jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Нов напад во Турција:
Двајца турски војници загинаа, а четворица се повредени при напад со автомобил-бомба врз нивниот конвој во југоисточниот дел на земјата, кој е населен главно со Курди.
Бомбата експлодирала додека војниците патувале кон округот Лице во покраината Сиарбакир, по што е започната голема операција за пронаоѓање на извршителите.
Нападот следел откако бунтовничката група Курдска работничка партија (ПКК) се закани дека повеќе нема да го почитува примирјето, кое се одржува од 2013 година, бидејќи Турција ги бомбардира нивните позиции во северниот дел на Ирак.
Се поставува прашањето дали Турција ги бомбардира позициите на ИД или позициите на ПКК во северен Ирак.
Што се случува на терен, тешко е да се пресуди, меѓутоа може да се каже дека ситуацијата е доста комплицирана и дека кулминацијата на поделеноста во муслиманскиот свет подсетува на периодот од првите крстоносни војни.