Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Груевски: Парите од социјалните придонеси од хонорарците се за повисоки основици на пензиите и поефикасно здравство.![]()
Џабе трошиш енергија да пишуваш, ние ништо неможеме да смениме.Скандалозна злоупотреба на Охридскиот договор. За 7 години 60 пати повеќе вработени во Секретаријатот за рамковен!
Објавено на 10 декември 2014, 13:35 од Габриела Делова во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Околу 650 лица годишно е просечната бројка на нови вработувања во Секретаријатот за рамковен договор. Во последните седум години откако постои Секретаријатот вработени се 4.550 административци. Од нив во моментот, една четвртина, односно 1200 незаконски седат дома и земаат плата. Со новите 150, најавени од самата институција, нераспределените лица ќе стигнат бројка од 1350. По некоја проста математика, секретаријатот незаконски храни исто толку лица колку што има вработени во една поголема фабрика во земјава.
***
Прашањето што се наметнува е какви проекти спроведува оваа битна владина институција кога со години буџетот се троши најмногу на плати и надоместоци!? Од вкупно планираните 11,8 милиони евра со предлог- буџетот за 2015 година, 11,7 милиони ќе се трошат на плати. Дополнително, секретаријатот ќе добие уште 10, 8 милиони евра за правична застапеност односно за нови вработувања, во услови кога 1.200 лица незаконски седат дома и земаат плата. На официјалната страна на Секретаријатот менито за реализирани проекти стои празно.
http://kapital.mk/skandalozna-zloup...veke-vraboteni-vo-sekretarijatot-za-ramkoven/
Не ми е јасно зошто да не се плаќаат одредени придонеси на приходи? Барем здравственото. Сите имаат право на здравствена заштита во јавното здравство, затоа сите треба и да го плаќаат придонесот за здравство. Како тоа.. да се плаќа ако си вработен, а да не се плаќа на хонорар? А здравствената услуга подеднакво да може да ја користат сите? Е па навистина не е фер.
За пензиското осигурување се сложувам дека е покомплицирано да се реализира преку хонорар, но тоа сепак влијае на пензијата.
Исто така, мислам дека не треба да се дозволи континуирана исплата на хонорари на лица од истата фирма каде што се вработени.
Плаќањето придонеси треба да биде исклучиво избор на поединецот, а не да се плаќа задолжително. На некој парите му се поважни сега, во моментов, отколку на 70 години. Што ако сакам да се лечам на приватно!? Што ако не ми треба пензија!? Мислам, кој кур да плаќам за нешто што нема и не сакам да го користам!?Не ми е јасно зошто да не се плаќаат одредени придонеси на приходи? Барем здравственото. Сите имаат право на здравствена заштита во јавното здравство, затоа сите треба и да го плаќаат придонесот за здравство. Како тоа.. да се плаќа ако си вработен, а да не се плаќа на хонорар? А здравствената услуга подеднакво да може да ја користат сите? Е па навистина не е фер.
Има многу примери во светот каде изборот е оставен на пациентот, ако може во многу држави тоа да функционира зошто да неможе и у Македонија?Ако е избор на поединецот, тоа значи промена целиот концепт. Дали РМ може да го поднесе тоа? Можеби и системот за набавка на лекови да колабира. Размислувам само, не констатирам. Ако фондот за здравство нема константен прилив (очекуван), како би се набавувале лекови. И како да се знае колку се потребни?
А ако некој зема 11,000 денари приход, па затоа да не плаќа придонес, а ако некој зема плата толку, да плаќа... пак нефер ситуација. Треба да се изедначуваат правата и обврските на граѓаните. Се сеќавам, Игор Џамбазов се жалеше дека со овој закон му поскапувал хонорарот за настап. Демек, ќе морал да ја дигне цената согласно продонесите. А нему хонорарот не му е месечно 11,000 ден. Секој сака само да користи, ама државата егзистира од даноци. Кој и да е на власт.
Ако треба да одлучи сам дали да плаќа или не... ЈАС ПРВ НЕ САКАМ НИШТО ДА ПЛАЌАМ. Ама можно ли е тоа?