Кајгана MTB/Cross Country клуб

  • Креатор на темата Креатор на темата Ficiani
  • Време на започнување Време на започнување
Може ли и мене да ме убаците некако во четот? Нема да сметам ветувам, само сакам во тек да сум што се случува, и ако сум слободен да се убацам во комбинација :)
 
Се разбира, пиши му ПП на Ficiani со Facebook профил.
 
Дечки, во сабота сабајле (околу 7 саат) излеа ќе правиме уште една тура. Идеме средно водно - од средно до врв со жичара - и се симињаме надоле по првата аматерска козја патека (ја знаеме која е) и после продолжуваме до доле по улица.

Има некој за?
 
Хм. Зошто толку рано ако не возиме до крст? Ако возиме до крст доаѓам.
Па не се брзаме пошто не сме нешто профи со кондиција. Башка со паузи, муабети, сликање по малце, заебанции ова она, одма проаѓа времето. Минатиот пат од 9 до 3 се задржавме. Сега поучени, да го избегнеме топлово, идеме порано. Договорот е во 7 пред универзална, али ќе ти потврдам до сабота.
 
Па ако тргнеме во 7 во 8 ќе бидеме горе ако не и покасно. Немаме кондиција инаку радо би се качиле до крст, али ако возиме редовно и тоа ќе биде понатаму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom