Овде морам делумно да се согласам со тебе. На религијата (особено авраамските религии) како учење и идеологија и тоа како и е потребен стравот. Таа примитивна реакција на човечкиот организам (тело+ум). Всушност без користење на стравот шансите за преживување кај овие религии се многу мали.
Јас и не зборував за страв-закана, дури ниту за укажување на последици од однесување што и не е закана со страв туку поука, предупредување. Зборував за страв како состојба во која секој кога се најде проучува и заклучува. Значи за состојба надвор од нечии поуки, проповеди и слично.
Поставена ти е на маса можноста да веруваш во Бог и поставени ти се можностите да не веруваш и двете можности во голем број на варијатни. Во текот на животот откриваш и учиш многу нешта. Не поради заканите од некого, туку ти самиот откриваш - ако си свесен. Моментот на реалност, на објективност е извонреден учител иако може да има и состојби на погрешни залкучоци. Кога ќе се случи РЕАЛНО болест, болка, глад, недостаток сфаќаш во каква заблуди си бил. Нека те стават во затвор, ќе сфатиш што значи слобода, воздух, сонце. Претходната замисла за тоа, не помага, само личното доживување учи вистински. Комфорноста не го дава тоа. Кога си под сериозна закана, ги вреднуваш многу работи од животот и после тоа кога се вратиш во безбедност, комфорност повторно ги превреднуваш и сфаќаш дека се вистинските кои ти обезбедуваат напредок. Ги применуваш и се додека ги применуваш напредуваш. За жал комфорноста е залажувачка, коруптивна. Тивко води кон заборав на вредноста на наученото. Кога се ни е погодено подолго време, полека летнуваме со умот. Со текот на времето, ги забораваме научените работи. Ако комфорноста не е коруптивна, тогаш напредните општества само ќе напредуваа. Но напротив историјата цело време несомнено оди во циклуси. Најбогатите и најнапредните стануваат морално најпропаднати, најдекадентни. Ја губат врската со реалноста и назадуваат. Некое време го користат стекнатиот авторитет и прават штета. Тоа е проблем и во општеството, но и во самата Црква, и со свештенството и со верниците. Затоа од Господ сме поучувани доброволно да применуваме самопринудување, пост: воздржување од храна, воздржување од премногу зборување, премногу спиење, премногу забава. Вишокот да го делиме со други и слично. Почнувајќи од есенцијалните поуки за прародителите христијанството учи дека основа на духовниот, а со тоа и општествениот напредок се ВОЗДРЖУВАЊЕТО и СМИРЕНИЕТО.
Како што и самиот потенцира религиозноста се зголемува и е најприсутна во несигурните подрачја и времиња односно таму каде што владее стравот.
Сега дeлот кајшто пробуваш да протнеш илузорно и неточно тврдење дека "стравот му дава на човекот подобро сознание". Апсолутна бессмисленост. Стравот од една и свесноста, сознателноста, разумноста, од друга страна се две комплетни спротивности. Во моменти на страв способноста за разумно размислување се губи.
Целиот пасус и посебно последната реченица не вреди да се коментира. Нормалните тврдења ќе ги коментирам, ова погоре е нездраворазумско и нема потреба тоа да се докажува.
Стравот како што рековме е подготовка на организмот во услови на опасност (реална или замислена) да преживее по секоја цена, без разлика на морална оправданост, етичност и слично.
Ова е саморазобличување и тука би требало да заврши дискусијата. Да за атеистот е така и атеизмот натаму ве влече. Кога сте под закана наместо племенито суштество ве учи да станате човекоживотно, да не размислувате, да заборавите на „секаква морална оправданост, етичност и слично“. Затоа што освен голиот животински живот не знаете за ништо друго. За побожниот човек не е така. За побожниот човек племенитоста, благородноста, достоинството на стореното пред Бог се реални вредности повредни од земскиот живот кој и онака не е вечен. Затоа и ви велиме
вие неверниците и маловерниците ги создавате војните. Верникот нема ниту да живее ниту да умре ко добиточе. Верникот верува дека има извитоперена природа од онаа која во основа е создаден и се стреми да ја обнови, поврати да живее, она што бил и она што ќе биде како племенито суштество создадено по најсвет образ. И сите верници заедно, но и секој поединечно со своја мисија (смисла) додека живее на овој свет.
Религијата која е конструктор (митот за вечен живот дава можност да се стави во функција стравот од вечно мачење) и се потпира на различни закани кон луѓето дадени во име на некој "семоќен", го користи овој механизам за да создаде ментални робови, кои згора на тоа се "среќни" и се гордеат што се ставени во таква состојба.
Атеизмот учи дека ќе умреме и готово. Завршено. За вечност, мрак и непостоење. А кога тогаш и сите ќе пропаднеме и се кога тогаш ќе пропаѓа. Затоа што нели атеизмот не прифаќа можност да бидеме вечни, т.е. богови. Баш многу среќно, светло и многу надежно согледување на иднината.
Моќта на стравот е ужасна и тој не може да му биде сојузник на оној кој сака да направи добро. Авраамските религии се буквално опседнати со ропството и ропските односи, со беспоговорното потчинување и преданост кон господарот.
Христијанството има поинаков метод за унапредување на општеството. Наместо подредениот да се крене и да го убие господарот, бара смирение. Не учи дека
со благоразумност повеќе се постигнува. Иако навидум изгледа побавно, така е и побрзо, потрајно и без потреба од страшни дела. Христијанството ги исчисти гнасотиите на паганизмот. Робовладтелското општество (Рим) беше тивко срушено од христијанството. Робосопственичките односи САД, UK, Холандија беа измените под постојаниот притисок на христијанските заедници. Ренесансната културна светлина е всушност видоизменета и последица на византиската. Откако верата го издигна човештвото, сега аздисуваме. Сега сме во момент на вртење на циклусот, трошејќи го претходно стекнатото.
Благодарение на воинственоста и војната како генератор на стравот религиите сеуште постојат. Нека не се плашат трговците и манипулатори со стравот, бидејќи никогаш нема да бидеме целосно независни од секоја закана и опасност, но наша должност пред идните генерации е да ги намалиме колку што можеме опасностите со кои тие ќе се соочат.
Има многу примери но еве двете светски војни. Англичани и американци протестанти, французи католици, во сојуз со политичко атеистичка, а народно-православна Русија против протестанти и католици Германци и Италијани, шинто Јапонци, православни Бугари и Румуни. Каде и како можеш да ја обвиниш верата за војна каде војуваат припадници на иста вероисповед едни против други?
Сфати дека си ги измешал лончињата.
Војните се дело на извитоперената страна на човечката природа. Тоа може да го поправа само Оној кој не создал.Војните ко војни но пред Дарвин војните во Европа имаа многу витешки поставености. Откако влезе Дарвин со неговиот егзистенцијализам има само омраза и желба за целосно истребување. Двете светски војни, се директна последица на Дарвин во умот на луѓето. Ако има верски војни, тоа се злоупотреби на верата за потребите на злото во луѓето.
Христијанството го држи расипаното во човекот и се обидува да го оплемени. Кога ќе се ослободи од врските на верата, тогаш ѕверот излегува на површина. Колку се намалува вербата на луѓето во постоење на светоста, во Бог, толку човештвото уште повеќе се коли.
Крајната цел е некогаш, нејасно колку далеку напред во времето да ја видиме односно осознаеме (доколку ја има, а да ја дефинираме доколку ја нема) на недвосмислен начин крајната цел.
Не ја согледуваш противречноста!? Како може да има попатно одедена, а крајна цел. Крајната цел е крајна, не може да биде привремено одредена. Ако биде однапред кажана како привремена тогаш таа не може да се нарече крајна. А ако ја имаш насоката тогаш ќе можеш да кажеш и каде одиш односно ќе знаеш нешто и тоа е сосема доволно за крајната цел. За верникот крајната цел е откриена дури и делумно вкусена.
Како атеист кажи до каде си видел во иднина која е крајната цел за човекот?
Освен ветувања друго и не може да даде. Не дека не сака туку не може, затоа што нема врска со вистината.
Повеќето од луѓето кои не веруваат провериле и не се увериле.
Баш ме интересира како ти си проверил и си се уверил дека Бог не одговора на искрениот повик?
Чувството на мир и блаженство може да се предизвика и со кажување на пријатна лага за да се намали чувството на страв во кое сте придонеле. Техника на големите измамници. Како сте сигурни дека во случајов не се работи токкму за тоа??
На ниво на разумот. Нема систематски недостаток. Има концепт кој е целосно одржлив. Тоа го може само вистинската идеологија, вистинското учење. На ниво на духот тоа е уште полесно. Внатрешната чистина на доживувањето на Господ и чистина на доживување на се што не поучил ни укажува дека се работи за вистина.
Пријатната лага е опиумот кој со моменталните залажувања ги заведува масите, подалеку од вистината, во лагата на ветеното постоење на Бог.
Извини што ти ја поправив реченицата, но вака е логички поисправна.
Стадото Божјо било и секогаш ќе биде мало но нашето морално влијание е силно. Маса се неверниците или маловерниците. Ние христијаните сме востаници на мало но непокорно востание на борците за духот, борците за верба во светоста, кренато од нашиот Водач пред 2000 години, а припремано од почетокот на светот. Сега сме во целосна дефанзива, и изгледа дека се распаѓаме. Но нашиот Водач е непобедлив.