што бев заинтересирана за тоа дали гмо е штетно или не а вас ви е полесно да напишете само гмо на google и да ви искочат миљион дезинформации :tapp:



:pos: Све мислам кажа со напишаново, ако нашите претци имаат потомци и ако јас имам потомци тоа значи дека ГМО не е штетно и не предизвикува стерилност како што тврдат овие наоколу кои се против, што се сменило физички и психички кај нашите претци што јаделе продукти што биле "токсични"? И што е сменето кај нас што јадеме ГМО?



Производство во МК нема на ГМО (се мисли на земјоделството во МК) а увезени производи можно е да има.
А на кои мислења да се задржуваме ако не на академски научници и професори? На лаици и форумџии? Ако не верувам на некој кој своето образование го посветил на таа бранша да верувм на некој на тепка што прогнозира дали е штетно или не? o_O И ова уопште не е ново со децении се произведува ГМО и тоа најпривин во Америка кај што се хранел добитокот фактичи и ние индиректно таа храна сме ја внесувале а малку покасно почнал и човекот да ја конзумира таа храна, долгиот временски период е најголем доказ дека ништо не се сменило кај човекот до сега и нема да се смени.
Да не била штетна ГМО храната, немаше воопшто да се појави галама околу неа. Тоа ти е доволен доказ, не ти треба ни научник, ни академик да ти докажува:)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.203
Поени од реакции
36.313
Сунѓеру... Боље иди на нејзина страна, така неспоредливо повеќе работа ќе завршиш во борбата против ГМО малверзациите на индустријата... ;)
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.016
Монсанто ГМО пченката создаде мутирани мега инсекти и суперплевел.

Група од 22 научника, експерти за пченка, ја предупредуваат американската владина институција ЕПА, агенција за заштита на животната средина (EPA) на закани кои ги предизвикуваат генетски модифицираните посеви на монсанто.
Истражувањето е објавено во престижното научно списание "Environmental Sciences Europe".
Научниците предупредуваат дека ГМО пченката на монсанто создава инсекти мутанти кои развиваат специфична отпорност како резултат на масовната употреба на ГМО...

Побарав да го најдам оригиналниот извор, не го најдов.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.203
Поени од реакции
36.313
Побарав да го најдам оригиналниот извор, не го најдов.
Воопшто не мора да се трудиш да бараш, повеќе од извесно е дека се работи за сензационалистичко страње од напис (препишан од некој тра-ла-ла сајт).

Ваквите ретардирани страња прават лошо име за движењето за ширење свесност од опасноста и небезбедноста на храната од ГМО. Всушност повеќе од можно е и самата индустрија скриено да ги поттикнува ваквите бедни и патетични написи.
И порано имам пишувано за концептот на „криење на очиглед“ и всушност „теории на заговор“. Тие што сакаат да скријат нешто, продуцираат мал милион вакви ретардирани написи и со тоа создаваат негативно размислување на обичниот човек кон таа тема. После многу вакви страња (како ова погоре: Монсанто ГМО пченката создаде мутирани мега инсекти), повеќето неупатени се „програмирани“ да мислат дека СИТЕ сомнежи за безбедноста на ГМО - се невистинити и смешни. Прилично генијална тактика е оваа, на индустријата - и очигледно многу делотворна. :cautious:
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.016
Знам. Јасно ми е како одат тие работи. Затоа и потенцирав дека го побарав изворот но не го најдов.
Сепак велат дека им е земен од "ESE" но немам пристап до написите од списанитето, не сум претплатен за да проверам дали навистина има научници и некаков научен труд или она другото.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.016
Да се зачуваат автохтоните семиња е најважна мисија
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72915835237&id=9&prilog=0&setIzdanie=23529
Според експертите, зеленчукот и овошјето добиени од автохтони сорти не бараат многу вода и заштитни ѓубрива, а не е потребна ниту употреба на големо количество хемикалии, бидејќи се поотпорни на болести, што, од друга страна, го намалува ризикот за загадување на животната средина

Искрено јас заборавив каков вкус има патлиџанот, ова што го јадам последниве неколку години е дрво. Гледам дека слично се случува и со краставицата...

Инаку браво за НоваМакедонија единствено тие прават некакви анализи за нешто во државава. Вчера имаше уште еден текст за ГМО, го зачував линкот но денес не ми го отвора. Ако некој го најде нека го прати.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.246
Поени од реакции
12.955
Да се зачуваат автохтоните семиња е најважна мисија
Според експертите, зеленчукот и овошјето добиени од автохтони сорти не бараат многу вода и заштитни ѓубрива, а не е потребна ниту употреба на големо количество хемикалии, бидејќи се поотпорни на болести, што, од друга страна, го намалува ризикот за загадување на животната средина

Искрено јас заборавив каков вкус има патлиџанот, ова што го јадам последниве неколку години е дрво. Гледам дека слично се случува и со краставицата...

Инаку браво за Нова Македонија единствено тие прават некакви анализи за нешто во државава. Вчера имаше уште еден текст за ГМО, го зачував линкот но денес не ми го отвора. Ако некој го најде нека го прати.
Се разбира, сето ова се недокажани информации и теории на заговор, бидејќи се ставови на индивидуални поединци, а не на научни институции.

И исто како што и индивидуалните поединци кои успеале да избегаат од нацистичките логори на смртта и стигнале до сојузниците за да го информираат светот за Холокаустот кој нацистите го извршувале, сепак биле игнорирани од страна на сојузниците, кои одбивале да веруваат во ваквите недокажани информации, се додека не пристигнале до самите нацистички логори на смртта и со свои очи се увериле во вистината.

За жал, човештвото речиси секогаш учи на потешкиот начин и за жал, ретко извлекува важна поука од наученото, поради што историјата им се повторува на тие кои не ја научиле и не ги извлекле важните поуки од наученото.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72915835237&id=9&prilog=0&setIzdanie=23529

Да се зачуваат автохтоните семиња е најважна мисија

Според експертите, зеленчукот и овошјето добиени од автохтони сорти не бараат многу вода и заштитни ѓубрива, а не е потребна ниту употреба на големо количество хемикалии, бидејќи се поотпорни на болести, што, од друга страна, го намалува ризикот за загадување на животната средина

...

Со ГМО до економско самоуништување
ГМО е голема закана за цивилизацијата и за опстанокот на биолошките видови на Земјата, бидејќи предизвикува стерилитет кај луѓето и животните што ја јадат и го загрозува опстанокот на човештвото, го контаминира човечкиот геном и доведува до многу мутации, предизвикува многу болести, помеѓу другото и рак и автоимуни болести, предизвикува еколошка катастрофа, уништува автохтони растенија и инсекти, а пестицидите што се применуваат заедно со ГМО ја прават земјата неплодна. Истовремено, ГМО-семето е стерилно, патентирано е и доведува до зависничко ропство и економски колапс на земјата во која се одгледува.
Имено, освен последиците по здравјето на граѓаните, економските последици по нашата земја би биле несогледливи. Семето на овие растенија е патентирано и стерилно, па не може да донесе плод ако го посадиме следната година. Производителите секоја година би морале да купуваат нов семенски материјал, и тоа само од компанија што го патентирала, што значи целосна зависност од мултинационалните компании што се занимаваат со производство на вакви семиња. Македонија би изгубила исто така и огромен потенцијал за органско производство на храна.

Контрола на семето за доминација и контрола врз државите
Воено-политичкиот аналитичар Петар Шкрбина, анализирајќи ја опасноста од ГМО-семињата, за „Нова Македонија“ има напишано дека во ерата на светската глобализација е непотребно и опасно да се почнуваат отворени конвенционални воени судири за остварување некои воени цели. Многу поефикасно е некоја држава да се ослаби преку специјални форми на војување, и тоа преку таканаречени „тихи“ дејствувања, без откривање дека се врши агресија врз дадената земја. За постигнување на наведените цели денес не се потребни конвенционално оружје, нуклеарно или хемиско, ниту конвенционални воени сили. Денес биолошкото оружје претставува најефикасно оружје за масовно уништување за подолг временски период. Под поимот биолошко оружје се подразбира предизвикување болести кај луѓето и стоката, загадување на водата и на земјата, а со тоа и на храната. Храната станува главно средство на биолошкото и генетичкото оружје, кое се применува за долгорочно ставање под контрола на голем број држави, региони, па дури и цели континенти. Паралелно со употребата на храната, како форма на оружје за контролирање на политичките процеси во светот и ставање под контрола некои држави, се појавија теории за намалување на бројот на жители на Земјината топка и движење (теорија) за намалување на гладот во светот, смета Шкрбина.

Познати се зборовите на Хенри Кисинџер: „Контролирај ја нафтата, а со тоа ќе ја контролираш земјата (државата), контролирај ја храната и ќе ги контролираш луѓето“. Оваа изјава на некогашниот американски министер за надворешни работи и претседател за национална безбедност на САД, како долгогодишен следбеник на геополитиката за „рамнотежа на моќта“, беше дадена за време на блискоисточните нафтени шокови и светските кризи за храна во 1970 година. Појавата на генетички модифицирана грана (ГМО) била поддржана од највисоките политички личности во САД и при донесување посебни законски регулативи, како и со поддршка од Светската трговска организација. Ширењето на ГМО-храната се констатира, но само повремено, од еден дел од стручната јавност дека овде се работи за манипулација на гените што можат да предизвикаат штетни последици кај луѓето и нивните идни генерации. Моќта на мултинационалните компании-произведувачи на ГМО-семе и хербициди била толку голема што процесот на ширење на ГМО-семињата не само што не бил прекинат туку овој бизнис нараснал на неколку илјади милијарди долари. Според Шкрбина, генетички модифицираната храна претставува еден вид стратегиско оружје. Суштината зошто ГМО претставува стратегиско оружје лежи во фактот дека производството и продажбата на ГМО-семињата и соодветните хербициди исклучиво се наоѓаат во рацете на неколку мултинационални компании во САД. На производителите на храна им се забранува користење семиња од претходните жетви. За да го осигурат својот профит и за да го контролираат производството на храна од генетичките семиња е создадено семе со генот за самоуништување, така што веќе немало опасност од користење семе од претходната жетва. Кругот се затвора со целосна контрола на генетичкото семе во корист на мултинационалните компании. Познатиот воено-политички аналитичар Петар Шкрбина го посочува и примерот со Ирак, каде што по нападот и ставање на оваа држава под американска контрола биле донесени сто декрети, меѓу кои е најпознат Декретот 81, за уништување на домашното ирачко семе и обврската за употреба на ГМО-семиња. Во идниот временски период од страна на САД ќе дојде до политички притисок врз поголем број држави за употреба на ГМО-семиња, заклучува Шкрбина во колумна за „Нова Македонија“.
 
Последно уредено:

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.016
И повторно НоваМакедонија

Експертите предупредуваат дека не само ГМО-семињата туку сите хибридни семиња се „кодирани“, за да може приносот да биде драматично поголем. Затоа и така се прават, да можете од нив само една година да имате принос, а следната да не можете да направите нов расад, туку да морате пак да купите. Ете ја економската зависност...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.203
Поени од реакции
36.313
Maлку (повеќе) нервира кога пишуваат така паушално, на пример „сите хибридни семиња се „кодирани“... Малку генетика, кај потомството на хибридите секогаш следната генерација ќе биде различна од хибридниот родител - при што скоро сигурно ќе се изгубат посакуваните карактеристики.

Ама добро, во основа истиот заклучок следува - неисплатливо е за расад да се користи семенски материјал од хибриди. Но нервира тоа што новинарот не прочитал малку повеќе за темата на која пишува (или препишува).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.246
Поени од реакции
12.955
И повторно НоваМакедонија

Експертите предупредуваат дека не само ГМО-семињата туку сите хибридни семиња се „кодирани“, за да може приносот да биде драматично поголем. Затоа и така се прават, да можете од нив само една година да имате принос, а следната да не можете да направите нов расад, туку да морате пак да купите. Ете ја економската зависност...
И ете ја повторно генијалката Соња Ивановска со нејзиниот став дека целиот скептицизам и негативен однос на граѓаните кон генетички модифицираните производи е резултат на чисто незнаење, но случајно или не, малку погоре во статијата, нејзиниот колега Зоран Поповски од истиот факултет за земјоделски науки и храна, има комплетно спротивен став во споредба со нејзиниот.

Очигледно и тој нема појма што зборува, иако имаат исти академски титули на ист факултет при ист државен универзитет.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.246
Поени од реакции
12.955
Германците се мислат да ги забранат генетички модифицираните семиња, несомнено поради нивната нецивилизираност и неинформираност за огромните бенефиции од ваквите отрови.

http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/hrana/germanija-zabranuva-gmo

Германија забранува ГМО

26 Август 2015 - 09:16

Следејќи го примерот на Шкотска, Германија е на пат да воведе комплетна забрана за ГМО семиња и да излезе од блокот од ЕУ кој ќе почитува позитивните листи на генетски модифицирани организми.



Германија ќе го искористи рокот кој ЕУ им го даде на своите членки да излезат од друштвото кое ќе ги почитува ГМ лиценците одобрени од Унијата.

Тоа го поздрави Шкотска, првата земја која забрани генетски модифицирани материјали за да го зачува својот "чист и зелен" лик.

Членките на ЕУ треба до 3-ти октомври да ја известат Комисијата дали излегуваат од блокот кој дозволува одобрени ГМО семиња.

Иако постои сериозна документација дека техниките на биомолекуларната технологија се безбедни, стариот континент останува поделен по ова прашање. Велика Британија прифаќа, во Германија и Франција отпорот е голем. Германскиот министер за земјоделство најави дека неговата земја ќе инсистира на целосна забрана на ГМО.

Светската здравствена организација ги наведува истражувањата кои велат дека некои хербициди, особено глифосатите, се штетни по здравјето и се потенцијално канцерогени.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.246
Поени од реакции
12.955
Мнозинството држави членки на ЕУ одлучија делумно или целосно да го забранат одгледувањето на генетички модифицирани производи.

Од сегашните 28 држави членки на ЕУ, засега 19 одлучиле делумно или целосно да го забранат одгледувањето на генетички модифицирани производи.

Тие држави се: Австрија, Белгија - само за регионот Валонија, Велика Британија - само за Шкотска, Северна Ирска и Велс, Бугарија, Хрватска, Кипар, Данска, Франција, Германија - забрането производство за комерцијални цели, но одобрено за научни цели, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска и Словенија.

Убаво е да се знае дека од сите држави во нашето балканско соседство кои се членки на ЕУ, само Романија - барем засега - не планира да го забрани производството на генетички модифицирана храна.

http://www.reuters.com/article/2015/10/04/us-eu-gmo-opt-out-idUSKCN0RY0M320151004

Majority of EU nations seek opt-out from growing GM crops

Sun Oct 4, 2015 11:06am EDT

Nineteen EU member states have requested opt-outs for all or part of their territory from cultivation of a Monsanto genetically-modified crop, which is authorized to be grown in the European Union, the European Commission said on Sunday.

Under a law signed in March, individual countries can seek exclusion from any approval request for genetically modified cultivation across the 28-nation EU.

The law was introduced to end years of stalemate as genetically modified crops divide opinion in Europe.

Although widely grown in the Americas and Asia, public opposition is strong in Europe and environmentalists have raised concerns about the impact on biodiversity.

Commission spokesman Enrico Brivio on Sunday confirmed in an emailed statement the Commission had received 19 opt-out requests following the expiry of a deadline on Saturday.

The requests are for opt-outs from the approval of Monsanto's GM maize MON 810, the only crop commercially cultivated in the European Union, or for pending applications, of which there are eight so far, the Commission said.

The requests have been or are being communicated to the companies, which have a month to react.

Under the new law, the European Commission is responsible for approvals, but requests to be excluded also have to be submitted to the company making the application.

In response to the first exclusion requests in August from Latvia and Greece, Monsanto said it was abiding by them, even though it regarded them as unscientific.

The new EU law has critics from both sides.

The industry has said it breaks rules on free movement, while environment campaigners say it is a weak compromise open to court challenges from biotech companies.

The Commission spokesman said the number of requests proved that the new law provides "a necessary legal framework to a complex issue".

The 19 requests are from Austria, Belgium for the Wallonia region, Britain for Scotland, Wales and Northern Ireland, Bulgaria, Croatia, Cyprus, Denmark, France, Germany (except for research), Greece, Hungary, Italy, Latvia, Lithuania, Luxembourg, Malta, the Netherlands, Poland and Slovenia.

(Reporting by Barbara Lewis; editing by Susan Thomas)
 
Последно уредено:

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
12.013
Поени од реакции
11.944
Кога ќе дојдат и ти кажат што да садиш во својот двор тогаш мислам дека војните ќе почнат. Само што овде ние ќе си ќутиме и ќе се понашаме ко ништо да не било, јадејќи ја плавата банана. Се сеќавам каква офанзива имаше ова пусто гмо се додека голем дел од државите им лупнаа врата на проклетите амери. Не им успеа како што им успеа во аргентина и ред други држави. Така да мислам ако почнат да требат луѓе во Европа, ќе се почне од факин Балкан.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.976
Поени од реакции
25.631
Пуштено во продажба во маркетите во Шведска. Не сакам ни да помислам колку има што не ги знаеме!


„Богато со витамин Ц“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom