Здраво!
Јас сум од 2012 година. Бев вратена на дополнителна проверка некаде почетокот на 2014 година, не се сеќавам на точната дата.Барав документи од дедовци, баби итн но не најдов ништо. Пишав дури и до Архивот во Велико Трново бидејќи дедовците служеле во Бугарската војска но немав доволно податоци за нив и ништо не можеа да најдат. Така да, се решив да пробам со документи од прв братучед. Документите ги дадов на посредниците во октомври 2014, кога ги однеле точно во Министерството не знам но цело време ме убедуваа дека ќе добијам државјанство. Пред отприлика 2 месеци ми се смени статусот од дополнителна проверка во задолжителна процедура за сега да прочитам дека молбата ми е уважена и дека чекам указ од Вицепрезидентот. Дали некој знае што е следниот чекор?
Поздрав!!!